Донирај 1 евро и дај ѝ надеж на младата мајка

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Cecyska, 3 јануари 2020.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, сакав да ви раскажам за една приказна што ја дознав вчера. Дознав дека една млада девојка е бремена чека дете, а има само 20 години, нема мајка а татко и се откажал од неа. Била силувана од еден босанец, но тој незнае дека е бремена, а во меѓувреме се оженил и живее во Шведска. Моментално нема никој друг освен нејзината баба која живее од социјално 4000 ден. Живее со баба и. Не сакале да ја снимаат медиуми бидејќи се плаши да не ја дознае босанецот таа несака да дознае дека е бремена од него. Колешката на мајка ми дознала за ова и рече дека младата девојка рекла плачејки: Цитирам: Знам дека луѓето тука немаат пари, знам дека е тежок животот во Македонија,Да можев јас ќе работам цело време но неможам ми кажаа дека имам потешка бременост,Кога секој добар човек би донирал по 1 евро јас веќе би имала малку пари за безгрижно да го дочекам моето бебе да имам што да го нахранам. Кога богатите би се откажале од 1 кафе и би донирале мојот живот би бил многу подобар.Моите грижи не би биле толку да неможам да спијам навечер, грижејќи се кога ќе го родам детето што ќе јаде.. Колешката буквално се запрепастила од приказнава, и однела храна, и облека за бебето, денес и јас и мајка ми ќе одиме да купуваме и ќе им донираме храна и облека. Но кажаа дека имале потреба од пари за да може да ги плати медицинските трошоци, и сметките. ЗАТОА ЛУЃЕ ВЕ МОЛАМ БИДЕТЕ ХУМАНИ КОГА САМО 300 ЛУЃЕ ОД ФОРУМОВ БИ ДАЛЕ САМО 60 ДЕНАРИ ВЕЌЕ БИ ИМАЛЕ 300 ЕВРА ЗА ГИНЕКОЛОШКИ ТРОШОЦИ И СМЕТКИ И БАРЕМ МАЛКУ БИ ИМ ЈА СИМНАЛЕ ГРИЖАТА И БИ ИМ ДАЛЕ НАДЕЖ ЗА МИГ ДЕКА НЕ СЕ САМИ. Најдобро од се е што луѓето не се воопшто лакоми за пари што кога колешката на мајками рекла дали сакате да донираат сите по 100 денари тие рекле дека знаат дека луѓето тешко ги заработууваат парте и рекле кој колку има и кој колку може да даде. ПА ВЕ ПОВИКУВАМ ДА НАПРАВИТЕ ДОБРО ДЕЛО АКО ВЕ ИМА НЕКОИ И ВО СТРАНСТВО МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ ДОНАЦИЈА НА ФБ.. И ЗАПАМТЕТЕ ВАШИТЕ 60 ДЕН НЕКОМУ МОЖАТ ДА СПАСАТ ЖИВОТ.
     
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.558
    Допаѓања:
    98.285
    Пол:
    Женски
    Каде може да донираме?
     
  3. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    75.926
    Пол:
    Женски
    Каде да донирам, линк?
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    35.619
    Пол:
    Женски
    Ова е рекла казала муабет, дај нешто веродостојно, па и поголема сума може да се собере, да не замине на слепо.

    Ако е вистина, тешко нејзе, а уште потешко на детето.
     
    На Dust, Amellie13, Disconnected_ и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    16.717
    Со ваков крпен живот подобро тие 60 денари колективно да ги донираме за абортус.
     
    На Amellie13, buba4e89, Disconnected_ и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    90.836
    Кога сите би донирале само по 1 евро она би имала на сметка, колку? 1 500 000 евра отприлика?
     
    На ocicka2014, Disconnected_, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    12.851
    Пол:
    Женски
    Хм. Би донирала за едукација, еманципација, консултација. Ако е потврдена приказнава, секако.
    Зошто да не помогнеме за да си најде работа?
    А од што ќе живее детето откако ќе се роди?
    Зошто да не знае човекот што ја силувал (мање битно дали е босанец, македонец, грк, американец)?
     
    На ocicka2014, CameliaMiller, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    8.130
    Пол:
    Женски
    Кога немаш услови за дете, има нешто што се вика абортус особено ако си силувана.
    А мака во животот сите си имаме, ако не ај за сите да се донира...
    свашта.
     
    На ocicka2014, Amellie13, poenta и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.182
    Допаѓања:
    21.789
    Пол:
    Женски
    Нејќам да донирам на прикаска. Жал ми е за девојката ако е точно, ама нема да собери вака многу пари. Упатете ја во "една може" здружение за самохрани родители. И не давајте глупи коментари за абортус пошо не е ваша работа ама пусто македонче не може а да не го пикне носот кај што не му е место
     
    На Angie1432 и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    23.983
    Пол:
    Женски
    Искрено, ич не верувам на приказнава но ај..
    Прво да била силувана од БОСАНЕЦ, зошто не го пријавила во полиција?
    Зошто на толку тешки услови башка и не посакувано бебе се одлучила да го роди?
     
    На ocicka2014, Alisa22 и Sejfullai им се допаѓа ова.
  11. Lostinparadise

    Lostinparadise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    2.001
    Пол:
    Женски
    Што ако дознае човекот? Да не ќе се разведе од другата? Ако е будала па девојчето нека го прифати "таткото на векот".Требало да го пријави и да абортира.
    Мање битно, сигурно веќе е касно тоа..
    Како и на кого да помогнеме ние сега? Сигурно може да работи нешто..?

    Ако сите вие ми донирате мене по 1 евро, за вас не е ништо, ама ја ќе си купам Мерцедес 8-|:D:D -кумановски виц баш прееска го прочитав ама не знам да ви го преведам на кумановски дијалект :D:D
     
    На Amellie13, CameliaMiller, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    5.317
    Пол:
    Женски
    Дечки, не е во ред да коментирате дека треба да абортира. И за тоа требаат финансии, а спомнато е во постот дека нејзината баба има месечни примања од само 4 000 денари.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    3.345
    Допаѓања:
    15.619
    Пол:
    Женски
    Колку само е безврска приказнава :^) Ќе сфатев да е за болен човек (скраја да е) ама ова е премногу..
     
    На mssuniquee, candy.cane и Sejfullai им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    6.875
    Пол:
    Женски
    Ај што жени во ваква ситуација абортираат, ама барање пари? Океј, побарај да се соберат пари за да се платат сметки ама пр тој што донира да ги плати лично, а не струја пак да нема ама оп парите... Плус без медиумска покриеност ништо не се прави. Таа може да е анонимна и да не се гледа ликот, ама да разговара на камера и да се сними домот.

    Луѓе секој може да бара пари денес. И секој е од некој посиромашен. Ама тоа не значи дека секој заслужува да биде третиран ко снегулка.
     
    На ocicka2014, Disconnected_, Kimberly11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    6.574
    Допаѓања:
    159.211
    Да, баш вака почнува.
    Еве ќе собереме пари за прегледи.
    Ќе собереме и облека, количка, се' што треба за бебето.

    Ама тоа ли е навистина решение?
    Кога собираме за некој болен, јасно е за што собираме. За лек.
    Во овој случај не гледам зошто финансиски би се помагало. Со работи за неа/детето ок, ама мислам дека таа на 20 години може и треба да работи.

    И да, можеби не сака татково да дознае, ама негово право е да знае како прво, а како второ има и обврски со закон предвидени према тоа дете.
     
    На Dust, ocicka2014, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LadyLollypop

    LadyLollypop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.881
    Пол:
    Женски
    Има 20 год, силувана, тешка бременост, нема услови за детето... ова се добри причини за абортус, а не за да се соберат пари за детето да го роди...
    Јас мислам дека ја користи приликава за да добие пари за друго.
    Нема да донирам за ваков случај, извинете ама тоа е мое мислење.
     
    На ocicka2014, Alisa22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lostinparadise

    Lostinparadise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    2.001
    Пол:
    Женски
    @LadyLollypop и јас истото го мислам. Се наежив кога помислив дека утре кога ќе ги видам тие мали очиња, и ќе ми текне дека некој ме силувал, цел живот таа слика ќе ми е пред очи..
    И што до полнолетсво ќе и дава пари некој? Еднаш два пати ќе и дадат ама потоа мора да работи. Вака дали 500е ќе собере кои за 10 мин се трошат, на два пати одење до аптека по ствари за бебе... Non sense ми е ова ама ај..
     
    На candy.cane и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    22.302
    Значи @Cecyska пиша и сега нигде ја нема да се јави.
    Сомнителна ми е приказнава.
     
    На candy.cane и Sejfullai им се допаѓа ова.
  19. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.536
    Пол:
    Женски
    Абе доста смислувате глупи приказни за деца. Ќе ве провали некој ќе го јадете стапот за глупости.

    Па уште и дале тежина на приказнава од секој можен аспект, демек нема родители па силувана па и босанец (не знам која е причината за потенцирање етничка припадност), па патолошка бременост... бре бре.

    Идете работете, помачете се малце за да дојдете до пари. Не е се така розево во животот, добар дел од народов се бори со работата и живее колку да преживее а со оглед на сите вакви поштени кражби од донации кои се обелодинија низ годиниве, не верувам дека некој е расположен да дава пари на непроверени случаи.
     
    На ocicka2014, Alisa22, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    3.383
    Пол:
    Женски
    жално за девојката и секако добро прави што бара помош но тоа не е долготрајно решение .а за сите коментари кои рекоа аборт ова она ,размислете малку.не секој има срце тоа да го направи а и храбро од неа што решила да го гледа детето иако е плод на силување.малку човечност во ова испревртено општество нема да е на одмет,сепак ова е само мое мислење.треба да се гледа долгорочно на проблемот и да се реши ,не само во финансиска смисла
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.