Здраво. Имам 4 мачиња дома ,мајката со трите мачиња само што сеа пораснаа и они имаат по една годинка. Вчера го стерилизиравме едното од мачињата. Сите ке ги стерилизираме но едно по едно да се опорави прво ова што го стерилизиравме вчера. Но заебележувам дека како го донесовме дома од ветеринар другиве две мачиња се многу исплашени,бегаат од него дури едново маче се накостреши целото почна да му ржи од страв не знам зошто. А мајката која е исто стерилизирана уште пред неколку медеци де понаша нормално со него без страв. Ако може да ми кажете мислење можеби некој имал ваква слична ситуација
Нормално е, им мириса поинаку. Секогаш кога го носам едното на ветеринар, после дома другото му р'жи и го брка. Им поминува обично за еден ден.
Дајбоже се загрижив еве и денес другите мачиња најнормално се понашаат само едново маче цело време го напаѓа го брка. Не знам дали можеби се осека доминантен пошо е машко и сеуште не е стерилизиран.Рековме ако продолжи вака во понеделник одма и него на стерилизација
Искуство со шишање на мачки? Да подобјаснам, имам мачор кој го кастриравме летоска и ептен се збуцка. Јаде специјална ветеринарна храна, на диета е ама џабе. Збуцкан е ко топче, а има подолги влакна и позади кај газот и опашката приметив му се замрсиле. Да го чешлаш не дава, го кубе изгледа и не сакам да го мачам. Па сакам да го шишнам, знам дека ќе полуди па ме интересира искуства со шишање на мачки. Дали можеби дијазепам малце да му дадам за да не настрадаме и двајцата во искуствово.
Можеби треба да го однесеш да го шишаат. Знам дека кај Буњаковец имаше едни шишаа скотиш фолд. Можеш и по другиве да прашаш даи шишаат.
Мене едниот ми е со подолго крзно, со ножички оние за нокти што се го шишнувам, ама он нема поима Низ галење, кога ќе задреме. Со лева галам, со десна шишам Е не му е нешто преубав газот, ама тоа е За нокти сечење исто ги чекам позаспани, макар се будат дур исечам па малце со драми е.
Не ли ти е страв да не го сецнеш со ножички такви? Се плашам да не го повредам некако со ножички. Ама паметна идеја е така без да примети некако да го рашишам.. само ептен тутките му се до кожа Се мислам и за таква опција само он не е многу мирен мачор искрено. На ветеринар обична рутинска ампула е борба и мачење со него...
Пред некој ден седев со пријатели и падна муабет за храна за мачки. Буквално никој не кажа ниту еден убав збор за whiskas, а знам дека у Македонија мајка ми на мачоров му купува само таква и ја јаде со години веќе. Дали има и некој друг со негативни искуства? На интернет ако почнам да гуглам ќе треба ваљда да мислиме кај ќе го закопуваме.. затоа прашувам овде.
Мојот само на фрискис ја јаде сувата храна и пунчовите. Ниедна друга храна не ја сака од најскапа до најефтина се испробано. Вискас не ги сака пунчовите дека имаат мн течност внатре.
Па не, зашто е искомиран кога го сецкам Иначе и тој се опира, нејќе да се чешла. Трпение само и полека Постариот мачор сам се чеша од мојата четка за да го чешлам и за нокти сечење седи мирен, како на маникир да е. Малово е зае*ано, па го чекам да се успие еднаш. А ако ни така не бива, еден нека го фати за врат (како мајка им што ги носи) и ќе седи мирен. Жално е вака и изгледа сурово; ама не ги боли, не дека уживаат ама не претаат. Мене ветеринарот ми покажа како; сега по потреба кога сакам да го проверам малово нешто, а не дава, така го фаќам и се смирува. Избегнувам, ама кога е мутав и не дава...
Прво немој да биде само на сува храна. Ако јаде и други работи сврти го на сирово месо и влажна храна. Подели ја храната во оброци нека не биде на free food , туку максимум на три оброци. За шишање инаку за газот обично еден од нас му дава да јаде другиот го чешла цел и го шиша газот со обични ножици. По два три пати така го врза чешлањето со храна и почна да ужива во тоа. Инаку можеш на грооминг да го носиш скоро секаде, ама прашувај дали им даваат седативи ако шишаат мачки.
Ќе пробам вака, па ќе пишам како сме преживеале. Луто маче е за вакви работи, не дава да го чепкаш да го пипкаш, одма се тепа. Апче давање е хорор. Битно да успеам да му ги шишнам тоа тутките, вака верувам дека го скубат. Ама кога е буцко и не е најпедантен, тоа е. Нема друго чаре освен да се шишне. Ова за сувава храна јас ново го дознав месецов и го префрливме на мокра. Неговава ветеринарка е толку против влажна храна, а сум ја прашувала што е подобро и одговор добивав "како мекдоналдс да јаде е тоа влажната, сува е подобра". И јас верував сепак таа е докторот и таа би требало да знае повеќе. А чудно беше дека јадеше сува за слабеење а никако не слабееше. Не јаде многу и нема цело време во чинија. Го храневме по мерките што ни ги даде ветеринарот и што ги пишува на опаковката. Ама ете џабе, се збуцка ко топче. Сега единствен начин е да се ишишаат суканиците.
@Agness купи мала ножичка со тап врв, за бебиња што се. Има по аптеки. И мојата не остава да ја чепкам, за нокти нема шанси па, последно и за апче двајца ветеринари не вратија, никако не остава да и дадат.
Благодарам на сите на советите. Денес ќе купам такви ножички и ќе пробам низ игра и галење да го шишнам неприметно. Па ќе пишам како сме прошле.
Ако е тепач, стави му конус додека шишаш со ножичката инаку тешко да успееш. Ова од мое искуство - во спиење ништо не ми успеало зашто одма се буди и се тепа. Ни храна помогнала, ни омилените грицки, одма рита како коњ и ништо не ја занима. Мојата многу се тепа и не дава да ја пипаме ни за нокти ни за шишање. Дозволува само да ја четкам со нејзината четка и толку, друго ништо. Не ја ни шишам јас, ептен ретко по потреба ѝ ги сецкам цуфките околу газот и тоа ако ептен се ушлака некогаш со потечна кака и гледам дека само се замачкала кога пробала да се исчисти. Шанси нема да дозволи да ја мијам/бањам, па шишам во тој случај и ставам конус околу вратот обавезно. Конусот ми е спас најголем. Иста процедура и за нокти сечење, конусот на глава и за пет минути завршувам работа. Ако е многу немирна, еден ја држи, друг сече нокти, шиша итн. Така многу полесно ја хендламе.
И моите се бабачковци, нормално е да се збуцкаат кастрирани и дома. Постариот не го гњавам, тој од бебе мрза е секако, малово го трчам со играчки, дома имам од она дрвана за мачки па на тоа се беси итн. Иначе за храна, сува - течна - сува им се оброците, сува јадат за кастрирани мачори, а течната што купам тоа. Често знам и да им сварам бело пилешко, само моиве се гадат ако е парчиња поголеми, па го блендирам малку за ровко да биде Иначе ако не се смирува ни со галење или кога е заспан, еден така за врат, друг брзински фризурата Кај мене кучето беше најтешко за груминг и исто на ветеринар 5 души го држеа за вакцина Еднаш го носиме во викендица да поседи со баба му и дедо му (моите) во Дојран, ми се јавуваат утредента доаѓај изгледа умира, не јаде, не пие, лежи и гледа во празно. Го земавме, на влез на Скопје почна да оживува, кај ветеринарот сосема жив беше, ѓеврекот му го изеде
Ова со тепањево и агресијата, јас не знам како да се справам. Рацете и нозете ми се како во војна да сум била. Многу често почна да ме мава и гребе и тоа без причина, на поминување. Од ко е родена малата многу е поагресивна, на почеток и мене ми беше многу лута не ме оставаше ни да се доближам. Сега се навикна дека мирисам на неа, ме остава да ја галам, ама сама не се доближува како порано што лежеше на мене или на кревет. Неа и грчи од далеку уште, а малава почна да ја распознава, да се смее. Има шанси да омекне или нема да ја сака штом од почеток не ја прифати?
@Mishela конус кај да најдам? Кога го кастриравме не ми дадоа конус, додуша немаше потреба искрено не се чепкаше по раната, да се лиже или да се чеша. А за тепач, голем тепач е ако го закачаш. Плус е и масивен голем е многу, кога ќе ме фати со тоа рацете лом ме прави. Сум пробала и да го чешлам и да го чистам по газот, се лути и ме тепа. После седи така налутен некое време. @CameliaMiller ма дебел е овој а и не е играч некој искрено. Ако му пафташ со тоа трската со пердуфи ќе поскока малце, ќе потрча и пак ќе си седне негде. Сам да си игра нема шанси, ни на дрво се беси ни бутур. Пред прозор и на кауч си седи цел ден. Нема активност некоја. Ќе пробам и така како што велиш, еден да го држи еден да шиша. А варено пилешко по колку им даваш? Не сум пробала со месо, некогаш ако има за ручек пред да се зачини ќе му дадеме малце да касне. Ама не сум пробала само со месо да го хранам. Периодов се едуцирав со еден Jackson Galaxy на јутуб, он па вика сирово месо од мали животни - глувци, птици итн. како најдобра опција за хранење.