потпишувам. Само во мојот случај мајка ми остана да ми недостига. Да се сеќавам на неа. Кога и да појдам не е ист домот без неа.
Без Дина моја Без мир, спокој и хармонија домот не е дом... а без се и без секој се живее. Се учи со тек на време.
И јадењето е највкусно кај мајка.Јас која ама ич не сум јадачка,пред некој ден кај мајка јадев ладен батак со домат, што никогаш не би јадела така кај мене,превкусно ми беше. Ниедно јадење ни мое ни од друг не ми е вкусно како кај мама.
Двор,балкони и цвеќиња... Спомени од секој дел,секое катче. И најбитно,многу многу многу весели и гласни луѓе во домот. Некогаш ѕидовите знаат да проголтаат, без разлика колку луксуз сме си пружиле. .
Домот не е дом без фамилија,топол ручек,смеење со пријатели раскажување случки,гледање добар филм, едноставно кажано полна куќа луѓе или стари што викаат тешко на таа куќа кај што не одат луѓе.....
Домот не е дом без: мир, слобода, спокој, љубов, домашни миленичиња (барем две), растенија, оној/оние што те сака(ат) искрено... Сонувам наскоро да имам ваков дом.