Дали е нормално мачево после прва вакцина не јаде ништо ни вода пие? Вчера ја прими и еве го и денес ни јаде ни пие вода.
Ненадејно ослепе на едното око, сиво-сино му е Само спие. Утре одиме на ветеринар да не знаете вие можеби од што е?
Здраво, дали може некој да ми каже прв преглед кај ветеринар за мало маче колку чини, и исто дали некој знае чип да се стави колку чини? Благодарам
Здраво. Имам мачор, 1година и 4 месеци стар, кој денес е кастриран. Доста хиперактивно маче кое не знае да стои на едно место. Се труди да стане и да оди и некако му успева, но паѓа честопати. Само вода му дадов и лизна од истата неколку пати. Ве молам за совети, дали треба некој посебен третман и на што треба да се внимава. Благодарам.
Мачката моја, година и нешто стара, сабајле најнормално јадеше и легна да спие. Се разбуди и во рок од 5 минути поврати 3-4 пати. Веднаш ја однесовме на ветеринар, има малце температура, и дадоа антибиотик. Сега спие и ветеринарот рече ако и е подобро да ја однесеме пак утре за антибиотик, ако не за да проверат крв. Некој слично искуство? Куќна мачка е, единствено сега што премислувам е што излегува на тераса, а пред неколку дена прскавме против мравки во едно ќоше, ама ставивме пластично за да не се мотка таму.
Пак ми поврати мачката, нема ни недела дена откако завршивме со антибиотиците. Дали има некој некаков совет од што може да биде? Како да знам дали се паразити, како се проверува тоа? Јадеше после повраќање и заспа, сега стомакот и прави гласни звуци. Звучат ко нормално за стомак (црева), но никогаш немам приметено до сега. Ко нешто да ја мачи во стомакот. Дали да ја менуваме храната односно марката со која ја храниме? Само да не повраќа пак. Се надевам дека се влакна.
Можно е на мачката да не и одговара храната која што ја јаде. Провери го исметот, мислам дека ако е црн и течен не и одговара храна. Во секој случај консултирај се со ветенинар.
Zdravo Maceto e 5 mesecno go cuvame vo stan pretezno mu davame suva hrana da jade eve sega ovie 3 dena nitu jade nitu pie voda se obiduvame so soprugot tecnosti kako mleko jogurt no jade mnogu malku ne e lezi celo vreme veselo e mu dadov apce za glisti ova 2 vtor pat od koga go procistuvame. Ve molam ako ste se soocile so vakov problem so vasite milenici spodelete. Inace momentalno ne sum vo moznost da go nosam na vet. Vi Blagodaram
Пак јас. Мојата мачка веќе трета недела повраќа по еднаш неделно, но очигледно ми е дека нема здравствен проблем туку или пребрзо јаде одеднаш или не и одговара храната. Ми треба препорака за мокра храна, на Whiskas не ги сака, од ДМ сега што јаде од тие како паковање за паштети ова се случува. Имате ли предлог за некоја трета квалитетна опција?
Јас имав мачор кој се прејадуваше и често повраќаше. Можиш да и ја смениш храната и количински помалку да и даваш.
Bev na Veterinar da se dopitam i da mi dadat sovet sto da mu dadam protiv tecna stolica i povrakanje. Mi dadoa Pro Plan i Hydro pet sto mislite dali od ovaa terapija ke mu pomine ili zaludno
Мојата мачка од премногу чешање си направила ранички на главата на една страна. Домашна мачка е, не верувам дека има болви. Што да проверам да видам од што ја чеша?
И моето маче силно го чеша ушето си мислеш сака да го скине...истото го праве и кога ќе му го допрам ушенцето. Проверив нема ништо. Не знам од што би можело да го чеша.
Тоа што е домашна мачка не значи дека не може да има болви. И домашните мачки треба редовно да се третираат против болви. Доколку не сте ја третирале многу веројатно ги има.
Ми звучи како ушна шуга. Како и да е, невозможно е да нема ништо а да се чеша и да реагира на допир. Добро би било да го ѕирне ветеринар.
Ear mites или ушни грини/шуга. Однеси го на ветеринар на отомикроскопски преглед, сѐ со цел да ти дадат точна дијагноза. Ќе треба редовно чистење на ушите и аплицирање двапати дневно acarexx или производ препорачан од ветеринарот.
Болви фатила мачката, ми се стемни кога ја приметив. Еднаш ќе задоцнам со ампулата и ете ти беља. Воопшто не излегува надвор, така да, сигурно ние сме ги донеле и ме утепа помислата дека си ја вошлосав мачката. Одма ставив ампула, ама ете криво ми е што се деси вака. Прв пат фаќа болви, не знам како да ја исчистам од оние каките што остануваат низ крзното. Нема многу ама смотле ми е, на некои места шанси нема да се фати сама, а влакното долго ѝ е, ич не помага со гадостиве. Да ја чешлам? Психички се спремам викендов да исперам сè кај што ми се туткала, ќе си пукнам.