1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Мачоров ми е ептен љубопитен.
    Секогаш ѕирка кај комшиите, на оградата се исправа на две нозе и снима се со очите, камера и оговарач го викам:rofl: ептен е смешен:D
     
    На Milobebence, frozen666, Pacifist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Како од опсерваторија набљудуваат...Сакаат се да им биде како на дланка под контрола...Златни се:)
     
    На cresa-jagoda, Milobebence и Rama им се допаѓа ова.
  3. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Каде има ефтини креветчиња за мачиња се што наоѓам е над 1.000
     
  4. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со дијареа кај мало маченце од скоро 6 месеци ?

    Три дена има пролив, 2 пати има повратено. Денес ветеринарот ни даде пробиотик кој треба да го пие 3 дена. Одбива јадење. Вчера беше подобар малку јадеше, денес ништо. Ослабен е .

    Душа ми се кине кога го гледам свиткано и само спие.
     
  5. Vekiiii124

    Vekiiii124 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Zdravo edno prasanje
    Cuvam mace vo stan ne mi pravi mnogu nered po doma. Koga mu go menjam pesokot 1 nedelno se razbira go cistam redovno postojano e vlazen pesokot i se pravi kako kal probav nekolku vida na pesoci no isto. Koga go menjam i mijam plasticniot sad sekogas gledam ubavo da se isusi.
     
  6. Karm3en

    Karm3en Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Пред неколку часа најдов маче, мислам дека е удрено од кола едното окце за жал му го нема, задните нози му се повредени и неможе да оди го зедов кај мене па утре ке го носам на ветеринар. Моментално не сака да јаде му дадов малку млекце со шприц па да ве прашам дали постои некој начин како да го натерам барем малку да јаде?
     
  7. Coece

    Coece Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    65
    Nie ja koristime ovaa pesok i sme prezadovolni..400 den e

    IMG_20221023_024329.jpg
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Дали некој друг го има следниот проблем.
    Имам мачор, кастриран е. Стар е една година, има една мааана секоја вечер буквално се утепува од мјаукање на влезна врата.
    Го чувам во стан и никогаш не бил надвор.
    Не знам дали сака да се пари или што е проблемот, но Ве молам за совет доколку има некој слично искуство.
     
  9. frozen666

    frozen666 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Што е со периодов бе луѓе, јаде мојов по 15 пати на ден.
    Храна за мачки тук таму, друго морам. Ама јаде машки хаха неможам да го отерасам.
    Уште не е ладно толку ама напнува.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    И мојот сака да јаде многу. Трипати на ден го хранам, ама буквално постојано бара, мјаучи и ми се плетка низ нозе, не му давам постојано да јаде, доста му е трипати, башка и си грицнува помеѓу оброци што си лови инсекти низ двор:rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Машки
    Дали обележува територија?
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не.
     
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Која цена е да се извади пасош за маче?
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам колку точно платив лани, ама не беше повеќе од 200 ден. Вакцината против беснило (ќе мора мачето да ја прими) мислам околу 600 ден. беше, така нешто.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TinaPi

    TinaPi Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Храната е расипана (без потребните нутриенти и витамини) и не го најадува. За жал со години чувам мачки и никогаш сум немала проблем. Во последно време храната е катастрофа. Човек што ја увезува и ми ја носи, вели дека има последниве 2-3 месеци има многу поплаки, па и тој незнае што да каже.

    Јас Овие 3 месеци сум во хаос. Незнам и јас што би давала. За да ги најадам им купувам пилешки копани и комбинирам со храна.

    Мачката си е во ред. И не е дека бара повеќе да јаде, туку квалитетот на храната која се продава во моментов кај нас е хаос.
    И ве молам немојте со тие храни од 100 денари кило. Во оваа инфлација и поскапувања 100 денари храна ви се фрлени пари. Мачката нема да биде најдена.

    Јас веќе под 340 денари за кг, не гледам храна искрено. Свесна сум дека ќе биде лоша.

    Затоа јас би ве советувала да ги применувате овие 2 работи !!!!


    1. Никако не купувајте храна под 340 ден за кг.
    2. ако имате можност додадете по малку пил. крилца.
    Така сигурно ќе биде најадено.
    ( за едно маче, одприлика едно пакување од 800гр ќе ви трае околу 10 дена и чинат околу 200 денари т.е 20 денари од ден)

    Овој совет го добив од Мачкари.МК страната на фејсбук и стварно сум задоволна.
    Комбинирано давам малку храна и малку пилешки крилца. Реално трошокот не е многу зголемен, но има малку зафрканции, но во ова време кога реално се испорасипани храните, ова е единствена можност.
     
  16. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    2.883
    Пол:
    Женски
    Прибирам и чувам мачиња цел живот, а ова сега ми е втора домашна мачка. Маче-ѓавол:D. Јас до сега немам сретнато толку хиперактивно маче, ми го преобрна цел стан. “3-3ипол месеци е. Се што постои го греба, гризе.. трча како лудо ноколу брзо како струја, сака нонстоп да јаде буквално било што(ама не му давам, освен мачешка храна). Се што постои во станот, по масата или по рафтови обавезно го турка или крши. Цвекињата се опустошени. Опасна штета прави ми се иде да го тужам :rofl:. Краде храна од масата.. Нападно е и премногу и силно гризе и гребе, не се разбира ни од викање ни од казна ни од ништо, пробав повеќе методи. И да го турнеш пак се враќа и напаѓа, мислејки си дека тоа е играње(само за него). Рацете ми се искасапени.. Скока како некој спајдермен на секаде, паѓа се удира и ништо не ја боли. Не сака да се гали како сите мачиња туку штом пуштам рака ја зграпчува и одма гризе и гребе, турка со нозете. Ептен е игриво и нонстоп ги следи рацете и се што се движи. Не знае за замор. Не знам до што е, сакам да се смири но не оди, што можам да направам? Некои суплементи или специјална храна? Во нашите петшопови немам сретнато нешто такво освен анти стрес пудрата(сув шампон) за мачки. Ни тоа не помогна. Едино кога му се спие е по мирно и се гали, а тоа се "светите 5 минути". :whew::worried:
    mm.jpg
    Сликата е од пред околу 2 недели, сега е подпорасната.
     
    Последна измена: 15 ноември 2022
    На Miss666, cresa-jagoda, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Мачето што го имав лани не мјаукаше, беше паметно, најдено фрлено мало, од првиот ден знаеше каде му е јадењето, каде да спие, каде да ги врши потребите. Ова сега мјаука, се прави како пто не треба, обратно од тоа. Вода не пие цел ден. Како да се научи на хигиенски навики, главниот непријатен проблем???
     
  18. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ама е мило:)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски

    Мислам дека сите мачиња што вака изгледаат се со сите овие карактеристики.
    Ќе почнам да се сомневам дека таква им е расата

    Иначе не му дозволувај да си игра со рацете, уште е мало и учи.
    Нека игра со други играчки, ако го навикнеш вака и кога ќе порасне исто ќе гребе.

    За да не ти гребе по мебел, земи испрскај од тој спрејот против гребење, го имаш во пет шоповите :) имаш упатство како се користи, кај мене имаше ефект.
     
    На cresa-jagoda и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  20. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    2.883
    Пол:
    Женски

    Пробав со спрејот, има и еден куп играчки, го ставив под казна на игнорирање е за да не си игра со раце и да се одвикне од гризење и пак не му доаѓа паметот. И претходната мачка ми беше иста, сега е голема. Ама не беше таква ретардирана како таа сега. Штетник без грам мозок.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.