Пример за човек од секој агол. Идол ми е уште од првиот пат кога прочитав малце повеќе за него. Му се восхитувам во целиот негов труд,успех и интелигенција. Го пратев секогаш на телма,кога водеше една емисија,не ми текнува како се викаше само.Знам беше ептен актуелна тогаш Емисијата деф.ме оставаше без зборови после секоја завршена епизода,колку тоа беше одлучен во се што прави,решителен,и самостоен. Ретки се ваквите како него И да,штета што нема веќе сезони од емисијата ..лично јас многу работи научив од таму
Пред некое мислење прочитав демек тој бил арогантен, нескомен и слично. Баш е океј човекот. Тоа е реално шоу и тој мора да ги тестира и да го избере најдобриот кој ке работи во некој негов оддел односно ке менаџира. Му симнувам капа на човеков има створено многу, а не е многу исфорсиран. И уште нешто.. мислам дека неговата нова сопруга е Хрватица
Не е работава за во шоуто, јасно е дека таму мора да има глума. Ама и овака си е "гаден" на карактер. А и логично е, неможе некој мекуш да создава такво богатство без да измисли нешто ново. Ептен е арогантен и се занаса....до душа и има зашто, ама нервира тоа. Ова јас што го гледам во јавност како се понаша, дома незнам каков е А за нескромноста не се согласувам и јас. Напротив, сметам дека е доста скромен (колку што може нели) за разлика од некои други ѕвезди на пример кои без труд постигнале богатство, а се расфрлаат и се величат сами себе ко да измислиле time travel машина. Споредба Трамп-Кардашијан. Свадбата на Ивана беше сосема приземјена, нормално дека ќе има мноооогу гости, ама немаше телевизии, немаше фалење што ќе носи, па какви дијаманти ќе стави, па да има Ивкова слава, туку се беше едноставно. Додека свадбата на Кардашијан знаевме сите каква беше, а Ким е девојка која нема грам мнозок а се прослави со порно. И милион вакви примери, затоа сметам дека со нивното богатсво и памет, сепак се скромни Него, за друго влегов во темава Пред некој ден на радио во такси слушнав дека Трамп изјавил дека тој бил кривецот за популарноста на Гага. Ако не бил тој, кој знае каде ќе бил денес. Пред неколку години тој на поканил да настапува на Мис Универзум и тогај направила бум, тогаш била забележана и карерата и тргнала нагоре.
Се восхитувам на вакви луѓе, најдобро го запознав преку емисијата The Apprentice очигледно е дека се работи за принципиелен човек, со аптетит за работа, не ни чудо што остварил толкав успех и богатство, само повторуваше колку е важна работата и трудот, уште повеќе ме зачуди кога кажа дека спиел само 7 часа (само ако не беше и помалку) и никогаш не одмарал :up: , повеќе времето го поминувал во канцеларија и работејќи , а и има огромна аверзија кон плачковци ги нарекуваше слаби луѓе, значи во работата бара сериозност и ладнокрвност, многу работи од него можат да се научат, штета што повеќе таа емисија не оди во етер, Доналд Трамп е чиста инспирација за работа и мотивација. Да и јас исто така знам и тоа Загрепчанка.
Го прашаа во една емисија дали имала ќерка му лимит за свадбата, рече дека немала и дека пак го надминала
Почнав да ја гледам тринаестата сезона од The apprentice, celebrities е сезоната и ми е доста интересна, има интересни, ај да ги речам ученици. Омароса е една од нив, ја памтам уште од одамна кога го гледав шоуто од првата сезона. Трамп ми е некако интересен, појава е. Во една епизода се утепа зборејќи за косата, се правдаше дека била негова. Инаку, да, доста е принципиелен, и во шоуто се гледа.
И јас го ценев додека не го покажа своето вистинско лице во Шкотска. Ја тужел Шкотска поради тоа што во Aberdeenshire во близина на локацијата каде тој сакал да гради огромен терен за играње голф, било планирано градење на ветерни турбини за еколошко производство на ефтина електрична енергија. Со тоа само покажа дека нему му е поважен профитот отколку успехот и благосостојбата на општеството и луѓето кои во него живеат. Шкотскиот министер убаво му порача да не се меша во енергетиката на шкотланѓаните: http://edition.cnn.com/2012/06/27/sport/golf/trump-salmond-golf-scotland
Нормално дека му е поважен профитот и логично е што е така, сепак се работи за еден од најуспешните претприемачи во светот, се работи за бизнисот, се работи за Доналд Трамп, а не за Мајка Тереза. Да не е таков каков што е, не би успеал волку сигурно.
Да има барем 1% од знаењето и паметот што го има Доналд Трамп, може и да го избереме, ама нема, и затоа ќе си води квиз шоу, а не држава.
Абе овој зар вистина има 70 години?? Мене ми личеше на 50+ годишен човек, еве 60 максимум да има. Кај нас, знаеме како изгледа просечен човек на 70 години. Ама што ти прави младоликост (или парите можеби )
Можеби се и парите во прашање , ама во америка кој пошол сите се подмладуваат , да не зборам за бабите од 90 години што редовно си идат на фризер.
Трамп е уникатен, и кога зборува, зборува од срце, а тоа може да го препознаат само луѓето кои имаат срце. Исто така иако е милијардер и претседател на најмоќната држава во светот, со своите постапки, како овие на видеата, покажува дека е обичен човек како и сите други, за разлика од него нашите политичари кога ќе дојдат на некоја функција, мислат дека се кој знае што.