1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донираме средства за оние на кои им се потребни

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Offspring, 30 мај 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да надополнам. Утре некаде пред 2 часот да се најдеме некаде со некои велешки форумџики за да собереме се што има, па потоа да и ги предадеме средствата на Кукличка да ги однесе. Кој сака нека пише тука или нека ме контактира по ЛП. :)
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    :bow: за сите девојки што ќе бидат дел од првата форумска донација.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    помагајте секогаш и не се прашувајте дали треба или како ќе ве сватат..верувајте тие се сваќаат подобро од нас зошто се борат за гол живот буткајќи ги количките со пластика...јас давам секој ден или им купувам по нешто за јадење па тоа им го давам...посебно на децата..така ќе знам дека е за нив..и да, тие се радуваат и на играчки ,вистински им се радуваат па деца се нели..и така и на мене поарно ми доаѓа бидејќи за момент заборавам дека тоа е толку недостоинствено и страшно и дека за жал сме сите соучесници во таа неправда...до еден...
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Ова денес се појави на фб,се повикуваат хумани луѓе доколку можат да помогнат.
     
  5. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Јас сум оваа крвна група ама давав пред точно 1 месец крв ( на 14ти мај) и сега не смеам :(
    За облека немам зошто ја давам на комшиче едно, немаат многу средства па им помагаме некако
    а за кукли, плишани мечиња имам еден куп, кажете ми само каде кога ќе ви ги дадам без проблем!
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.963
    Дечки, денес бев во Велес да ја однесам донацијата, и иако досега сум посетувала сиромашни семејства, денес буквално останав без зборови.
    На врвот на еден рид, семејството живееше во трошна куќичка, без струја, без вода, без канализација и веце... Беа 6 дечиња, неизбањати, испрљани, а родителите беа истрошени и изморени луѓе..
    Децата се стрчаа до пакетот , и ги извадија сите чоколади и смоки, а мајката се израдува на оризот и брашното. Им однесов цел пакет со храна, (МајГрл благодарам) , многу облека, шампони и сапуни.
    Многу потресна слика, и искрено ми е мило што ова се организираше и најискрено се надевам дека во иднина ке има многу повеќе донации од повеќе формуџики...

    За семејствово во Велес, доколку некој сака да донира, а не успеа да го направи тоа до сега, нека отиде во Црвен Крст Велес, и нека каже дека ова е донација за семејството од ридот со 6 деца.. Тие ќе ја однесат дефинитивно~ Прекрасни се дечките :)
     
    На ane.bella, Annath, unhappyy и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Леле жалните :( Можам да замислам како радосно им светкале очињата на дечињата... :( Срциња... :(
     
  8. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    KuklickaSk :clap: мило ми е што успешно завршила првата акција организирана на фемина,и секако многу убаво од тебе за твоето не себично залагање како и на mygirl.Се радувам за дечињата што за момент биле среќни.
    Се надевам и јас дека во иднина ќе има и други успешни акции.
    Јас сум од источна Македонија па затоа неможев да се вклучам во оваа хуманитарна акција.За секоја наредна која ќе биде блиску до мене ќе се залагам колку што е во моја можност да помогнам.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.963
    И заложба на Оффи секако :)

    Инаку, еве еден предизвик за Прилепчани .. Ако ви треба помош за организација контактирајте ме.. Исто така, знам дека е малку незгодно да се сретнеш со луѓе кои пишуваат на форумот а се од истиот град, и затоа можеби не се вклучуваат многу девојки, она што би можеле да го направите е да оденесете сите оделно на едно семејство што имате, и така нема да се сретнете, а ќе помогнете заеднички ;)

    Солзи, мизерија и беда. Јадат еднаш во денот, носат само стари алишта кои некој им ги подарил, никогаш не купиле нови. Немаат ниту сопствен стан, живеат под кирија за која немаат ниту пари редовно да ја плаќаат.

    Четири членото семејство Ангелески од Прилеп живее во вистинска сиромаштија.

    Нелита Ангелеска е невработена, а Тони со неколку болести не е работоспособен, живеат само со 6.000 денари месечно постојана парична помош.

    „Дечињата се навикнаа на ваков тежок живот, тие си бараат сакаат млеко, чокаладо, кога имам им купувам, кога немам нема, од нашето делиме, еднаш во денот јадиме само тие да имаат“, низ солзи раскажува Нелита Ангелеска.

    „Ова сето што го гледате во станот ни е дадено од роднини и пријатели, и масата и столиците и каучот, тоа што не го користат ни го даваат, ние лично немаме ништо наше“, вели со болка Тони Ангелески.

    Немаат пари ниту за соодветна хигиена, прашакот за перење и сапунот им се луксуз, се плашат дека децата ќе се разболат од таквите услови. Заборавиле кога последен пат зготвиле нешто на кујнскиот шпорет, а во фрижидерот наместо храна претежно има лекови за нивната болна ќерка.

    „Кога имаше една година ќерка ми доби грчеви, од тогаш се искомплицираа сите работи, доби и преплет на цревата, сега каде? Дали по неа да трчаме, дали по нас, пари немаме за ништо“, вели Тони Ангелeски.

    „Сакам државата да ми обезбеди постојан работен однос некаде за да можам да ги прехранам децата. Како и сите и јас сакам моите деца да имаат еден пристоен живот, едно пристојно детство“, повторно низ солзи кажува Нелита Ангелеска.

    Бараат државата или хумани луѓе да им помогнат бидејќи велат повеќе не се издржува вака. Се плашат најмногу од зимата бидејќи ќе немаат пари да ги платат сметките за струја.

    Телефон за контакт со семејството Ангелески:

    070 - 499 - 876

    e-mail: pomoszanelitaitoni@yahoo.com

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129136
     
    На srcekrsacka, peperutkaa, Acerola и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Девојки можам и јас да помогнам. Само мене не ме води патот накај прилеп. Но може да ги пуштам работите по автобус па некоја феминка да ги пречека. Кукличка колкавки се децата? Да знам кој број алешта да им пуштам.
     
  11. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Девојки Штипјанки. Јас го исконтактирав одговорниот од Црвен Крст - Штип за донирање облека. Ми рече дека еднаш месечно им носеле на пријавените семејства облека. Па доколку сакате да донирате можете да ја однесете облеката тие ќе им ја предадат. Јас ќе носам оваа недела, па ако има некој заинтересиран може да однесе. Ќе израдувате многу семејства. :)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Драги хуманисти !!!
    СЕ БАРА КРВНА ГРУПА Б НЕГАТИВ КОНТАКТ 077732342
    БЛАГОДАРАИМЕ ОДНАПРЕД!
    рашири глас!!!!! нека се јави и помогни секој што може...
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    секој кој може да донира крв ги замолувам да се јават на бројот за контакти...
     
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    18 годишно девојче од Кавадарци се бори за живот во моментов, инаку боледува од леукемија. Итно е потребна крвна група А-(негатив).Ве молам доколку сакате да помогнете, одете до државна да дарувате крв или јавете се на бројов 078 401 542 за информации. И бидете хумани, споделете го ова, се работи за човечки живот.
     
  15. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    crazylady се извинувам ама малку е касно за твојот пост. ;(
     
  16. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297


    зошто касно? Јас сум позитивна група ама ме интересира зошто е касно?
     
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    девојчето не е веќе меѓу нас ;( ;( јас не знаев дека е болно девојчето, воопшто не ми изгледаше за така ;( ја знаев онака само на изглед! Почивај во мир ;(

    иначе што треба да направам за да донирам облека во црвен крст?? има некој процес или дирекно можам??
     
  18. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    И ние знаевме дека е крај, дека се излечи, но се се случи наеднаш. ;(

    Оди дирекно во Црвен Крст центарот во твојот град и остави ја облеката :)
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :clap: за првата хуманитарна акција, штета што не бев дел од истата
    инаку сите стари парчиња облека ги собирам во кеси и ги носам во Соборниот Храм, а на лугето што просат, не е важно дали се Македонци, Роми, или некоја друга националност,дечиња или возрасни им давам колку имам(10, 20,50 или по некоја ситна паричка зависи колку пари носам со мене)

    инаку завчера со другарка ми кога бев на кафе, ми се доблизи едно девојче и ме праша дали имам да и дадам 10 денари за лебче,веднаш и дадов без размислување, и мислам дека бев единствена од цел кафич, па си добив надимак Мајка Тереза-сакам да помагам на оние кои немаат, колку мозам секако
     
  20. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    61
    Дали ќе можи да објавуваме и на профилите од фејс од постовите што се бара дарување на крв,можеби така ќе помогниме?