1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Знам дека се има зборено за исхрана кај мачки ама да си прашам.

    Мојава 1+ сака повеќе пати на ден да јаде, а препораки на интернет се 2 пати дневно што едноставно нема теоретска шанса кај неа.

    Ама, купуваме мокра храна од ДМ и доаѓа во едно такво ко паштета и пишува на пакувањето дека целото е еден оброк а се препорачува дневен внес два такви оброци.

    Она не јаде многу на оброк, и даваме 1/3 од мократа и многу малце мешаме од сува, и испаѓаат некаде 5 помали оброци на ден.

    Мислите океј е или претерано е?

    Вака на изглед не е дебела, ама не е ни слабичка, не сакам да ја доведам до некоја обезност затоа што плус домашна мачка во стан е ама ја играм често.
     
  2. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Според тоа колку и давате на еден оброк, количински испаѓа скоро исто. Таква навика си има стекнато мачето, а и велиш дека не е многу дебела.. колку кг е знаеш? Мојот е како бикче, има 6.5 кг :nod: два пати дневно му ставам храна ама не ја јаде наеднаш, си се враќа одвреме навреме.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци кога ја мерев имаше 4.5кг што е во нормала, ама сега може да е потешка, не знам. :D

    Мојава е разгалена и кога има храна што стоела макар 10 минути, пробува да го преврти тањирчето и не јаде, само свежо сака цц. :D
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Научи му го однесувањето на мачето, пред да изврши физиолошка потреба. И запази го времето по јадење/пиење за истото. Најчесто е мирисање по под, грепкање со шепите или вртење во круг. И во тој период ставај го во песок. Еднаш кога ќе успее во песок, после е многу полесно, пошо многу брзо учат.

    Мојава само ја ставив во кутијата и на искачање ја враќав неколку пати, додека не сфати шо треба да прави. Наредно сама си идеше, само ја следев првите ден, два, чисто да сум сигурна. И кога ќе заврши работа галење и многу пофалби.
     
  5. Vekiiii124

    Vekiiii124 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu resen e problemot probavme so sepite da kopame ispagase no go vrakavme nazad i uspeavme 2 pati go nosevme posle samoto po mirisot si odese. Sega veke znae se nauci.
     
  6. bitchy mood

    bitchy mood Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Здраво, си набавив ново маче пошо моето кое го имав 2 год исчезна, па сега ова е ново и цело време се крие, бега под кревет и сл претходното вака не правело, не знам како побрзо да го прилагодиме...
     
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.234
    Сака некој маче?

    20220618_113345.jpg
     
    На Волкот му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Ми треба мислење девојки.
    Вчера во 10 сабајле однесовме мачор на кастрација, возрасен 2 години. Кога го донесовме дома лежеше со отворени очи повеќето од времето, малку се движеше дезориентирано и паѓаше. Одбиваше храна и вода. Споро дише.
    Е утрово е се уште таков, го најдов на исто место како и кога си легнав. Некако не ни реагира кога ќе ме види, со очите е така чуден, полуотворени со големи зеници, како низ тебе да гледа.

    Да ми кажете искуства со кастрација ве молам, не можам да сфатам што е нормално а што не е.
    Се отепав од читање на интернет и уште не можам да најдам нешто вака слично.
    Презагрижена сум.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Што ти кажаа вчера на ветеринар, би имало потреба денес да го однесеш на контрола? Јас би го однела мачето чисто да го видат таму.
    Кога ја оперираа мојата мачка, следниот ден ја носев на контрола да ја ѕирнат раната и потоа преку два-три дена ја носевме за да ја следат додека не дојде време за вадење конци. Кај машките мачиња не знам точно како е, ама ако ти е шубе однеси го за да не се загрижуваш уште повеќе.

    Првиот ден после зафатот се такви, летаргични. Мојата вториот ден малку од малку се врати, ама уште беше малку зашеметена од анестезијата. Балансот ѝ се врати тек од третиот ден натака.
     
  10. savageu

    savageu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Здраво. Колку чини една ампула за мачка?
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    200-300 денари.
     
    На savageu му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    На колку време ставате ампули и апчиња за паразити?
    Ветеринарот ми рече да не давам секој месец веќе, доволно е 3-4 пати месечно, појака е ампулата.

    @Mantub од твое искуство, кога би ја носела ти? Еве кога има примено апче и ампула последно. Почеток на септември ми е за ревакцина, крајот на септември за беснило.
    IMG_20220704_162244.jpg IMG_20220704_162303.jpg
     
  13. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Зависи од возраст. За внатрешни паразити до 6 месеци, треба еднаш месечно, потоа секои 3 месеци прочистување. Ампула имаш што се става секој месец за 3 месеци и имаш бравекто (кај нас не знам дали и има), се става еднаш и штити 3 месеци. Ако не ја пушташ надвор не гледам потреба од постојано ставање ампули. Во спротивно би требало постојано да е заштитена од болви (и крлежи во редок случај).
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Колку често на строго домашна мачка треба да и се даваат таблети против глисти?
    И која вакцина се става еднаш годишно?
     
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @piglet1 домашна е целосно, 2 години е. И давав јас апче на месец, ама ми рече ветеринарот нема потреба повеќе, на 3-4 месеци да одиме. И сега не знам кога да ја носам, да не и дојде набрзо се наеднаш и вакцини и апче и ампула.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    На секои 3 месеци давам и за внатрешни и за надворешни паразити, нема зошто порано, дома седи цело време и никогаш не и давам живо месо, уствари ништо не и давам што јадеме ние, само купечка зрнеста храна јаде.
    Вакцините немаат интеракции со ампулите можеш и истиот ден да им и дадеш ако се погоди така, повеќе ветеринари сум прашала, се наеднаш му ставаат кога го носам.
    1 годишно против беснило, другата 3 валентна вакцина кај нас се дава еднаш годишно, во некои европски земји еднаш на 3 години, јас ја давам еднаш годишно.
     
    На kristina.k и Dentina им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mantub фала, крајот на јули тогаш ќе ја однесам за ампула, па по недела ако треба за апче.

    @Dentina и јас еднаш годишно против беснило и тривалентната.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    @kristina.k твојава всушност не е заштитена од крлеж?
    Како што памтам имаше глисти и ако е веќе заразена тогаш се лечи со таблети.
    После тоа кога ќе се исчисти и кога даваш само за превенција, само ампула (адвокат) брка работа.
    Јас апчиња не користам, прво давам адвокат за внатрешни и за надворешни (болва) после една недела ампула за крлеж.
    А ако даваш апче и адвокат, уствари со апчето и со адвокатот превенираш од внатрешни, и со адвокатот превенираш болва, ама нема заштита од крлеж.
    Не дека ќе фати крлеж од дома седење, ама ете да знаеш доколку сакаш да е заштитена.
    Е сега ако даваш апче и ампула најобична, не мораш да земаш адвокат, можеш и поефтините, јас земам адвокат пошто не можам никако да дадам апче, невозможно е.
    Болви ми фатила, иако е само дома, или јас сум донесла или од тераса.
    Адвокатот е супер за тоа.
    А крлеж не ми фатила досега, домашни мачки немаат гајле од крлеж.
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mantub грешка моја, значи треба ампула обична за крлеж и адвокат за паразити и доволно е. Да, тогаш и даде апче зошто имаше фатено, ама нема ништо од тогаш, значи нема потреба од апче. А јас и давав апчиња редовно, ама ете или си ги плукала или ги одбираше во храна ко ќе ставев, помала доза примаше. Можам и сама тогаш, да не ја малтретирам на ветеринар за ампулите. Колку е адвокат во продажба, ќе ја најдам да ја купам сама? На ветеринар 800 ми ја наплати, плус за аплицирање 100.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да, така, една за крлеж и адвокатот за се друго.
    Јас баш затоа не давам апче, или ќе го плукне или ќе го поврати и поризично е така.
    Ампулите сама ги ставаш, адвокатот јас го земам од кај ветеринарот околу 600 денари е, ама па и кога и ја ставал тој не ми наплаќал 100ка само за апликација, малку многу ми изгледа тоа :^)
    Прашај го на колку време да се разделечени двете ампули, јас сум прашала 1 недела ми било кажано за едната ампула да излезе од системот па после може да се даде другата, ама ете потврди уште еднаш со твојот доктор, зависи од килажата, од возраста, расата и слично, ама ако користиш адвокат плус обична ампула за крлеж, не ти треба апче, особено ако не си сигурна дека го испила или го плукнала или пола го плукнала, вака со ампулите е многу посигурно.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.