1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донација за Хана Миланов

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од friendy, 18 октомври 2017.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Тешко е кога човек ќе помисли, уште потешко кога човек се справува, а најтешко кога парите се препрека за успешно лекување.

    На почетокот од оваа година животот станал суров кон една мала убавица од Виница. Четири годишната Хана Миланов , има дијагностицирано леукемија, а во моментов родителите се соочуваат со тешкотии околу покривање на високите трошоци за нејзиното лекување.
    Семејството на Хана праќа молба до хуманите граѓани, да им помогнат колку што можат во оваа тешка битка со болеста.

    „Со оглед на трошоците за лекувањето кои ние самите како семејство не можеме да ги обезбедиме, Ве молиме да донирате средства во Ваша можност за продолжување на животот на Хана…“- порачува нејзиното семејство.

    Лекувањето во Скопје би требало да заврши кон крајот на оваа година, а потоа да продолжи во домашни услови. Семејството ги набавува потребните лекови од странство, бидејќи ги нема во Македонија. Велат дека секој дониран денар е драгоцен и најважно им е да се врати радоста во детскиот живот на Хана.

    Ако можете да помогнете, направете го тоа уште денеска, за да не дозволиме да згасне прекрасната детска насмевка на милата Хана!
    hana.png


    Инфо за донации:

    Бети Спасова Хана

    200003138389790

    Стопанска Банка А.Д Скопје

    http://kanal77.mk/апел-за-помош-насмевката-на-малата-ханa/
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Ах животе суров.
    Со што го заслужило ова душава мала?

    Ме боли душата кога ќе прочитам вакво нешто.

    Ајде, ние можеме.
    Да бидеме хумани. Да помогнеме и овој пат!
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.