1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донираме средства за оние на кои им се потребни

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Offspring, 30 мај 2011.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.786
    Пол:
    Женски
    Има ли потреба некој од кревет седмосед (тросед, двосед и ќош кој ги поврзува двата дела)?
    Функционални се, ги подарувам
     
    На dromka, g8lQQk и magnolija09 им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Луѓе , налетав на оваа објава од самохрана мајка , ве молам кој колку и што може да помогне .
    Screenshot_2020-08-11-16-03-02.png

    Како може да има толку несовесни во оваа држава , од 2013 на жената и е укината социјална помош , добива помош само од ЦК и хумани луѓе .. Жената е болна и слабо подвижна колку што разбрав од постовите на ФБ ..
     
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Дечки имам плишани мечиња кои не ми се потребни, каде може да ги донирам? :hug:
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    можеш на фб да ги побараш хуманитарна организација,,Свети Спас,,:l:
     
    На Laufinam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    najubavo odnesi gi vo dom za deca bez roditeli ili vo bolnica kade se lecat decinja, ili detska gradinka
     
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Неколку пати низ разговор со луѓе од хуманитарна организација кој редовно им носат храна, ми имаат кажано дека се и имаат купено на оваа жена од шпорет, машина за перење, компјутер за децата, куќата и ја имаат реновирано, но дека се што и дале злоупотребила и продала за пари и затоа сега нема и повторно бара и дека дури и да сака некој да им донира пак преку нив му кажуваат каква е ситуацијата дека се злоупотребува помошта веднаш.
    Дури и жената од хуманитарна организација ми кажа дека толку напорен човек што нема осет колку бара немаат во евиденција на луѓе кој им треба помош.
     
    На SummerGirl и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Еден пат ќе решам да објавам ваков пост , и тој ќе го утнам (facepalm) добро е што сподели , да знам за друг пат два пати да проверувам пред да споделам :!: . Мене дури жал ми падна за женава , го проверив нејзиниот профил и колку што сфатив е слабо подвижна , деца мали , куќата речиси празна .. а всушност можеби тие слики се од порано ..

    На сите членки кои донирале им се извинувам од се срце . Не знаев дека се работи за жена што ја злоупотребува помошта што и е пружена .

    Уште еднаш , благодарност до членката што ја сподели информацијата .
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Маж ми има колега кој живее во близина. Тоа што го пишува за женава дека злоупотребува помош, е точно. Се чудам како не и е срам.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Да , верувам , затоа велам еднаш ќе решам да споделам и тогаш ќе утнам (facepalm) абе талент сум :drunk: .

    Искрено и јас се чудам како нема грам срам да прави така . Ем ги препродала работите , ем пак бара помош .. можеби и за социјалната лаже ..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Не се чуди. Колку ги има такви во Дај не фрлај...на фб. Ужас. На вакви денар не давам.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Драгана е 28 годишна мајка на две дечиња кои имаат 5 и 2 години... Боледува од Кронова болест, но и страшна рана (не сум лекар, но мислам дека е гангрена) на левата нога. Живее со огромни болки и се лекува во домашни услови затоа што (замислете!!!) нема доволно капацитети да биде примена на болничко лекување. Таа е целосно изнемоштен од болките и не е во состојба да станува од кревет... Нашата хуманитарна организација вчера ја посети Драгана и благодарение на наш поддржувач од Германија купи преврски за три дена, но...
    Лекувањето во домашни услови е невозможно финансиски (за три преврски дневно се потребни над 1600 денари), но и од практични причини (преголем болка, дури и при најнежен допир). Оваа мајка не може да си ги прегрне децата од болки... А нашата држава не е во состојба да помогне!!!
    Простете, но вие сте ДОЛЖНИ веднаш да реагирате и да и помогнете на оваа наша сестра!!!
    Венко Филипче
    , дали ќе дозволите да продолжи агонијата на оваа жена? Дали ќе преземете нешто за таа да може да го продолжи својот живот и да ги израсне своите деца? Или ќе ја игнорирате и ќе ја оставите со нејзините болки?
    Покажете и докажете дека навистина ја почитувате Хипократовата заклетва и реагирајте веднаш!!!
    Ве молам, споделувајте и означувајте ги сите кои можат да помогнат!!!
    Видеото е со вознемирувачка содржина!!!

    https://www.facebook.com/100000340066183/videos/pcb.1261590430865859/3341631902524779/
     
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    [ Донирај облека и Компјутер за Јован, 6-то одделение ]
    Ве молам кој има облека за момче од 6то одделение, стар функционален лаптоп, компјутер и било што што може да му помогне на Јован за да учи и напредува - нека донесе утре од 9-21ч. на Бродот на Среќата (првиот брод до Холидеј Ин).
    Јован живее со својот татко кој собира пластични шишиња за да преживеат. За жал Јован имал неуспешна операција на колковите и криви и се чека да се каже за нова операција. И покрај неговата ситуација ова дете е толку позитивно и желно да учи и еден ден сум сигурна дека ќе биде пример за сите.
    Ве молам да му се најдеме. Пишете ми кој може и се гледаме.
    Ways2Help Community
    Ways2Help



    https://www.facebook.com/photo?fbid=10158525113078446&set=a.401913303445
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.084
    Пол:
    Женски
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.084
    Пол:
    Женски
    118713055_3450300198342609_7012368044325257785_o.jpg
     
    На WaitTillTheEnd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    На профилот на Ина Многуфина на фб има споделено апел за чомош на малиот Ѓорѓи . Ѓорѓи е роден во 32-ра гестациска недела во Прилеп , по што поради компликации , веќе два месеци е на детската клиника во Скопје . Боледува од Хидроцефалус , опериран е на 28.08 , за сега е добар и добро ја издржува борбата , но ќе треба терапија која неговите родители не се во можност да ја обезбедат . Повеќе информации ќе најдете на профилот на Ина Многуфина ( побарајте ја објавата и обратете се кај жената што има објавено апел за помош , бидејќи нема ниту телефонски броеви споделено , ниту други информации за родителите на Ѓорѓи , освен слика од сметка за банкомат ) .
     
    На WaitTillTheEnd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    16.951
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1600336337913.jpg Screenshot_20200917-115235_Facebook.jpg
     
    На **prcla** и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Улица Милан Мијалковиќ бр.69, населба Пржино, Скопје.

    Во месец Септември 2020 година, во скопската населба Кисела Вода живее Боривоје Грујиќ - Борче. Борче има 36 години.

    Борче има проблем со менталното здравје, Борче е ментално попречен и ограничен, Борче е правно неспособно лице, лице без деловна способност. Борче живее сам, без мајка и без татко, без лице кое би се грижело за него.

    Борче нема лична карта, нема никакви лични документи и е лице со нарушен вид. Ноќно време не излегува бидејќи нема струја во преспивалиштето, ниту пак гледа добро. Легнува во 9 часот навечер, и станува во 5 часот наутро.

    Борче живее во напуштена руинирана колиба, без струја, без вода и со неизвесен оброк во текот на денот.

    Борче можете да го сретнете секој ден на контејнерите во населба Кисела Вода. Борче собира храна за животните со кои што го дели кровот и постелата.

    Борче живее со 4 кози, 3 кокошки и едно прекрасно куче во богата скопска населба Пржино во трошната куќарка помеѓу 2 скопски "неколку катници" вили.

    Борче нема никакво греење а наближува студеното време.

    Борче спие на распаднат душек и нема достоинствен кревет.

    Борче живее во влага, без услови за лична хигиена во услови на глобална пандемија од корона. Борче се нема искапено ниту потстрижено со месеци, можеби подолго од година. Борче нема заштитна респираторна маска, бидејќи не може да си ја дозволи.

    Борче живее од јадење на јаболка кои што му растат во дворот, неколку јајца од кокошките и сув леб.

    Козите на Борче не даваат млеко будејќи се неухранети. Се хранат од околните пасишта на самите падини од Водно, непосредно над руиниранато ѓубриште во кое живее.

    Борче е омразуван од страна на соседите. Сепак се работи за лице со ментална ограниченост и спреченост, за нив тој е обичен просјак којшто смрди, често е напаѓан од страна на соседите во населбата, а многу поретко помаган од истите со кои што живее со најблиското соседство.

    Борче е доста срамежлив, скромен и ве нуди со тоа што го има во својот скромен дом. Благодарен е доколку му дадете облека, храна или некој денар да си купи малку храна и вода за пиење.

    Борче не е приклучен на градската водоводна мрежа поради неплатени долгови, и пие вода со кафеакаста боја од својот двор, ископана од бунар.

    Борче нема струја, вода, храна, греење, нема никакви примања ниту лична документација, нема лекарства, нема пристап до здравствено осигурување ниту пак пристап до социјалната помош која по закон му следува на секое неимотно и правно непособно лице со ментална попреченост, лице кое живее на маргините на општеството. Лице кое што живее и спие со животни во Септември 2020 година.

    Додека се занимаваме со најбанални политики и сосема небитни работи, има луѓе кои не можат да преживеат и се на работат на егзистенцијата, ограничени до пристап од општествена помош поради правна неспособност.

    Помогнете колку можете.

    Борче нема банкарска сметка, мобилен телефон. Единствен начин да му помогнете е да отидете кај него дома. Може да го најдете приквечер затоа што тогаш не излегува до дома, бидејќи не гледа добро и нема струја.

    Кучето на Борче јаде суво лепче и коски од локалните месари, како и храна што ќе ја најде во контејнерите, за стоката но и за себе.

    Ве молам СПОДЕЛЕТЕ и помогнете, кој колку може, не мора повеќе. Некој пар стари чевли, патики, тренерки, храна, покуќнина која ви дреме по подрумите или не ви е потребна, правна помош за посредување при општествена и социјална заштита за лице со ментална попреченост, помош во реновирањето на рунираната куќичка, храна за животните, или пак финансиска помош за обезбедување на минимални услови за живеење во услови на глобална пандемија.

    Слепи ли сме или не гледаме што ни се случува пред очи во една од елитните Скопски населби во Септември 2020 година.

    Помогнете му на Борче!!!

    Сепак се работи за човек, скромен, срдечен, ќе го подели и тоа што го има со вас кога ќе ве пречека дома, среќен што и воопшто некој му стапнал вкуќи.

    Улица Милан Мијалковиќ бр.69, населба Пржино, Скопје.

    СПОДЕЛЕТЕ!!!
    FB_IMG_1600984135076.jpg
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Девојки ако може мала помош. Доколу знаете социјално загрозено семејство, каде има женски деца, тинејџерки. Имам преубава, нова, црна, зимска јакна, полнета со пердуви од Mанго. Носена е неколку пати, се здебелив и не можам да ја облечам. XS големина. Пожелно е да ја донирам во Скопје. Ако сте упатени, ве молам предложете ми некој, да стапам во контакт. Сакам лично да ја дадам, да нема злоупотреби од трети лица.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Контактирај здружение Nadez Nadez на фб. Од Прилеп е, ама контактираат со социјално загрозени семејства од цела Македонија. Верувам дека ќе те упатат на право место.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emma@

    Emma@ Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Ako nekoj moze da pomogne so hrana I sredstva za higiena pisete mi
    Se raboti za 5 cleno semejstvo. 1 dete majkata I tatko to I stari svekorot I svekrvata, mazot veke nekolku meseci e bez rabota duri vo dekemvri ke se vrati na rabota, zasega prezivuvaat so penzijata na tatko mu koja e mnogu mala
    Ako nekoja clenka e vo moznost da I'm pomogne I prati po kargo pisete mi