1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донираме средства за оние на кои им се потребни

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Offspring, 30 мај 2011.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    E вакво нешто има само во бирократски држави како Мк,да висиш по институции за да донираш облека :fubar:
    Бев пред 1 недела во домот за деца без родители 11 Октомври,имав во кола 15 нови кебиња,испрани,облека од мене и од брат ми,се скоро гланц ново исто испрано и испеглано,нови пижами неотпакувани,постелнина,не сакаа ни да ми објаснаат каде треба да барам одобрување :swear: :swear:Се разочарав сакав се во канта да фрлам,немам намера да си губам време по институции,тие треба таа работа да ја вршаат не јас,бог да чува ем има луѓе кој имаат потреба од донации ем овие максимално ја усложуваат работата :x :x
    Во Австралија на 3 месеци ти оставаат ќесе во која се става старата облека на трем и после една недела поминуваат и си ги собираат,исто има Salvation Army ако имаш мебел им се јавуваш и доаѓаат го земаат а за облека само одиш и си оставаш,нема одобрување никакво какви глупости.
     
    На zhap4e и milky-candy им се допаѓа ова.
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас веќе одамна ја донирав мојата стара детска облека, т.е. им ја дадов на локалните циганчиња во мојот град. Исто и играчки...Ама може и други работи да се донираат, пример може да се организира некоја акција и секој да купи по нешто за 50 до 100 денари, јадење, играчки...и да им се дадат на децата што се згрижени во домови. Само за тоа треба организација, а вака по форум тешко дека може да се организира.
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    И јас се сложувам со тоа дека е подобро да се донира на некое семејство.
     
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Супер идеа :clap:
    Само гледам сите ќе донираме ама сите не сме од исти градови :?:
    Па ако може подобро да се организираме :!:
    На пр. од секој град да се најде член кој ќе раководи мислам збира и дава :)
    Јас досега не сум донирала ама сакам,па имам дома некои играчки и облека :)
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    Девојки вака.. Јас сум во потрага по сиромашно семејство и денес ќе ми кажат за семејство во Велес.
    Во меѓувреме ми текна на една многу сиромашна фамилија во село во Струмица кадешто другарка моја однесе некои прехрамбени произвои и кажа дека било многу жално и ништо немале..
    Жената и кажала и дека потребна им е печка на дрва, зошто нмаат какко да се згреат, па апелирам сега до сите да проверите по гаражи и подруми дали имате некоја печка на дрва која не ја користите?? Ја знам дека ние дома имавме, ама сме ја дале, па затоа претпоставувам дека можеби и некој од вас има.
    Доколку најдете пишете ми ЛП или тука, па ќе се снајдеме за превоз (и ќе побараме помош од форумџики струмичанки).

    Ајде хумани жени, сите трк по подруми, проверете :)
     
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    КукличкаСК,пребарај по сториите на А1 повеќе за семејства на кои им е потребна помош.А за семејството од Струмица,мислам дека знам за кое семејство станува збор (ако е тоа она што го даваа на а1 како сторија),греалка немам,но би сакала да помогнам со храна и облека.Незнам ни каде се наоѓа и каде живее оваа семејство но ако нешто се организира јас ќе следам преку темава.

    Во меѓувреме ако имам некои инфрмации за било каква хуманитарна организација и помош,ќе ви пишам.

    Инаку,ме разочара текстот погоре на bittersweet,што мора да бараш одобрување и ти поставуваат триста процедури само затоа што сакаш да помогнеш во домот за деца.Зошто едноставно не ја прифатат помошта а потоа тие самите да си ги истрчкаат тие работи.
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    Тоа семејство е.. Ќе донираме и храна и облека, само да видиме дали ќе се најде некој што ке донира печка на дрва :)
     
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ајде и јас сакам да учествувам...си идам за три дена доле..облека,играчки,пари што ли треба и каде треба само вие обавестејте ме....
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    Ајдеее акција.. Доста беше зборување. :)
    Имаме целна група, 6 члено, многу сиромашно семејство од Велес, без основни услови за живот.
    Затоа сите кои сакаат и можат да донираат:
    - конзервирана храна, брашно, зејтин, шеќер
    - хигиенски производи
    - здрава облека
    - ќебиња

    а се од Скопје или Велес, нека ме контактираат мене по ЛП и ќе се договориме како да ги земеме работите!

    Доколку има некој којшто не е од овие градови, а сака да донира, не се секирајте, ќе најдеме некое семејство и во вашите градови.
    (или можеби сакате да дојдете и вие до Велес па сега да донирате) :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Супер идеја, можеме и да се видиме во Велес :) Јас вечерва ќе соберам што имам и ќе спакувам. :)
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Темава ја читав сабајлево ... и навистина сакам да неостане само на празни зборови.
    Случајно (мада сметам дека ништо не е случајно) денес во канцеларија дојдоа две девојки кои продаваа некои списанија, а собраните средства овој пат биле наменети за семејства кои згрижуваат деца со посебни потреби.
    Добив информација од нив дека во општина Македонски Брод има четири такви семејства. Во едно од нив, луѓето покрај своите деца чуваат уште едно дете со посебни потреби ( ова не му е прв пат). Ме воодушеви тоа што ми го кажа девојката. Имено, девојкава случајно продавајќи ги списанијата налетала на овој човек.... и замислете и тој донирал 100 ден. и покрај тоа што едвај поврзува крај со крај. Колку само има големи луѓе во нашава мала држава.
    Ми дадоа и број од општината, па ако можеме да пратиме гардероба и играчки би било супер. Доволно е од било каде да се пратат по автобус, да јавиме за да ги пречекаат и да чекаме да ни кажат дека сме виновни за насмевката на некое дете :)
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Познавам семејство на кое навистина им е потребна помош.
    Мислам, лично не ги познавам, ама доста ги сретнувам пред нивната куќа.
    Девојченцето сум го видела на -15 како шета со искинато џемперче. Грев беше. А дедо му ( а можеби и татко :worried: ) го испраќаше секој ден до училиште.
    Мнооогу сакам, отсекогаш сум сакала да им помогнам на некој начин, барем мојата облека стара да им ја дадам. Ама не знам како да го направам тој чекор. Немој погрешно да бидам сфатена.
    Како да пристапам?
     
  13. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Ако мислиш дека би се засрамиле од тоа шти ти им пружаш помош (иако мислам дека нема од што да се срамат) зошто не ставиш облека испеглана и испрана во една кутија и остави ја пред нивната врата. Напиши на ливче дека е подарок. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^ Помислив на вакво нешто, и најверојатно така и ќе направам.
    Мислам нема смисла, ќе паднеме во незгодно и двете страни доколку дојдеме во контакт.
    Никогаш не се знае, ама човек знае и погрешно да те сфати.
     
  15. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Да, може. Затоа, најдобро вака :)
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    Бројче, можеш да кажеш дека имаш искрени намери и дека не сакаш да ги навредиш. Сепак, ако навистина немаат ќе прифатат.
    Јас вчера видов пред зграда постар човек, македонец, облечен во мантил и ракавици, бркаше по контењери. Срцето ми се згрчи. Видов дека во џеб имам 30 денари и отидов да му ги дадам. Дечко ми, ми викаше дека ќе го навредам, ама не можев да останам така, и му реков дека не сакам да го навредам, и ако сака да ги прифати тие малку пари кои можам да му ги дадам.
    тој ме погледна со насолзени очи и ми рече- фала многу...
    Јас знам дека не му дадов многу, ама толку имав и мислам дека се израдува бар малку.


    Можеш ова да го искористиш како пример како да пристапиш !
     
    На LUNA.girl, mamma-mia, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Прекрасно од тебе Кукличке, ама сепак не можеме да знаеме како ќе изреагира тој некој на кој ние мислиме дека му е потребна помош. Ете Бројче може да постапи така, бидејќи и е страв да не се навредат. Плус, во близина се и може во било кое време анонимно да им ја достави помошта. Не е потребно да и се заблагодарат лично, препоставувам доволно ќе и биде тоа што помогнала. Во твојот случај, можеби немало да го видиш човекот повторно и си чувствувала потреба да помогнеш :) Мислам дека е потребно да се врати човечноста во луѓето..
    :*
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    ^^ Човечни се луѓето, само треба некој да ги потсети ;)
    Инаку, во ред е да го даде како поклон, но мора да има некаков план што да каже ако се појават луѓето кога тоа го прави :) Сепак треба да остави кутија со работи во куќа и некој може да ја види.
    Плус тоа, верувај, дека луѓето кои буквално немаат ништо, имаат изгубено секакво достоинство и нив не ги навредува помош. Добредојдена им е :)
     
  19. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Имаше една скитничка кај Специјал што е пред Кисела вода, се моташе секогаш таму позади тие зградите. Јас и дечко ми секогаш кога поминувавме и остававме по неколку денари(20,30,50) на едно ѕидче, а таа си ги земаше и климнуваше со главата од благодарност. Да не ме сфатите погрешно, таа не питаше, ние сами и оставивме така пари, затоа и ги оставивме на ѕидчето, да не случајно се навреди ако и ги дадеме лично, а таа самата не бара.
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    Дечки и девојки.
    Најверојатно ќе се оди во недела за Велес. И се пријавија некои форумџики за донации, но да ве потсетам дека сеуште можете да донирате облека или храна до утре вечер, за да однесеме повеќе работи на семејството :)