Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донираме средства за оние на кои им се потребни

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Offspring, 30 мај 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Да подадеме рака, да спасиме еден детски живот! Времето е кратко, само ние можеме!
    070143444-Томица Стојковиќ има само 12 години а веќе се соочува со тешкотиите на животот. Може да ги преброди само со наша помош! Боледува од акутна леукемија и треба итно да се оперира во Германија. Неговата влошена состојба налага да биде под постојан лекарски надзор, и затоа сега е сместен во болницата Филип II во Скопје.
    Ајде да покажеме колку се големи нашите срца!

    Извор: донации ФБ
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Уште едно дете чека на нас, да му дариме живот. Тоа е наша обврска!
    070143112 ( за Корисниците на Т-Мобиле) – Јордан Коцевски има само 5 годинки и боледува д тешко срцево заболување, срцев меѓукоморен дефект, поради кој мора итно да оди на операција во Софија, Република Бугарија, на Клиниката за Детска Кардиологија. Операцијата чини 13800 евра, сума која семејството не може да ја обезбеди.
    Секое дете заслужува живот! Ние сме тие кои можеме да го дариме!
     
  3. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Да ја вратиме насмевката на едно семејство!

    143109- Костадин е мало бебенце на кое му е дијагостицирано тешко срцево заболување и запушување на артериите, и од Клиниката за Детски Болести во Скопје се упатува на операција во Клиниката за Детска Кардиологија во Софија, Бугарија. Семејството, поради неможност за покривање на финансиските средства за операцијата, повикува на нас , хуманите луѓе.

    Да им помогнеме!
     
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.469
    Допаѓања:
    34.787
    Пол:
    Женски
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    НА ЕДНОМЕСЕЧНО БЕБЕ МУ Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ПОМОШ
    Малата Ева која на свет дојде пред само еден месец, има дијагностицирана тешка срцева мана (хипопластично лево срце со ASD, VSD и белодробна хипертонија). Неопходна и е итна операција во Бугарија.

    Операцијата чини 13 800 евра, а семејството не е во можност да го собере износот за најкратко рок.

    Се молат сите граѓани, добродетели, организации да помогнат во спасувањето на малата Ева.

    Можете да донирате на следните трансакциски сметки: 300-0070827508-86 Комерцијална банка и 200-0016518668-27 Стопанска банка.

    Како и на телефонските броеви:077/143-402; 070/143-191 и 075/143-161.

    Ова мало ангелче заслужува да се радува на животот и детството. Доколку сте во можност, помогнете му!
     
  9. denicija123

    denicija123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Na klinikata za hemATOLOGIJA TREBA TROMBOCITI OD KRVNA GRUPA AB POZITIV KOJ E VO MOZNOST NEKA ODI NA TRANSFUZIOLOGIJA I NEKA KAZE DEKA DONIRA ZA TROMBOCITI
    PS VI JA VRAKAAT KRVTA I ZA NEKOLKU DENA KE VI SE VRATTAT TROMBOCITITE
    ISTO TAKA I KOJ SAKA DA DARUVA OD KOJA BILO KRVNA GRUPA DA. GO NAPRAVI ISTOTO
    AJDE DA IM POMOGNEME NA BOLNITE OD RAK LEUKEMIA I DR
    FALA ODNAPRED
     
  10. ivannaiva

    ivannaiva Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    aj nekoj od semejstvoto neka me kontaktira vo inbox.ima lek!
     
  11. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Марга Велеска 26год. - девојка боледува од церебрална парализа. За да се подобри нејзината здравствена состојба потребен и е третман со пресадување на матични клетки во Русија кој чини 21.000e. Со ваша помош до нов живот за Марга.
    Бр. на жиро сметка 240107018707497 , Уни Банка.
    Бр. за донации: 077143705
    Со секој повик донирате 118ден.+ ДДВ
    Ви благодариме.
     
  12. dijana1

    dijana1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите , ве молам да го прочитате ова


    Дијана Нечовска - Јованова (26 години) од село Варешајца, битолско, има хронични
    проблеми со бубрезите и неопходна е трансплатација. Таа боледува од ХБИ и веќе
    една година се наоѓа на хронична дијализна програма во Центарот на Битола.
    Лекарскиот тим во Македонија констатирал дека е потребна трансплатација на бубрег.
    Меѓутоа, таа има и отворена рана на колкот на десната нога, па овој проблем прави
    дополнителни компликации на нејзината здравствена состојба.Двете хируршки интервенции
    се итни и чинат многу пари како и нејзиното заздравување.

    Хуманитарните парични прилози ќе може да се испрата на жиро сметката

    НЛБ Тутунска банка жиро сметка 210501636647972

    или преку Вестерн Јунион на адреса
    Дијана Н.Јованова с. Вашарејца, 7000 Битола, Македонија

    За сите кои се корисници на мобилниот оператор Вип можат да донираат на
    077/143-772

    БЛАГОДАРАМ ОД :l:
     
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас последно донирав за животните скитници. Ако сте во можност помогнете на било каков начин. Имаат претставник и кутија за донации на ул. Македонија отприлика меѓу Барселона кафичот и спомен куќата на Мајка Тереза
     
  14. Jagotche

    Jagotche Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво Феминки... Се извинувам доколку ве вознемирувам, но се работи за човечки живот. На татко ми му открија дека има рак на панкреасот и на црниот дроб и конечно најдовме лек преку доктор од Америка но неговата терапија е 3 000 евра месечно, но не сме некое богато семејство само татко ми работеше од кога се разболе и он неработи сега немаме никакви примања живееме само од на баба ми пензијата што изнесува 7 500денари... Бевме во Vip, One и T-Mobile ни рекоа дека за толку кратка сума на пари неможеле да одобрат броеви на некој начин да не отргнат да не се замараат со нас иако многу му значи тоа на моето семејство мене, на мајка ми, сестра ми, а најповеќе од се на татко ми... незнаев како да отворам нов форум бидејќи пред брзо време се регистрирав а сајтот од секогаш го посетував и неможев да се снајдам...
    Отворивме жиро-сметка во банка па се надевам доколку има хумани луѓе ќе ни помогнат... доколку некој сака да ни помогне ќе го оставам и бројот на жиро сметката која е на име на мојот татко...
    Благодарам за се и што отворивте да прочитате пред се :*
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Младиот Илија од Охрид тешко боледува од леукемија, потребна му е итна операција во Германија
    20 јул 2012 16:40

    Седумнаесетгодишниот Илија Јосифовски од Охрид боледува од леукемија, а за да преживее, потребна е итна операција во германскиот град Нирнберг, која чини 255.000 евра.

    Фондот за здравство ќе покрие 80 отсто од трошоците, а 20 отсто паѓаат на грбот на семејството на Илија. Само за да биде примен во болницата, мора веднаш да се платат 20.000 евра, за да почне постапката за негово примање во нирнбершката болница. Семејството во моментов има собрано само 16.000 евра и очајно моли за помош за да го спаси животот на своето чедо.

    „Очаен сум и не знам што да правам. Успеавме да собереме само 16.000 евра и итно мора да најдеме уште 4 до 5 илјади евра за да можеме да го однесеме Илија на операција. Картите за Нирнберг ни беа резервирани за утре, но ние не успеавме да ги собереме потребните пари. Ги молам сите хумани луѓе што можат некако да ми помогнат за да го спасам животот на син ми“, вели Миле Јосифовски, таткото на Илија.

    Семејството Јосифовски се надева дека коскената срж на братот на Илија ќе биде добра и дека успешно ќе му се пресади на младото момче.

    „За жал, во Македонија не успеавме да направиме испитување на коскената срж, односно дали имунолошки ќе се совпаѓа кај Илија. На одделението за имунологија ни рекоа дека лекарите биле по одмори и дека ќе сме морале да чекаме до 6 август. Сега тоа испитување ќе мора да го направиме на клиниката во Нирнберг. Времето ни е многу кратко, состојбата на Илија се влошува, а во моментов тој не прима никаква терапија. Мораме што побрзо да ги обезбедиме тие 5.000 евра што ни недостигаат“, вели таткото на Илија.

    Илија е болен веќе две години. Десет месеци минал на детската болница во Скопје примајќи хемотерапија, а потоа терапијата продолжил да ја прима преку таблети. Состојбата по терапијата му се подобрила, но пред две недели болеста повторно се вратила. Моментално тој не прима никаква терапија и се наоѓа во многу лоша состојба.

    Сите хумани граѓани што сакаат и имаат можност да помогнат паричните средства за спасување на животот на Илија може да ги донираат на следнава жиро-сметка во Тутунска банка – филијала Охрид: 210 – 700000598044 на име Миле Јосифовски со назнака за хуманитарна помош за Илија Јосифовски од Охрид.

    Хуманите граѓани може да донираат и преку свртување на еден од следниве телефони: 075 143 350, 070 143 111 и 077 143 413.
     
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЕВА ДА ГО ПРОСЛАВИ ПРВИОТ РОДЕНДЕН.....

    Maлaтa Ева (рoдeна 14.04.2012) има дијагностицирана тешка срцева мана ( хипопластично лево срце ) и е неопходна итна операција во Бугарија. Операцијата чини 13 800евра а семејството не е во можност да го собери износот за најкратoк рок. Се молат сите граѓани, добродетели, организации да помогнат во спасувањето на малата Ева.

    Ева има само уште десет дена живот. Да. УШТЕ САМО ДЕСЕТ ДЕНА ако не се соберат 13 800 евра за операција. Ставете се на нејзино место и сфатете ја итноста. Кренете телефон и донирајте 100 денари. За вас не се ништо, а за неа значат живот. Ајде да бидеме хумани и да и помогнеме на Ева да го дочека првиот роденден.....
    070/143-191(Т-мобиле)
    077/143-402 (ВИП)
    075/143-161 (Оне)

    Трансакциски сметки:
    300-0070827508-86 Комерцијална банka
    200 - 0016518668 - 27 Стопанска Банка

    Cите оние од странство што сакаат да донираат за малата ЕВА:
    0024580171
    STOPANSKA BANKA AD SKOPJE
    SWIFT:worried:TOBMK2X
    NAME AND SURNAME:DEJAN ILIEVSKI
    IBAN :MK 07200002458017143 EUR
    MACEDONIA

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Апел за помош: Двомесечната Ева има уште десетина дена надеж

    Верувам дека има Господ и дека ќе ја поживее Ева, дека ќе го дочека денот на операцијата, вели Дејан Илиевски, татко на двомесечно бебе што има дијагностицирано тешка срцева мана и белодробна хипертонија.

    Секој ден е неизвесен, а секое утро е нова надеж и уште една битка на малата Ева. За неа се препорачува операција во Бугарија која чини 13.800 евра.

    Родителите Дејан и Елена Илиевски од Куманово кои немаат можност за толку кратко време да соберат пари, од неодамна побарале помош од организации, граѓани, добродетели со донирање средства преку мобилни телефони и преку отворени трансакциски сметки во две банки.

    Семејството Илиевски итно треба да уплати 3.000 евра сума што е неопходна за македонскиот Фонд за здравство да ја закаже операцијата во болницата во соседна Бугарија, а потоа ќе се доплати другиот дел од парите.

    Патувањето до Бугарија е ризично, па за малата Ева ќе биде организиран превоз со Брза помош, која е спремна во секој момент да тргне на пат откако ќе бидат уплатени 4.600 денари во еден правец.

    -Изразувам голема благодарност до сите граѓани што донираа за малата Ева преку телефонските броеви и на трансакциските сметки. Со помош на пријателите и роднините успеавме да собереме дел од парите што се потребни да се уплатат за да се закаже операцијата, односно неопходните 20 отсто од вкупната сума. Ни недостигаат уште 35.000 денари. Се надеваме дека во текот на неделата ќе ги собереме. Малата Ева сè повеќе губи воздух. Секој ден ја гледам како се бори за живот и му се молам на Господ да ѝ даде сила да издржи до интервенцијат, вели таткото Илиевски.

    Да му помогнеме на ова скромно и благодарно семејство во битката за малата Ева и да уплатиме пари за операцијата на двомесечното девојче на трансакциските сметки:
    300-0070827508-86 Комерцијална банка и 200-0016518668-27 Стопанска банка.

    Отворени се и телефоните 077/143-402; 070/143-191 и 075/143-161.

    [​IMG]
     
  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    колку ми падна жал, се изнаплакав за срцево. се надевам дека ќе се соберат парите на време ;(
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.495
    Допаѓања:
    114.937
    Пол:
    Женски
    Донирав од телефон како и многу други. Само едно ми боде очи, 35,000 денари се потребни, па мајка му стара каде се фирмите што добија награди за Општествена одговорност, што се 500 евра за една фирма како Алкалод, Макпетрол , Банкиве и останатите големи фирми за да се спаси ова мало ангелче. Јаз'к да им се парите на сите кои имат и можат а не донираат на вакви случаи. Срце ми се кине да можам одма би им дала ....
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Aпел за помош за Сара Јордановска

    Еден млад живот чека на нас! Да и дариме на Сара детство какво што треба да има секое дете!
    Сара Јордановска има малигно заболување поради кое и е потребно долготрајно лекување на клиниката за Онкологија во Скопје, каде таа веќе некое време е сместена и прима секојдневни третмани хемотерапија. Ве молиме, да помогнеме на семејството кое не е во можност за покривање на големите трошоци.

    Донации од Т-мобиле мрежата на број: 070143102