Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донираме средства за оние на кои им се потребни

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Offspring, 30 мај 2011.

  1. jupiter1

    jupiter1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    @besafetested би ти помогнала но не сум во можност ако ти нешто значи пробај вака една комшика стално така прави, иде само поручек на преглед кога матичниот не и на смена и иде само кај тие што се итна помош, ништо тие не наплакаат ни за преглед ни тогас ако ти стават некои инекции и инхалација, на итна помош е се без пари, ке си купиш од аптека само лековите што ке ти ги препишат а и искрено изгледа тие од итна повеке помош и внимание обрнуваат. иди кај нив во било која амбуланта ништо нема да ти наплатат.
     
  2. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
  3. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
  4. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам,дали функционира уште телефонот што го објави Министерството за социјала и труд,за донирање мебел за тие што им треба.
     
  6. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Потребна е поголема количина на ПЛАЗМА од КРВНА ГРУПА АБ+ (Позитив). Сите хумани луѓе кои што можат да излезат во пресрет и се желни да донираат крв од оваа крвна група истото можат да го сторат на Клиниката за Трансфузиологија при Клиничкиот Центар во Скопје секој ден до 18:30 часот со посебна назнака дека крвта се донира за изработка на плазма за пациент Лидија Јанева од УК за ХЕМАТОЛОГИЈА Скопје. Телефон за контакт со фамилијата 077 736 026 и 075 396 054
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Edna molba od tatko na dete so autizam : ajde simnete ja aplikacijata SLIKO ZBOR od Play store. Ja napravi dete 8-mo oddelenie Darijan Sekerov za decava so autizam i za da ostane na Play Store treba da ima mnogu simnuvanja za 24 casa. Toj ponatamu ke ja nadgraduva. Posle izbrishete ja ako sakate. Fala mnogu
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Постирам во темава, затоа што е некако најактивна...

    Вечерва, 20 часот, ,,Децата од нашата улица,, . :)

    Да и помогнеме на Искра во остварување на нејзините соништа. Да и го овозможиме движењето, таа е интелигенција во движење! :l:
    [​IMG]

    http://www.radiomof.mk/iskra-doneva-so-poezija-im-vozvrakjam-na-lugjeto-koi-sakaat-da-mi-pomognat/
    http://www.k3.mk/category/index/1/0/449
    http://mojden.mk/events/zaiskrapromocii
    http://helloskopje.com/2016/01/19/хуманитарен-настан-за-искра/
    http://interesno.com.mk/makedonija/39-makedonija/39972-od-srce-za-iskra
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Дали е завршено донирањето, јас ја имам таа крвна група?

    Патем до сите хумани луѓе
    https://www.facebook.com/events/172964736403005/
    се гледаме во сабота, #ретвитниоброк и ти:f:
     
  10. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Не е. Потребна е голема количина на плазма.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Мене ме вратија

    1. наводно собрано било доволно количина на плазма за жената, иако два пати се консултирав со синот на жената и рече дека не
    2. моментално сум ја немала потребната килажа од мин. 55кг за воопшто да можам да донирам

    Најдобро би било да се јавите на трансфузиологија пред да одите, да не ве вратат бадијала.
     
    На Nova му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Браво за гестот! Големо браво!!!

    За другото стварно не знам што да речам, и јас добив инфо дека уште не е собрана потребната количина ( утрово ) ...
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Биди човек, подари книга! Граѓанска иницијатива за собирање книги, овојпат за затворските библиотеки. Утре од 11-15 часот. Локација Аминта трети 29, подетално инфо на линкот.

    Исто така апел за помош на семејството Фејзула, на коешто во пожар изгоре целиот стан.
    Облека за двете дечиња е обезбедена, меѓутоа сите коишто се во можност да помогнат околу санацијата на домот; работна рака, материјали, мебел, покуќнина, можат да се јават на следниот број 070220225.
     
  14. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Dali ima nekoj koj bi sakal da mi donira hrana? Nerasipliva se razbira. Pisete privatno . Vi blagodaram
     
  15. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Itno mi se potrebni peleni 16+ kg. Ve molam pomognete mi.
     
  16. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    “Драги пријатели, во духот на Божиќните празници, преку кои се доближуваме до божественоста и добрината во себе, обично преку опсипување со подароци на оние кои најмногу ги сакаме, ајде да направиме уште едно добро дело да ги опсипеме со подароци и поклони оние на кои баш сега во овој период најмногу им треба. Овој месец не контактираше Јасна- самохрана мајка со болен син, која живее во исклучително тешки услови под кирија и а нејзиниот син има многу здраствени проблеми поради кои летоска има поминато операција на белите дробови. Бевме, ја посетивме и однесовме храна и поклони. Но, сепак поради тешката состојба во која се наоѓа и неопходни и се лекови, храна, и финансиска помош за лековите и киријата , па се обраќаме до Вас добри луѓе -кој колку може и ако е во состојба нека и помогне на Јасна и нејзиниот син.

    За повеќе информации можете да не контактирате во инбокс или на телефон 070 378 391”

    [​IMG][​IMG]

    Семејството го посети и екипата на Вистински дела на љубезност.

    “Вчера ја посетивме самохраната мајка Јасна во К. Вода. Таа живее со својот 30-годишен син кој е болен од епилепсија, имал операција на белите дробови и срцето. Живеат во многу лоши услови, со премногу влага, поради дотрајаната инсталација не можат да ја уклучат на максимум малата греалка.
    Најголемите потреби во моментов се наоѓање на работа на мајката (има искуство со чување на деца и со чистење).
    Исто така потребно е итно реновирање на една соба и купатило – колку што користат од малото куќарче, во продолжение е спецификација на потребниот градежен материјал:
    – лепак 5 вреќи х 25 кг.
    – подлога 5 литри
    – мрежа 50 метри – 1 ролна
    – 2 канти Југофлор х 25 л
    – 3 л. бела боја за дрво
    – 1 л сандолин
    – изолација
    – 12 м2 ламинат или друг материјал за подна површина
    Доколку имате можност да донирате, контактирајте не, ќе ве поврземе дирекно, се разбира со претходно одобрување на Јасна.”

    [​IMG]

    Да покажеме уште еднаш сите заедно дека можеме да помогнеме!

    Семејството го посети и екипата на Вистински дела на љубезност.

    “Вчера ја посетивме самохраната мајка Јасна во К. Вода. Таа живее со својот 30-годишен син кој е болен од епилепсија, имал операција на белите дробови и срцето. Живеат во многу лоши услови, со премногу влага, поради дотрајаната инсталација не можат да ја уклучат на максимум малата греалка.
    Најголемите потреби во моментов се наоѓање на работа на мајката (има искуство со чување на деца и со чистење).
    Исто така потребно е итно реновирање на една соба и купатило – колку што користат од малото куќарче, во продолжение е спецификација на потребниот градежен материјал:
    – лепак 5 вреќи х 25 кг.
    – подлога 5 литри
    – мрежа 50 метри – 1 ролна
    – 2 канти Југофлор х 25 л
    – 3 л. бела боја за дрво
    – 1 л сандолин
    – изолација
    – 12 м2 ламинат или друг материјал за подна површина
    Доколку имате можност да донирате, контактирајте не, ќе ве поврземе дирекно, се разбира со претходно одобрување на Јасна.”

    [​IMG]

    Да покажеме уште еднаш сите заедно дека можеме да помогнеме!


    *************

    Долгови и празна трпеза

    Семејството Соколски од Прилеп живее во руинирана куќа, на една плата која не стигнува само за сметки и стари долгови. Трпезата им е скромна, а здравјето на родителите нарушено.За нив досега ниту една институција не покажа интерес.

    Куќата им се распаѓа, таванот може да им се сруши врз главите секој момент, при секој дожд, вода им тече низ покривот, по ѕидовите. Вратите зјаат, низ прозорците дува, па речиси и да не останува топлина во малата собичка, каде оганот гори само кога има искршени суви гранки собрани крај реката. Со страв, неизвесност, несигурност, во глад и сиромаштија, страдања и солзи е полна оваа руинирана куќа на четиричленото семејство Соколоски од Прилеп. Мајката Васе Соколоска се чувствува немоќна и разочарана од животот, што ги пречекува и испраќа своите деца со празна или трпеза на која се сервира само леб, компири и маргарин.

    „Кога ќе врне нема чадорчиња, нема обувки, облека и така и така, што ни даваат луѓе и за храна и за прехрана, од луѓе, од кај сестра, брат, комшии. И здравствената состојба со сопругот не ни е добра, страдам од дијабет, висок притисок, отежнато дишење, не можам да одам, не сум работоспособна“, вели мајката Васе.

    Живеат со нешто повеќе од 3000 денари, зашто со наплата на извршните решенија за стари долгови за струја и вода, толку им остануваат. Васе е дијабетичар, а има и други здравствени проблеми, но таа не оди на контроли, бидејќи кредитот што го подигнале пред години, додека била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје, се уште не можат да го исплатат. Сопругот Жарко жилаво се бори со животот, како градежен работник и на студ и на пеколни жештини работи за сатница од 50 денари. Но, не секогаш може да ја оствари и нормата. А, вели барал помош од секаде.

    „Десет илјади и 800 денари платата ми е, и во моментов плаќам за струја 2.000 и 3.300 за вода и со другите задршки некаде околу 6.000-7.000 денари идат целосно задршки, па за живот дома од 3.000-4.000 денари повеќе не се. Кој ми верува, имам и позајмено. некаде имам вратено многу помалку, а имам и долгови кај пријатели, другари“, вели таткото Жарко.

    Помалата ќерка Марија има 12, а поголемата Мартина има 16 години, учи средно медицинско училиште и сонува да биде доктор, за да се грижи за здравјето на своите родители и посебно за сиромашните граѓани. Деновите на стравотна сиромаштија, кога не можат со својата сестричка да се радуваат на празниците, на новата година, на родендените, таа ги полни со проза. Ја напиша својата прва книга и веќе има понуда за спонзорство од една печатница. Со денови во студ, пешачи до своите роднини кои живеат на другиот крај од градот, за да го внесе ракописот во компјутер, бидејќи нема свој. Мартина сонува со отворени очи, сонот веќе го испиша во нова тетратка...И се надева дека нејзиното семејство ќе добие помош,а таа стипендија, дека ќе го продолжи школување, и своето семејство ќе го извлече од оваа беда.

    А, родителите исплашени за здравјето, животот, за судбината на своите деца, молат за помош. Овие луѓе живеат на раб на егзистенцијата, за нив ниту една институција не покажа интерес.

    Доколку сте во можност да им помогнете, контактирајте го ова семејство на тел:075565573 или уплатете им донација на трансакциска сметка: 200002981031443 во Стопанска банка А.Д. Скопје-филија Прилеп, на име Васе Соколоска.
     
    Последна измена: 5 февруари 2016
  17. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
  18. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Речиси секој агол од паркот во Чаир станал дом и кревет за брачниот пар Ибе и Сервет Беќири од Скопје. Тие се на 54 години возраст и за жал се принудени да спијат и на улица. Велат дека сопственикот на станот каде што живееле под кирија ги отстранил бидејќи го продал. Единственото нешто што имаат се овие два картона во рацете и ги користат како кревет за спиење. Очајни од страдањата со кои секојдневно се соочуваат тие апелираат до сите хумани луѓе за помош, за да им обезбедат една соба, пренесува Алсат-М.

    „На земја ќе спијам никому ништо нема да му барам, без леб ќе седам, само една соба да имаме да не нè врне дожд и да не нè дува ветер. Тоа ми треба, не сакам ништо повеќе. Тука надвор спиевме во текот на ноќта, заспавме, накај 3 часот наутро се разбудивме од лаењето на кучињата, се будевме полека да не нè слушне некое“, рече Ибе Беќири.

    Сервет Беќири раскажува дека многу пати конкурирале за социјален стан, но немале среќа да добијат.

    „Три четири пати имаше конкурси за социјални станови, секој пат ме одбиваа. Барам каде да најдам некаде. Киријата е многу скапа 150-200 евра, тоа е лошо. Се надевам, верувам дека има хумани луѓе, има добри луѓе, да ми помогнат да обезбедам покрив над главата. Да најдам работа е уште подобро. Излегувам по Чаир, по чаршија да видам дали има нешто за товарање или за растовар. Би работел сè додека сум здрав…“, вели Сервет Беќири.

    Она што го прави овој случај уште потрагичен се многубројните болести кои ги има Ибе. Има и епилепсијата. Поради сиромаштијата често пати останува без терапија.

    „Јас сум болна, мажот излегува бара работа, кога нема се враќа дома, што да правиме, каде да одиме … Од епилепсија боледувам 20 години. Треба апчиња едвај ги купувам, се задолжувам, а тој долг треба да се врати никој не ти простува“, додава Ибе Беќири.

    Беќири велат дека постојано живеле под кирија и во сиромаштија, а немаат ни деца. Ги оставивме во паркот во потрага по место каде вечерва да ја поминат ноќта. Заинтересираните кои сакаат да им помогнат може да се јават на телефонскиот број:

    +389 76 588 271

    Сервет Беќири, населба Чаир, Скопје


    http://www.libertas.mk/видео-брачниот-пар-беќири-остана-на-ул/


    ;(;(;(
     
  19. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Dali ima nekoja majka da mi podari nova maska obleka za dete od 4 godini?
     
  20. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Ве молам дали има некој кој може да ми помогне?
     
    На Nazmijeazizoskaa му/ѝ се допаѓа ова.