1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Јас шмуги во течна храна искршено им ставам 8-|
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Рачунај пола стек го делам на двајцата. Тие и цел би смафтале, ама доста им е.

    Иначе да, најдобро за нив е да се хранат сирово, за мене не е, гад ми е да јаде живо месо па на перница да ми спие или ги бацувам цело време :)
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Ќе ја прифати, полека :)
    Мачките се така малце територијални, им треба време.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Во Фауна види, таму има најголем избор. За мало кутре е мојот конус, на лепенка.
    Ваков ист како на сликава:
    [​IMG]
     
    На CameliaMiller и Agness им се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Им сечете нокти дечки? :whew:
    Мене до сега ми беше жал, иако нашиве се домашни, едната никогаш не излегува надвор, другата ја носам во двор на 5 минути понекогаш ама со надзор. Ама дома веќе е лом посебно од машкиов мачор, гарнитурата ни ја направи парче. А има гребалки, дури и тепих стар му тупна мајка ми да се пентари по него и да гребе.
    Мислам дека ќе мораме да му ги сецнеме ноктите. Како ќе поминеме со тоа не знам, ќе одам и јас да му земам конус ако не :D

    Инаку кастриран ни е мачорот, и се здунда абе прасе дебело, а млад е околу година ипол. И демек го вежбам со играчките да трча, не бре брате ќе легне на земја и ја мава играчката од легната положба.
     
    На CameliaMiller и Agness им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Милиметар само сецнувам, ништо премногу. Порано не се замарав, ама доста сме си бемкави ние двајца и имавме неколку ситуации, па чисто колку да не ми поткачи пак некоја во игра па да трчаме по лекари. Ниту јас можам да се допазам, ниту пак можам од неа да очекувам да не пушта нокти некогаш кога ќе се внесе ептен во игра.

    Навикната е веќе, знае дека ќе добие грицки (стапчињата од ДМ) и откако ќе завршиме со сечење, оди до шкафот кај што ѝ стојат грицките и вика, вика, тропа по вратичето да ѝ се даде стапче под итно. :D

    А за играње, моево си игра со сè овен со играчки за мачки, па веќе не ѝ ни купувам, едноставно нема поента и затоа секогаш импровизираме. Многу е мрзлива инаку, ќе си најде секаков начин да лежи како тесто и да мрда само со една рака, па затоа ја играм со вакви импровизирани играчки кај што едноставно мора да го мрдне газот и ни успева ептен вака.
    Правам топчиња од хартија за печење, тие пластифицираните жички за врзување на тоа ќесето од леб (ги виткам крајчињата за да не се повреди со жицата), цевчиња, стапчиња за уши, тампони неотпакувани...бог да чува. :D

    Најмногу ги сака малите пластични вилувчиња што ги даваат со сендвичи (facepalm) е со нив може да игра по пола саат без прекин, дури и сама се заигрува. Ептен влегува во филм кога ѝ фрлам, како кутре е. Сака да ги начека додека се во воздух и да ги мава како тениско топче, па кога ќе го удри целата возбудена фучи, ржи, испушта крици. Си ги крие под тепих и ми ги носи кога сака да си игра па играме fetch. Забавно. :D

    Може ќе упали нешто и кај друго маче, баш пробајте.
     
    На hermosa, CameliaMiller, Agness и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Браво искрено. Овој буцково мое едино со виршличка знае да си игра сам, ќе му дадеме некогаш крајче од виршла и со нејзе ќе се заигра пред да ја изеде :worried:
    Инаку исто, лежечки со рацете ги брка играчките.
    Јас не сум пробала ни нокти да му сечам, а се помирив дека каучот е лом и тоа е тоа. Ни гребло, ни дрво мачешко, ни тепихот, ништо не му е доволно добро како каучот за гребење. Викање, карање ништо не помогна. Па си се помирив дека наскоро само нов кауч ќе треба да купам. Прочитав дека ако е од плишан материјал, не им било интересно на мачки да гребат па ете нареден кауч таков ќе биде.
     
    На CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Оф, душенце твоево, ептен ми се смешни колкави мрзи се. И мојава на буткање е стално со игрите, ама гледам барем два пати во денот ептен да ја изморам инаку замара додека спиеме. Доаѓа и ни мава шамарчиња во сред ноќ за да станеме да си играме. Вака кога е наиграна спие по цела вечер и она со нас. :D

    Можеби треба да пробаш со прскање, да наполниш со вода некое шишенце со прскалка и да го шприцнеш еднаш кога се мести да гребе. Знам, звучи доста сурово и лошо, не е најфина тактика и ептен имав грижа на совест што ја шрицам со вода, ама евентуално си ја учат лекцијата. Мојава беше многу досадна кога седнувавме да јадеме и ништо не ни помагаше да ја тргнеме, пробав сè. Ама ништо не упали, мораше она како свекрва да провери што се прави. Да се качи на маса и да шета меѓу чинии, да си замези од нашето, да украде нешто од чинија и да го брка, па главата да ја пикне во ќесата со леб. Баш тогаш ѝ текнуваше да легне да се испружи на сред маса и цап - ногата во чинија. :x
    Мене тоа ми е ту мач, јадењето во грб да ти влезе беше ова, жив оток.

    Неколку пати ја прснав, прекина. И секогаш ѝ го кажувам истото кога го земам шишенцето во рака - прскам!
    Сега веќе не ни има потреба да ја прскам. Го препознава тонот кога го слуша зборов, се мршти одма и мижи, па ако се прави курназ пак и повторувам отсечно и ај ќе пушти душа ќе се тргне конечно. Па се мести малку подалеку од нас и си седи така додека не завршиме, нормално, намрштена ко да си украл од нејзиното јадење. :D
    Не успева кај секое маче, но пробај ете, можеби баш кај твоето ќе упали.
     
    На NoirSerpentine, CameliaMiller и Agness им се допаѓа ова.
  9. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    И ние му немаме сечено нокти и не ни е у план. Нормално најомилен дел за гребење е креветот у дневна :D

    Сирово месо обожава и колку и да му даваш никад доста, но му даваме од време на време не постојано страв ми е да не фати глисти.
    Олеснителна околност ни е што за човечка храна не е воопшто заинтересиран, ниту виршли ниту месо готвено, риба јок. Слободно можеш да оставиш храна на маса нема шанси да ја помириса.

    Јаде само тврда храна, зависи расположение знае и мокра или само сосот од водата да го излиже а месото да го остави и од време на време сирово пилешко.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Им сечам, не можам дрво да им посадам во стан :D
    Си имаат гребалки, ама пак.
    Постариот не му е по ќеиф ама мирен е, малово на спиење или на сила малце, секако после "траумата" со награди :)
     
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Да предложите некое малку подолготрајно решение против паразити во уши? Редовно му ги чистиме по препорака на ветеринар, но дали има некое апче, антибиотик што може да му помогне?
     
  12. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Револушн спот он.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @piglet1 Ти благодарам многу :f:Каде може да се најде и колку пари е инаку?
     
  14. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има кај нас. Јас не сум во Мк. Отприлика дозата чини нешто околу 1500-2000 во денари и штити месец, после ќе треба да се реаплицира. :)
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Што значи вибрирање на телото на мачка? Буквално топчиња му се поткреваа под кожата пред да испушти душа:u:сликата ми е сеуште пред очи.....
     
  16. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Јас да дадам апдејт мал во врска со чешлањето и шишањето на мачоров. :)

    Купив ново чешле, го мамам со храна додека го чешлам. Испадна предходното изгледа многу го кубело, новото чешле повеќе го трпи. Има напредок мал, не ме напаѓа одма кога го чешлам.
    За шишање уште не пробав, малку ми е страв ама ајде полека полека. Да го навикнам малку со храна вака за чешлање барем, си викам може ќе се навикне да го чепкаме и нема да напаѓа кога ќе пробам да го шишнам.
     
  17. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Забележав дека мачорот кој неколку дена не беше дома се чеша кај ушето постојано. Од она што го видов највероватно има шуга. Ќе го однедам на ветеринар в понеделник но како до тогаш да му помогнам?
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Може да не е шуга, може да се степал со друг мачор и да му е исчупано крзното.
    Белогент можеш да ставиш, макар за 1 ден само до понеделник види исчисти му го местото со вода/камилица на памукче.
     
    На Polsko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми препорачате која е најдобра влажна храна според состав за маче од скоро 2 години?
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Зависи која ќе ти ја прифати мојов ја јаде на фрискис и атената од кам.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.