1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. TiiJasZasekogas

    TiiJasZasekogas Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена некој ми оставил мало маченце пред врата.. Нормално си го земавме дома. Го оставив да се навикне на новиот дом без да има стрес. Е сега… мачето полно со болви Купивме шампон го избањав и исто му ставив ампула Scorvet Forte за мачки. Дома некако ќе исчистиме со мајка ми.
    Моето прашање е дали болвите умираат од ампулата? Ако не, кој е следниот чекор? И како поефикасно да ги исчистиме собите и домот? ви благодарам однапред на сите
     
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски
    За низ домот неопитроид прашок, не е штетен за мачиња да си знаеш, и да истресете, преперете се
    Кај мачето и од бањање со шампон за болви би требало да ги снема
     
    На TiiJasZasekogas му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TiiJasZasekogas

    TiiJasZasekogas Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    vi blagodaram!
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Со што е најдобро да се хранат мачиња (машко и женско) чувани строго во домашни услови, стари 8 месеци? Јадат влажна храна (whiskas) конзерви навечер, а наутро им се дава сува, дали whiskas, некогаш и kitekat, последниов пат суви крокети на teo....што најдам во маркет - тоа. Мачорот јаде додуша сѐ, многу е лаком, ама женското маче е ептен пребирливо и количински малку јаде. Сака конзерви, ама сува храна ми одбива, со сила јаде, ќе помириса, ќе стави малку во уста и толку. Што би било најдобро да им се дава? Треба ли да се вметне нешто друго во исхраната или да се смени? Стерилизирани се и двете инаку.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.221
    Допаѓања:
    162.775
    Пол:
    Женски
    Течна храна е во секој случај подобра али ако се навикни на неа можи да ти одбива сува. :D Јас земав Мито претходно на препорака на вет и бев задоволна искрено, мачорот ја обожаваше. Storebrought брендој му праеја проблеми со дигестија, како и одредени храни во пет шоп. Сега та шо ја јади е специјализирана за маката шо имаше, и течна му давам 1-2 неделно, доволно да го разгалам малку, ама не доволно за да почни да ми одбива сувата. :rofl: Моментално Пурина користам па ѕирни ова, сигурно има и места со рефус: https://www.petland.mk/mk/proizvod/hrana-za-macki-purina-cat-chow-special-care-sterilzed а ова ја користев претходно: http://www.manopetvet.com/product/mito-adult-cat-пилешко-1кг15-кг-150ден-1800-ден/


    Дур сум на темата, дали некој има користено catnip спреј? Дали смеам да прснам во воздух ако е анксиозен? Колку пати неделно смеам да користам? Дали спреј или сув catnip е поефикасен? Моментално имам спреј али шојмало ќе нарачам од Луна и сув.
     
    Последна измена: 11 декември 2022
    На Девојка999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Да, можеш, иако не знам дали и колку ќе ти помогне. Не мислам дека има ограничувања во однос колку пати да се користи. Сум пробала и спреј и сув, сувиот поефикасно ми делува, барем мене. Спрејот ништо не им праи на моиве, дури и Catnip infused bubbles му купив и само ги гледаат балончињата, многу ретко ги пукаат.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.221
    Допаѓања:
    162.775
    Пол:
    Женски
    И јас не сум вау задоволна од спрејов да бидам искрена ама некни се уплаши пак и распрскав и изненадно се подсмири. Да си комплетирам листата за нарачки и ќе земам сув. Сакам и топче со масло од catnip да му земам. Таман се шо можи од ќетнип да има едно тестирање. :D

    Постоп е многу плашлив и анксиозен. И претходно си беше плашлив ама после операцијата ептен му се изрази. И докторката вика ќе му треба време да се стабилизира ама се мрднувам од грижа.
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    :sweat:
    И јас имав скоро со сите мачори ист проблем, со струвити, блокирање, а со еден од нив до катетеризација стигнавме, една недела во болница беше… Страшно. Пред сѐ, најчестата причина е стрес, кај мене сакаше да се пари многу, затоа чекавме месец дена после опструкцијата, па го кастриравме. Искрено не знам колку ефект има кетнипов, имам пробано и од оние калминг спот он (мислам дека има и ремчиња), делува еден месец. Како најефективен ‘calming’ продукт е фален Feliway, плаг ин е, се става во штекер и има како шишенце со течност, а има и различни линии (феливеј оптимум, феливеј френдс, а и спрејче имаат (fingers)). Ќе споделам и слика за да имаш претстава за што зборувам. Јас го имам, ама уште го немам пробано, ќе споделам пак откако ќе го пробам. Е сега единствена мана е што не знам дали го има кај нас во Маќедонијата. :sweat:
    *Јас класик земав, иако можеби френдс или оптимум ќе беше подобро, зашто повеќе мачки се, ама некои беа недостапни, само refill шишенцето беше достапно. 2B03A87B-0221-4104-BB21-447E9E3C270F.jpeg
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.221
    Допаѓања:
    162.775
    Пол:
    Женски
    Фала!

    Јас пролетта го кастрирав и многу лесно поминавме тогаш. Сабајле го однесов, вечерта свеж и без мадиња ми го вратија. :D Ама со блокажата ептен мачно. Не можеше одма катетар, мораше прво да му испразнат бешика, па после катетар. Оти сега јади само уринарна, почна да прај hairballs, па сега и за то паста му давам. Накратко, стварно му се трауматични последни два месеци. И бихевиорално после операцијата многу ми се смена. И мислам, нормално.

    Инаку и да нема мкд нешто наоѓам шојма шипинг кај нас и нарачвам. Најмалку оставам граници да ми се пречка. :D
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Нема за што. А зошто јаде уринарна храна? Сува или? Исто така, дали ти е препишана како лајфтајм диета или? И мене ми беше препорачана, ама јас ич не се согласувам со ветеринари за ваква исхрана. Што беше причината за опструкција?
     
    На Mantub и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.221
    Допаѓања:
    162.775
    Пол:
    Женски
    И сува и течна уринарна. Први неколку месеци исклучиво то треба да јади ради ризикот за повторвање, после ќе можи и друго, накратко докторите си го пратат и полека олабавуват. За опструкцијата стварно не знам. Уште враќам филм и одгатнувам. Тој имаше проблем со water intake, зато и му земав сега фонтана. То ми е "најлогична" причина. Домашно маче било ризик фактор и плашливо. Не мислам дека пред операцијата беше под стрес tho. Дури и други мачки има вон домот, внатре нема други животни па да се осеќал територијално или загрозено. Имаше еден лајнарник, сега се водам по принцип +1 лајнарник од број на мачки. Али и генерално кастрирани мачори исто било ризик фактор. Така да и се и ништо во исто време.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зошто не се сложуваш за уринарната исхрана?
    И мене ми препорачуваат таква цело време ветеринарите (кастриран е), а по интернет читам дека нема многу врска, ама немам убаво исчитано што е разликата.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ај кога ќе изнатестираш све, пиши кој продукт најмногу го бива за смирување.
    Мене ми треба за во авион :| не знам тоа како ќе го изведам, само дома е, борби имаме за до на ветеринар, а не па по авиони, а не смеам да давам седатив.
    Или ако имате некоја друга идеја.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.221
    Допаѓања:
    162.775
    Пол:
    Женски
    Со среќа. :sweat: Денес ќе напрам нарачката за сувата и играчето. Следна недела ќе те означам. Ама имај на ум јас сепак дома ќе пробвам. :|
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  15. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски

    Прво и најважно зашто е сува храна, со еден куп адитиви и јагленохидрати, кои воопшто не се од помош кога станува збор за уринарно здравје. Второ, ветеринарите не се нутриционисти, ако има уринарен проблем од недоволна хидратација, тогаш како сувата храна (којашто не нуди апсолутно никаква хидрататција) би помогнала? Тие ја препорачуваат оваа храна зашто содржи повеќе содиум и ќе ги тера мачките да пијат повеќе вода, но колку од нив ќе пијат?! Не знаеме. Сувата храна иако кај некои мачки може во прво време да ги разгради струвитите, поради адитивите за закиселување на урината, со текот на времето може да предизвика создавање на оксалати. Оксалатите се многу тешко решлив проблем, невозможно е да се разградат со исхрана, и се отсрануваат само со оперативен зафат. Додатно, сувата храна порано или подоцна ќе доведе до хронично бубрежно заболување, но и ред други нималку наивни здравствени проблеми. Зошто да ризикувате? Храна со многу јагленохидрати или растителен материјал ја алкализираат урината, зголемувајќи ја pH вредноста. Храна со адитиви за закиселување на урина или додаток на витамин C или лимонска киселина, може опасно да ја намали pH на урината. Многу брендови на суви храни, поради неизбежното огромно количество на растителен материјал и јаглехидрати, во составот вклучуваат адитиви за закиселување на урината. Се со цел да го намалат или неутрализираат ефектот на алкализирање. Но ваквите адитиви на долг рок, можат да ја закиселат урината до опасно ниво. Па колку е ова ефективна метода сведочи епидемијата од уринарни кристали кај млади мачки… Колку и да ја препорачуваат ветеринарите, уринарна храна не се дава ниту превентивно, ниту за одржување. Уринарната храна е храна со ужасно низок квалитет, како останатите медицински специјализирани храни. Единствено е корисна во кризни ситуации, ако мачето има премногу камчиња во бешиката, за да ги стопи. Ама и тогаш има многу подобри опции. Сувата храна, каква и да е е многу штетна за мачките ако се хранат исклучиво на неа, бидејќи и недостасува вода.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Дали навистина има влијание бојата на карактерот на мачката?
    На пример имам слушнато за жолтите дека се нервозни и афресивни, тигрести(сиви) дека се многу мили, паметни и сакаат да се галат и сл.
     
  17. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    57.154
    Пол:
    Женски
    Нема врска. Сум имала буквално од сите бои :)
    Ама ако сакаш да веруваш ондак може да се најдат сличности, нешто ко хороскоп :)

    Едит: Моментално имам два џинџери со дијаметрално спротивен карактер
     
    Последна измена: 24 декември 2022
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.871
    Пол:
    Женски
    Не, баш обратно е.
    Сивите се подиви. :D
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство со мачки.
    Јас имам сива- тигреста и ми е прва мачка која ја чувам и е најмило створење што постои, па мислев има вистина, а и интересно ми беше.
    Видов дека имаш црна, прекрасна е, мене ептен ми е мерак да чувам црна, да се убедиме со мм и ќе земам обавезно :D
     
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    57.154
    Пол:
    Женски
    За жал, го немам веќе црното мачорче (Локи) :(
    Сликите се само драг спомен.

    И мене црни мачиња ми се посебна слабост, не само зашто се отфрлени и многу луѓе ги тепаат и мразат, туку стварно се преубави. И кај нас беше слична ситуација за второ маче. Ама откако го земавме, незамисливо ни е да имаме само едно. Кога умре Локи, сопругот беше тој што сакаше да земеме второ маче, а мене ми требаше време да заздравам малце од загубата.
     
    Последна измена: 24 декември 2022
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.