@Mishela ги провери цвеќињата? Може и од тоа да е. Можам да замислам како ти е ,мојата еднаш фати. Падна од тераса и преноќила надвор, кога ја најдовме сабајлето полна беше.
Моментално дома имам само еден тажен сукулент од зеленилава и толку. Ништо не ми остана читаво од барабава, морав сите да си ги прелоцирам на работа. Надвор иста песна, ниту остана читаво цвеќе, ниту пак ја пуштам веќе после обидите да се фрли од балкон. Малку ми фали да ја потиснам да ја зачешлам со Nisska чешелот да види кај се раѓа лебот. Како и да е жива напаст, нерви искинав од чистење и бришење и од бркање гомциња. Не е возможно да стасаат прстите до болвата, не па да ја фати човек во толкаво крзно. Грозно, ќе почнам да си запишувам кога ќе ѝ биде време за нова ампула зашто ова по втор пат не би сакала да го минувам.
Те разбирам, Јас неколку години по ред само саксии на ограда имам надвор, тие не може да ги дофати, фала богу. А дома, не можев цвеќе да завртам, сегде се качува, копа по нив, ги пасе и слично. Е сега со мојата се случи една несреќа, падна од балкон повторно, ама ваква голема и многу лошо ги скрѓи двете задни нозе. И правев операција, сега е супер, после 4 месеци. Шо сакав да кажам, дека белки и дојде ум у глава, не се качува веќе, не е толку бесна и затоа неделава купив нови собни цвеќиња. Ги има приметено, ги мириса, троа делчиња од папратот најдов изџвакани ама не е тоа-тоа што беше. Луди се мачките, ама без нив е досадно.
Уф, среќа што добро завршило на крај. Мене вакви некои слични ситуации со мачки од блиско окружување ме натераа да си стојам на тоа дека нема да ја пуштам надвор. На високо сме, а одма се беси по огради, по клима...и да сака човек не може да ѝ верува, па нека си гледа cat TV од прозор.
Што значи кога мачката додека се гали ме масира со шепите буквално? Првата не го правеше тоа воопшто, сега мачоров додека ми лежи во скут обожава да ме масира на стомак и на раце и тоа само мене и никој друг од домашните.
Мачките во природата го прават ова на трева, а дома на кебе или стомак. Значи дека го спремаат местото за спиење, а исто и од љубов. Најслатко нешто на свет.
Ич не се разбирам во мачки, ова ми е второ во животот, првата ја имав кратко. Ме интересираше дека само мене ми го прави тоа, навистина е интересно и многу сме поврзани.
Здраво. Имам мачка 2 год стара, маче 5 6 месеци и уште 3 мачиња скоро 2 месеци. Почнаа да имаат болви. До сега ги немам капено, а и немам ставано ништо за болви, па да ми предложите нешто што можам да им ставам.
Најделотворниот и најбезбеден начин и за вас и за мачките е третман со ампули за таа намена. Ги има кај сите ветеринари, каде можат и да ви објаснат како да им ги ставите на поголемите мачиња (надворешно). Мачињата што немаат ни два месеци сигурно немаат доволно килажа за БИЛО КАКОВ ТРЕТМАН против болви. Доколку немате искуство досега со третмани против болви, најдобро би било да консултирате ветеринар пред било што да преземете.
Прочитав негде дека постојат спрејови кои ги одвраќаат мачките да ги грицкаат цвеќињата. Треба да ги внесам салонските цвеќиња од тераса, ама знам дека ќе бидат парчосани од мачорот, како зимото што беа. Прашањето ми е, дали има кај нас вакви спрејови за цвеќиња, и каде може да се најдат?
Дека постојат спрејови конкретно за растенија не сум чула. Ама знам дека постојат анти-скречинг спрејови чија цел е да одбиваат мачки од мебел да не го оштетуваат и сл. Јас имам купено ваков спреј од Луна пет шоп со цел да ја прскам елката за НГ да не ја растураат. Не функционираше. Можеби првиот-вториот пат кога напрскав се мрштеа и се тргаа од елката, после неколку часа пак се пикаа во неа. А бидејќи спрејовите се на база на етерични масла цел стан го замирисав и после некој ден почна и да ми смета миризбата. За цвеќиња исто имам пробано да капнам етерично масло во земјата (имам прочитано на интернет за ова), исто не функционираше. Што и да сум пробала, наоѓале начин да копаат по земјата, да ги гризаат цвеќињата па и да ги превртат. Ме победија, растенија чувам само кајшто немаат пристап Морам да спомнам за цвеќињата дека треба да се провери за секое да не е отровно за мачки. На пример јас не знаев дека кринови се екстремно отровни за мачки, алое вера, бенџамин и други.. Sorry за книгава што ја напишав
Џабе фрлени пари се спрејовите но како што кажа @Anika55 ги има само за да не гребат. За гребање само гребалка тоа е решението. За цвеќињата нема спас мачињата јадат трева и може да грицка. Едиствено за да не копа во земјата ставете каменчиња најгоре покрупни .
Јас се збогував со сите цвеќиња и растенија еден куп сукуленти имав, кај и да ги ставев ги наоѓаше, повеќе штета од качување за да ги стигне ми направи. Уште некој кактус чувам, нив не ги гиба.
Вчера си купив ново цвеќе, сабајлево цело беше изгрицкано. Имам од тие спрејовите што се за да не гребат, моево маче се одвикна. Но се мислам дали ако прснам на цвеќињава ќе ги оштетам?
Забележав дека мачорот има запек. Дали некој знае некој лек да му помогнам. Понеделник ќе го однесам на ветеринар, ама би сакала ако некој имал исто искуство со мачор да сподели како му помогнал.
Давај му по малку јогуртче, убаво им делува на стомакот. Можеш и почесто да му даваш течна храна, но со јогуртот мислам дека ќе му се среди запекот.
Кравјо млеко не, може глисти да им направи. Козјо може, а јогурт секаков зашто им делува како пробиотик со добрите бактерии за цревата. На мојата и давам Баланс ама повеќе некако го сака Бучен Козјак.