Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донираме средства за оние на кои им се потребни

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Offspring, 30 мај 2011.

  1. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Бидете хумани, правете добри дела!

    Апел за помош на Јована Станковска
    Јована Станковска има церебрална парализа, но нејзината општа здрвствена состојба е видно подобрена после една операција во Израел. За да се постигне сепак, поголем успех за самостојно функционирање, потребна е уште една операција во Израел за која семејството не е во можност да обезбеди средства.

    Донации на следниот број од мрежата на Т Мобиле: 070/ 143 123
     
    На mia9184 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Состојбата е алармантна ;( ;( ;(
    Донирајте и споделете...да не згасне малово животче заради проклетите пари ;(
    http://www.facebook.com/pomoszamalata.eva
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.495
    Допаѓања:
    114.937
    Пол:
    Женски
    ПА нели беа само уште 35.000 денаро потребни!!! Од каде сега 25.000 евра!! Леле душе мило срце ми се кине :(
     
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Aпел за помош на Зоран Банов




    Почитувани

    секогаш е добро време да се направи добро дело.

    Зоран Банов од Свети Николе боледува од АЛС (Амиотрофична Латерална Склероза).

    Како последица од болеста тој е неподвижен и има проблеми со говорот и дишењето.

    За да се подобри неговата состојба потребна е итна трансплантација на матични клетки во Израел, операција која чини 100000 евра.

    Да помогнеме сите кои можеме:

    Телефонски број за донирање 077 143 413 (само од мрежата на ВИП)

    20000 1738895518 Стопанска банка АД Скопје
     
  5. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Апел за помош на фамилија Маџарови!!!

    На ден 27.08.2012 во с. Стојаково во попладневните часови целосно се опожари куќата на фамилија Маџарови. И покрај сите напори од ППД од општината и пошироко четири члената фамилија ( Ристо, Сузана, Симона и Милита Маџарови ) остана без покрив на главата и без основни средства за нормално обавување на секојдневните обврски.
    Ве повикуваме со апел за помош на горенаведената фамилија. Во прилог ви ја доставуваме трансакционата сметка на која ќе можете да донирате финансиски средства со кои би ја искажале вашата хуманост кон фамилијата на Р.Маџаров.
    Сметка преку која би можеле да ги уплатите средствата Комерцијална банка:
    30003707736665; Ристо Маџаров.

    [​IMG]
     
  6. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
  7. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    http://www.preventus.mk/index.php?optio ... &Itemid=54 Ајде помош за малово душиче, срам да им е на родителите. А да ве прашам, можеме ли ние фемина некако да се организираме да дадемем пари и слично за да се оперира? Или на било кој начин да помогнеме. А тие родители да се засрамат, поради тие проклети пари детето си го оставиле. Па каква и да им е состојбата има хуманитарци ќе помогнат а не вака, срамота!
     
    На my.name.is-love и VayaConDios им се допаѓа ова.
  8. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    вакви случаи многу се на број, многу ми е жал што од овој момент натака бебето ќе се води како сираче и сигурно ќе биде смесстено во некое сиропиталиште,со се срцева мана дополнително
     
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Како тргнав на работа, значи од понеделникот, 3 дена го гледам истиот човек како седи покрај семафорите кај Мавровка, спроти Скендер Бег и држи лист на кој пишува "помош за лекови". Знам дека многу од овде се на факултетите во близина па може поминуваат од тука и знаат за кој зборам.

    Секојдневно ја поминувам оваа раскрсница и досега го немав забележано човеков, средовечен, се гледа предвреме остарен, поглед кој лута некаде на страна и постојано седнат. Денес застанав и му дадов пари, ми се насолзија очите кога го видов од блиску. Знам дека питачите на раскрсници се секојдневие, но човеков изгледаше многу поинаку. Беше пристојно облечен, со капа и носеше заштитни ракавици - не знам од која причина. По тонот на гласот кога ми се заблагодари и погледот знаев дека е искрен и дека е на голема мака штом е тука и моли за помош.
    Сакав да го прашам што е работата, но не собрав храброст.

    Ве молам сите оние кои имате некој денар плус во вас, а сте во близина, наместо кафе или пијачка за тој ден помогнете му на чичково, барем еднаш. Тешко е човек да се најде во таква ситуација, приморан здравјето да го собира на улица.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Филип Михајловски:
    Младиот Филип Михајловски (18) го има скршено седмиот вратен пршлен. Како последица на тоа, остана парализиран од градите надолу.

    Издржа тешка и напорна операција, но сепак голем напредок нема. Во нашата земја се исцрпени средствата за рехабититација и е упатен во Словенија (Клинички центар за спинални повреди, Сочна, Љубљана), каде треба да се уплати сума од 24460 евра, сума која семејството не може да ја обезбеди.

    Броеви за донации за сите хумани граѓани:

    077-143-077 VIP

    075-143-403 ONE

    Со секое јавување се донираат 100 денари.

    Smetka 250-0100002207-37
    Naziv FILIP MIHAJLOVSKI-HUMANITARNA
    Banka SPARCASSE
    Makedonija AD Skopje
    Ek.Leptokarija 10001
    ~Донации~
     
  11. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Дали е ова дечкото што скокал во охридско езеро но за несреќа паднал на карпа ?
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935

    Mислам дека е тој, баш читав на фб :?:
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.372
    Допаѓања:
    103.112
    Пол:
    Женски
    Уште еден млад живот ја изгуби битката со Леукемијата, Ристо, член на групата Аквариус, групата со која во 2004 ја оформиле заедно со Првиот македонски идол Иван Раденов. Почивај во мир млад пријателе!
     
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    АПЕЛ ЗА ПОМОШ

    Ви се обраќаме со искрена молба за помош која што ни е потребна за лекување на нашиот син Боро Стаиќ.
    Боро штотуку наполни 18 години,но за жал како последица на повреда на 4/5 пршлен на р'бетниот столб во моментов се соочува со најтешкиот предизвик во својот живот – повторно да го поврати своето здравје и да живее среќен и исполнет живот.
    Како последица на повредата нему му се потп
    олно парализирани рацете и нозете (tetraplegia). И покрај свесноста за исклучително тешката повреда, кај Боро постои голем оптимизам. Тој е спремен за долготрајна и напорна рехабилитација за да ја оствари својата желба, повторно да го направи првиот чекор и повторно да ги прегрне своите сакани и сите добри луѓе.
    Можностите за негова рехабилитација во нашата земја се исцрпени и поради тоа потребно е негово понатамошно лекување во странство.
    За лекување ни се потребни финансиски средства кои ние не сме во можност да ги обезбедиме во целост.
    Ве молиме во рамките на Вашите можности да ни помогнете.

    Потребни информации за донирање

    100,00 денари со еден повик на телефонските броеви:

    - 077 143 775 од мрежата на VIP
    - 075 143 171 од мрежата на ONE
    - 070 143 112 од мрежата на T-MOBILE

    Денарска сметка:
    Сметка: 210-700000600857
    Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ
    Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

    Девизна сметка :
    IBAN Code: MK07210501594890345
    Name of account owner: Zoran Stajikj
    Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje
    SWIFT : TUTUNMK22


    Ви благодариме за Вашата хуманост,
     
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Ако може некој нека отвори тема за Христијан за да се рашири,јас не знам како се отвара нова тема тука.
     
  16. LOmikol

    LOmikol Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    ете јас донирав за него
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Помогнете ако можете. Ова што го гледате на сликите не е отпад или бувљак туку е нечив дом, дом со 3 ѕида бидејќи четвртиот го изел забот на времето. Во вакви услови во Скопје животари едно живо битие, без струја, без вода, без храна, без основни услови за хигиена заглавена во институциите и заборавена од пријателите.
    Личноста (која по свој избор сакаше да не и го откриваме името) преживува питачејќи и лутајќи по улиците. Пар скинати патики и фармерки се сè што има на овој свет, ни домот со 3 ѕида не е нејзин туку е нечива добра волја и привремено решение кое наскоро ке се сруши.
    Оставена на милост и немилост со своите 23 години сама да се снаоѓа потпирајќи се на добрата волја на луѓето, бидејќи кога немаш што да облечеш и кога немаш каде да се избањаш ретко кој би те вработил. Затоа ве замолуваме вас добри луѓе, кој е во можост да помогне ова заборавена душа да ја преживее зимава, да се стопли, облече и најаде нека нè контактира на 071/381-831 или 078 523-176.

    Извор http://sarma.mk/zivot/3807/pomognete-i- ... -devojka/#
     
    На sweetgirl1106 и ane.bella им се допаѓа ова.
  18. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Да му помогнеме на Јоце Блажевски.
    Бројот 070 143 153 трае уште 1 месец. донирајте по 100 ден. за Јоце да може да замине барем во декември, за жал после 7 месеци пауза ( а закажаниот термин за 5-тиот третман требаше да биде после 3 месеци, односно во септември,што значи дека Јоце веќе
    касни 4 месеци) ..за да биде поуспешно лекувањето Јоце требаше да оди на третманите етапно во закажани термини од Русија , но заради парите, сеуште седи дома, упорно и напорно вежба, го масира физиотерапевт, сепак неговата надеж е сеуште присутна.... но секако дека посакува што побрзо да заврши оваа борба со животот , бидејќи 24 години не е мал период да поминуваш низ она , низ коешто поминува тој и сите што се во неговата состојба.

    Ако има барем малку сочувство во вас, трошка надеж и поддршка за Јоце да успее, ве молам донирајте за неговото лекување, Јоце ќе ви биде бескрајно благодарен..

    Неговите сестри како и целото семејство многу се ангажираат но за жал сеуште ги немаат собрано потребните пари за да отиде на овој третман. Тука можете да ја прочитате приказната на Јоце која ме растажи. Доколку сте во можност донирајте. :(

    После 24 годишна макотрпна и тешка борба, јас и моето семејство сме на граница на експлозија од среќа. После сè, ПРОГРЕС за мене... Претпоставувам “се искачувам”.
    Добив покана од Руската Клиника ” Neuro Vita” за примена (пресадување) на матични клетки, која ќе овозможи мојата диjагноза ”церебрална парализа” да се излекува. Јас сум инвалид во количка, неможам сам да се движам, моите помагала се патерица од едната страна и некоја особа од другата.
    Сега имам шанса да се излекувам и да продолжам самостојно во понатамошниот живот. Цената за престој, на одделението со придружно лице и вкупното траење на програмата на третирање од 2 години базирана на матични клетки, чини 70 000 евра. Јас и моето семејство не можеме да си овозможиме толкава сума на парични средства, па затоа потребни се донации од секој вид на хуманитарна акција како и индивидуална хуманост.

    До сега бев на 4 третмани во НеуроВита, имам огромен напредок. Најпрвин почнав да лазам, да седам на стол без потпирачи, да јадам сам на маса без да ми се потресуваат рацете и нозете, значи спазамот целосно изчезна.Потоа да правам подобри чекори без да ги плеткам нозете една во друга, па почнав да стојам сам на две патерици,најпрвин потпран на ѕид, бидејќи немам доволно рамнотежа, а сега од четвртиот третман веќе се движам фатен за двете раце однапред со помош на друго лице. Се чувствувам многу посвежо, помоќно и мојот организам целосно ги прими матичните клетки, без да изумрат барајќи си го местото во оние клетки кои се изумрени.
    Секојдневно примам физотерапевтски масажи од професионален физотерапевт, коиисто така ги плаќаме ние самите, вежбам на некои справи дома и правам вежби на душек и на пилатес топка. Треба да одам и на базен за да биде уште поуспешно, да се активираат клетките, но не можам да постигнам со финансии и за тука за секојдневни терапии и за лекувањето во Москва.
    Во септември треба да одам на 5-ти третман ( убризгување на матични клетки 5 дози/шприца + целосна терапија со вежби, масажи) , треба да останам повторно 30 дена и тоа ќе чини 10 800 ЕУ, што искрено моето семејство повеќе нема енергија од каде да ја пронајде оваа сума на пари. Затоа ве замолувам доколку сте во можност донирајте на било каков начин, на жиро-сметки, или пак со присуство на некоја од наредните хуманитарни забави што ги организираат моите сестри...во касите за донација моментално се поставени на Меѓугратска автобуска, на Аеродром Александар Велики, на Базен-Карпош...

    Достапни се жиро сметки за донации во следниве банки:

    *Стопанска банка АД - Скопје: трансакциска сметка 200000207845578


    *Комерцијална банка АД – Скопје: бр.на сметка 300007071578620

    *NLB Тутунска банка – Скопје: трансакциона сметка: 210-5016352013.14

    Донации од странство:

    * NLB Tutunska Banka - AD Skopje, Vodnjanska no. 1, 1000 Skopje
    IBAN Code MK07210501635201314
    SWIFT TUTNMK22
    Jovica Blazevski
    ul.Vlae br 55 Karposh, Skopje
    R. Macedonia



    ...Почетоците се обично застрашувачки, а краевите тажни, но не и во овој случај. Позитивниот став можеби не може да ги реши сите мои проблеми, но може да предизвика доволно луѓе сето ова да го направaт вредно за вложениот труд и напор.
    Никогаш не се запрашуваме за значењето на животот додека сме среќни и задоволни, но во овој момент се прашувам и потребна ми е таа хумана моќ и подршка. Потребна ми е таа трошка радост да го исполни во целост мојот душевен мир.

    Хуманоста не познава граници!!!

    Насмевката добро ми стои! Што би дал, да ми ја задржиш оваа насмевка :)?
     
  19. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    070143153-вели дека телефонскиот број не постои ??? :?:
     
  20. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    ^
    Mjauuuuu пробај повторно пред некој ден сеуште беше активен има уште еден месец преостанато за донирање, можеби било само моментално... :?: