Форумџика на годината

Донираме средства за оние на кои им се потребни

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Offspring, 30 мај 2011.

  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    http://tirekovmirece.com/Novost/-Изгоре-куќата-на-Калинови-во-Дворови

    http://www.novini.mk/read/498639/golem-pozhar-vo-centarot-na-veles

    Мислам дека на ова ладно време навистина секоја помош би била добредојдена за ова семејство.
    Моментално се собира било што имате да донирате од дома.
    Стари ќебиња, (конзервирана храна), средства за чистење, финансии, било што е добредојдено.
    Ако сте од Велес и ако имате време, и тоа е добредојдена донација.
    Да не оставиме бабичките да се мрзнат на ладново.Да им помогнеме
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Aјде да се организира ваква хуманитарна акција и за Cтрумица,преубаво би било .
     
  3. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Одеднаш ми дојде идеја за хуманитарна акција. Дали знаете да некому му се потребни парични средства, облека, храна или било што? Доколку некој знае, ве молам нека ми кажи. Започнувам со организација на хуманитарната акција. Ви благодарам.
     
  4. pelikanka

    pelikanka Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Шест илјади евра, толку чини сонот на четири годишното момче Самоил, за да го види убаво лицето на неговата мајка. Самоил е роден со глауком на двете очи. Тој гледа само силуети. Надеж за него е операција во Европската очна болница во Скопје, но неговите родители не можат да му платат.

    „Ако не оди на операција ќе ослепи, така ми рекоа од болницата“, низ солзи мајката на Самоил Перијан Усеин.

    Секој ден чекање е шанса помалку за него да гледа добро. Самоил е весело дете, сака да игра со неговите браќа и сестра. Но, сам не може да се движи.

    Семејството на Самоил живее Шуто Оризари од собирање шишиња. Нашите деца не бараат многу од животот, само повеќе здравје, а другото е среќа – раскажа Перијан. Таа бара и моли кој може да им помогне, поскоро да ја платат операцијата на Самоил, за да не остане слеп.


    Жиро сметка за донација:

    500600015910810

    Стопанска Банка А. Д. Битола

    Самоил Усеин
     
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
  6. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  7. di-di3

    di-di3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Би сакала да сум дел од твојата хуманитарна акција но незнам како да ти помогнам имаш ли некоја идеа
     
  8. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    динирано за таа мала душа слатка нека оздрави побрзо
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    До сите -Петар веќе неколку дена е во Италија на операција. Сеуште немам инфо како поминала операцијата но што дознаам ке ве информирам.
     
    На sofijanoka и zalosna им се допаѓа ова.
  10. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Драги пријатели,
    Поради семејни ненадејни проблеми сакаме да се преселиме во стан , но за Жал потребна ни е покукнина,парични средства , кујна, теписони со скоро и се за бебе (детска соба, пелени,павличеви,храна,креветче,дубак....) контактирајте ме со цитирање или во лп.
    досега немавме прблеми но кога дојде делба за имот се испокараа мм со брат му и мораме да се селиме
     
  11. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Не знам дали мојот пост спаѓа тука, но јас имам еден голем проблем. Студирам втора година сум на факултет, се уште немам платено партиципација за прв семестар а уште малку ќе треба да се плати и за втор. Моите дома немаат средства за да ме финансираат, и до сега онака се крпев на факултет па моите западнаа во големи долгови. Би ми било мило доколку би имало некој кој би сакал да ми помогне. Кога ќе се вработам и би ги вратила тие пари, не би оставила така. Сакам да успеам во животот, да завршам факултет но немам средства, се чувствувам како да сум во безизлезна ситуација. Пишете доколку би сакале и сте во состојба да ми помогнете, ќе ви дадам и доказ дека парите ќе отидат на вистинското место за да бидете сигурни дека ова не е зафрканција.
     
  12. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    A дали си пробала да најдеш некаква работа? повеќето од младата популација поготово студентите студираат и работат,па така на некој начин балансираат со буџетот.
     
  13. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Се имав јавено на неколку огласи за работа но ми рекоа дека морало да бидат пријавена во завод, а не сум можела да се пријавам во завод затоа што сум студирала, па затоа поставив и таква тема на фемина каде што добив одговор дека сепак ќе може да работам особено на скратено работно време, па сега пак ќе се обидам да најдам работа, иако со факултетов времето за можност за работа е сведено на минимум, но ќе се обидам некако да ги избалансирам тие две.
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    13.084
    Пол:
    Женски
    Јас најчесто облеката ја давам на Католичката црква во Скопје.
    Секако исперена,испеглана а и неможам да ви опишам колку се среќни децата. :)
     
    На Agrona и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. Gremleenka

    Gremleenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    И јас го имам истиот проблем, за жал и многу добро знам колку е тешка ситуацијата во која се наоѓаш. Мој совет е да побараш некаква работа, било каква, да имаш колку-толку некој приход.
    Јас студирам јазици, па ставив оглас по училиштата дека држам часови по англиски јазик, па така вадам некој денар за да го поминам месецот. Се разбира не се тоа некои големи пари, помалце од потребното се, затоа што најчесто ги трошам за билети до факултетот и назад. Но што е тука е.
    Сега немам заштеда воопшто, па ќе барам од факултетот ако е можно партиципацијата да ја платам на рати. Мора да се крпи некако. :worried:

    Не знам што студираш, ете ако си на јазици можеби ти дадов идеја. А и да не си, ако ти оди математика можеш на основци барем да им помагаш и да вадиш некој денар.
    Искрено ти посакувам да доживееш подобри денови, а штом имаш волја за достигнување на своите цели ќе успееш. Со среќа!
     
  16. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    И јас се обидувам на најразлични начини да извадам некој денар, но секако не е доволно за да ги покрие трошоците кои ги создава студирањето и тоа дури ни оние најосновните. Јас се зачленив на мојагардероба, во орифлеим.. се само за да заработам некој денар, бидејќи тешко ми одеше со наоѓањето работа, не дека не сум се обидела да најдам. Се надевам дека ќе успееме и покрај сите препреки што ни ги создава животот.
     
  17. irena000

    irena000 Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас имам многу облека ама не знам на кое место можам да ја дадам, не сум запознаена со такви работи, а баш би сакала :)
     
  18. dvm

    dvm Нов член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Имам фактура за плаканје во орифлејм козметика заради мојот долг е блокиран целиот тим но немам пари да платам долгот ми е 1900 денари дали има некој кој би сакал да ми помогне би му вратила во скоро време само да се подсобереме бидејки имавем многу трошоци за убави работи но и смртен случај во домот ВЕ МОЛАМ
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Jас мислам дека во последно време "целта" на темава отиде во погрешна насока :^)
     
    На mimiiiii, glosipgirl, Srckence22 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. dvm

    dvm Нов член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас го мислам спротивното, на темава убаво насловот и гласи „ДОНОРАМЕ СРЕДСТВА ЗА ОНИЕ НА КОЈ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ„ што значи за било што да се побара пари ако се во можност фемините да помогнат. П.С Никаде нема нагласено дали е конкретно за едно нешто темава или за сите кој имаме потреба од пари .