Донирање на вашето тело за научни цели по смртта

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 21 јануари 2019.

?

Дали вие би го донирале вашето тело на наука по смртта?

  1. Да

    38,2%
  2. Не

    29,4%
  3. Можеби

    25,5%
  4. Не знам

    6,9%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сме човечки суштества со ограничено време за живеење на оваа планета, сите знаеме дека смртта е неизбежна работа. И додека сите најчесто планираат или замислуваат дека ќе бидат погребани или пак кремирани, овие опции, според мене, немаат некаков придонес или некакви бенефиции.

    Од друга страна, опцијата на донирањето на вашето тело, мозок или ткиво на медицинско училиште или истражувачко претпријатие е чекор кој е навистина ценет и вреден чекор за потребите на науката и нејзиното развивање и истражување во иднината.

    Имено, за оваа одлука лицето треба да одлучи додека е живо (што е секако подразбирливо) меѓутоа, мора да постојат и определени услови за да може вашето тело да биде примено за научни потреби и експерименти (да не биде премногу дебел или премногу слаб,...);

    Постојат доста рационални причини зошто одредени лица би се согласиле за ова, како што се социјална свест, културни ставови и перцепции за донирање на телото, културни ставови и перцепции за смртта, религијата, а и многумина едноставно сакаат нивното тело да биде од корист и по нивната смрт, како што постои можност да спасите нечиј живот.

    Исто така, со оваа опција би заштедиле од финансисики аспект, односно би исчезнале трошоците за погреб, кремирање и останати трошоци.
    Всушност, со ова имаме можност да заработиме пари, кои се всушност како компензација што ќе ни биде дадено од медицинско училиште или истражувачко претпријатие на кому го донирате вашето мртво тело.

    Имајте на ум дека ова е различно од донирање органи, со тоа што доколку го донирате вашето тело за наука, не ќе можете да ги донирате вашите органи;

    • Какво размислување имате вие за оваа post mortum опција?
    • Дали би се согласиле да го донирате вашето мртво тело за потребите на науката?
     
    Последна измена: 21 јануари 2019
    На Prijatelot, Victorian, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  2. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    @Briar Rose интересна тема!

    Сметам дека повеќето луѓе би реагирале негативно на таа помисла, но и онака телото ќе биде разградено после некое време ако е закопано два метри под земја. Би било корисно доколку некој боледува од ретка болест за која би се дознало повеќе ако се дозволи да се направи истражување после смртта на таа личност.

    Доколку го донирам телото единствената замерка ќе ми биде што нема да можам да ги потрошам тие пари. :D

    Шала на страна, има смисла од економски аспект. Дури и смртта опфаќа доста трошоци што според мене нема смисла кога и онака после неколку генерации никој нема да знае за тебе.

    Звучи примамливо.

    На анкетата одговорив со можеби, немам многу размислувано за тоа што би направил со телото post-mortem, но можно е да го направам тоа.
     
    На kravce и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Не сум 100% сигурна за одговорот, на анкетата одговарам со Можеби. Не сум размислувала на оваа тема, но немам ништо против таква донација. После смртта, сметам дека не е важно што се случува со телото, за едно безживотно тело сеедно е дали ќе биде погребано, во сандак, кремирано, замрзнато, дали ќе бидат донирани органи или ќе биде искористено за научни цели. Барем ако може да има некоја корист, зошто да не се прифати таква опција.
     
    На shz, Zivyle, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Schwanger

    Schwanger Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Јас би го донирала.После смртта секако не ми треба.А и на тоа последно животно патување идам сама, гола, боса и без куфер.
    (А не ко сега макни Куферишта огромни ) Нека се спаси некој живот плус, нека бидам шанса за нечиј спас.Ке ми биде мило.:inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На queen007, Peperutce1115, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine мило ми е што ти се допаѓа темата. Благодарам што го сподели твоето мислење :)

    Претпоставувам дека си во право, и би рекла дека повеќето луѓе не би сакале нивниот труп да биде сечен од страна на медицински студенти, или ставен во нов модел на кола за тестирање.

    Иако некои луѓе мислат дека оваа опција е против религиозните верување, сепак факт е дека повеќето религии ја поддржуваат оваа опција, како и опцијата за донирање на органите. Ова значи дека сепак религијата не претставува никаква пречка, и луѓето се одлучуваат за ова исклучиво по нивно лично убедување;
     
    На Peperutce1115, candy.cane, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    54.744
    Пол:
    Женски
    Не сум размислувала на темава, ама мислам дека би го донирала. Ако може да е од помош, зошто да не. :)
    И онака мене ништо нема да ми смени или влијае дали ќе скапувам под земја откако ќе умрам или некој ќе врши истражувања на мене. Барем некој жив ќе има корист од тоа. :)
     
    На theowndemon, Peperutce1115, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.936
    Допаѓања:
    53.122
    Пол:
    Машки
    Со начинов на живот и воздухот што го дишеме нема еден орган здрав да остане за донирање...
     
    На Џеки, theowndemon, shz и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.176
    Пол:
    Женски
    Би донирала органи но не би сакала да служам за медицински експерименти и телото да ми се чува у формалин и да се вади по потреба за пракса на студенти. Не до толку. За живот би помогнала ама за учење.. Не мора баш на мене :D
    Патем трошоците не значи дека ќе исчезнат. Може и без тело да се направи погреб чисто колку за спомен. Релативно е тоа односно одлука на фамилијата е.
     
    На Victorian, Ambitious, realGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.791
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    Гласав не бидејќи не сакам кога ќе умрам некој да експериментира на моите органи.Ќе ги донирам на некому кому ќе се потребни и ќе спасам живот.
    *ако ми остане нешто читаво бидејќи белите дробови веќе се kaput
     
    На realGirl, Briar Rose, AnnabelLee и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.929
    Пол:
    Женски
    Баш на ова ми текна денес и се мислев каква опција има за тоа на овие простори.
    Едноставно ме ежи помислата да поминам цел живот правејќи што правам и на крај да завршам два метра под земја, а над мене поп со кандило. Буквално попрво би сакала да ме расцепкаат на делови како што кажа некој погоре отколку тоа. :D
     
    На theowndemon, Peperutce1115, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.235
    Пол:
    Женски
    Искрено подобро би ги донирала моите органи,него ли ова..
     
    На candy.cane, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    118.719
    Пол:
    Женски
    Би донирала цело тело.
    Сум учела, нека учат и други на мене.
    Секако ќе ме нема.преддоговор да има за да ги подарам постхумно парите на некои болници за да се купи некој понов апарат.
    Сакале ме сецкале, експериментирале-не ми е битно.
    Битно ми е сега да живеам, постмортум стварно не ми е значајно.
    Што ќе јадат црвите од мене, бар студентите нека научат нешто плус.
     
    Последна измена: 23 јануари 2019
    На Peperutce1115, Victorian, Ана на мама и 10 други им се допаѓа ова.
  13. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Само на докторки ако се:rofl:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Јас би ги донирала органите на болни, нека искористат ако има нешто асално останато и да спасам неколку животи. Можеби би имало корист и да ги донирам за научни цели, но повеќе ми се допаѓа поконкретнава опција.
     
    На Peperutce1115, Ambitious, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не би.
    Мојата најголема желба после смртта е да ме балзамираат, за неколку децении подоцна откако ќе напредне науката и се пронајде ,,елискриот на животот" да направат ексхумација на моето тело за да може да продолжам со животот.

    Ич не е его трип и акт на себичност, што ви е? :D

    Се заебавам.
    Инаку да, паметна идеја е, но не би. Језиво звучи. Вака на живо би се решила да подарам некому коскена срж или бубрег ама на мртво не сакам да ме пипаат, ни во медицински цели. Што ми е гаранција дека некој фрик нема да се сети да го пикне фалусот во мојот череп?
     
    Последна измена: 23 јануари 2019
    На theowndemon, Victorian, Briar Rose и 3 други им се допаѓа ова.
  16. sinooka.bosonoga

    sinooka.bosonoga Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2018
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Искрено за научна цел не, но за да спасам нечиј живот да.
     
    На kravce, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    11.660
    Пол:
    Машки
    Пофалба за темава!
    Гласав ДА, иако примарно би ги донирал органите за трансплантација, доколку се витални и способни за извршување на нивната функција, ако не ајт на анатомија или на патологија, бар да бидам на некого од корист :D

    За трансплантација од мртов донор, доколку некој се одлучи во текот на животот да ги донира своите органи после смртта, во нашата држава не сум сигурен каква е можноста и регулативата за спроведување, но во однос на донирање на телото во научни цели, нормално со соодветна согласност, НЕМА никаква регулатива што практично тоа го овозможува.

    Во разговор на вежби со асистентите на Институтот за Анатомија, на Медицинскиот факултет на УКИМ, образложено е дека нема било какви закони што ја регулираат конкретно оваа проблематика или веќе постоечките доколку ги има се недоволно јасно дефинирани. Поради овие пропусти, Институтот многу тешко доаѓа до лешови шо би се искористиле за демонстрации на вежбите по анатомија, а веќе постоечките се многу стари, дури некои од земјотресот во 1963 и се прилично истрошени од формалинското фиксирање. Дури и оние лешови кои не можат да бидат идентификувани ретко завршуваат на Анатомија, бидејќи не постои јасно дефинирана процедура што тоа би го овозможило.
     
    Последна измена: 23 јануари 2019
    На Peperutce1115, candy.cane, Alishan30 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Не сум размислувала за донирање за наука, но дефинитивно сакам да ги донирам органите и да можам да спасам друг човечки живот .
     
    На candy.cane, Briar Rose, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Da

    Po mojata smrt ne ostanuva nisto od mene osven troskovi.
    Dali ke me pogrebaat ili ke me kremiraat ne mi e se edno.
    Neka go napravat toa sto e poeftina varianta. Znam deka pri kremiranje na edno telo se trosi struja koja ziv covek bi ja potrosil vo tekot na edna god. zivot.
    Za drugata opcija troskovite zavisat I od drugi raboti. Zatoa ako moze da me doniraat za da posluzam za potrebite na naukata, naj ubavo.
    Pari ne bi sakala da I isplatat na familijata zosto toa bi bilo poslednoto dobro sto bi mozela da go napravam za svetot sto ostanuva posle mene.
    Namesto istrazuvanja napraveni na zivotni I potoa "se izvinuvame ne bea validni , covekot I zivotnite se razlicni", neka se izveduvaat direkno na covecki organi.
    Rezultatite bi bile po validni, so toa vo idnina bi se prodolzil vekot na ostanatite, ne mislam generacija na moeto dete ama sigurno generacijata na mojte prafnuci.

    Moj Barbasime veke se potpisa kako organ donor I za doctor assisted suicide vo treti stepen na site bolesti koj se vlezeni na listata.
    Smel cekor.
    Jas ne sum tolku hrabra ama posle mojata prirodna smrt moze da pravat sto sakaat.

    Mislam deka se usvoi predlogod ovaa god na godisnata taksa da se izjasnuvame "dali se soglasuvame da bideme donatori na organi".
    Toa e I eden cekor poblisku do spauvanje na najmalku 20 drugi luge.
     
    Последна измена: 23 јануари 2019
    На Doozy, candy.cane и Briar Rose им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Моето тело е земено од земјата, земјата го хранела и редно е земјата да го јаде. Така да, освен погребување во земјата ништо друго не сакам да му се случи по моето тело.
     
    На daylight и Snowflake97 им се допаѓа ова.