Хмм. Дефинитивно би ги донирала органите за трансплантација, ако се во состојба, и повеќе ми е мир на глава да знам дека со сигурност ќе помогнат на некоја друга личност. За наука...па во моментов не би. И онака сум особа што нејќе многу да ја пипкаат, сега ми звучи језиво, па макар била и мртва. Се надевам ќе имам долго време да подразмислам за оваа опција
Можеби ќе звучи себично или незнам како но мојот одговор е НЕ! Ниту сакам органи да ми вадат, ниту да се вежбаат на мене. Да дека телото скапува во земја и црви го јадат, но подобро еднаш да го изедат црви отколку со години некој да се вежбаат врз мене, а за органите за донирање да дека е хумано и можеби ќе спасиш нечиј живот, но што знам подобро да си бидам цела како што сум си била.
@Waverly Raven ти благодарам! Мило ми е што ти се допаѓа темата и ти благодарам што го сподели твоето мислење Бидејќи главно живеам во странство, знам дека во мојата држава, или барем во мојот стејт дефинитивно има одредени правила и процедури за ова, а и со самото тоа ја имам оваа опција на располагање, за кое дефинитивно сум согласна. Всушност, за разлика од РМ, во Онтарио медицинските училишта или училиштата за анатомија се зависни од великодушноста на лицата кои сакаат да донираат свои тела да ги обучат идните медицински професионалци, да ги подобрат вештините и да ги прошират знаењата. Донацијата на телото за научни цели, како што наведов во мојот првичен пост, се разликува од донирање на органи и ткива; Донацијата на телото значи дека целото тело ви е донирано на училишта за анатомија само за образовни и истражувачки цели. Меѓутоа, и покрај тоа што некоу луѓе свесно се согласни да го донираат своето тело за научни цели по нивната смрт, сепак одреденото медицинско училиште или школата за анатомија може да одбие да прифати донација под одредени околности. На пример, донацијата не може да се прифати ако: - Била спроведена аутопсија - Настанало embalming ( не знам мак. збор за ова) - Настанала ампутација - Починатиот има некаква заразна болест - Училиштето нема потреба од донации Сметам дека ова е дефинитивно негативна карактеристика и за образовниот и за здравствениот систем во РМ, како што недостатокот од закони кои би ја регулирале оваа опција го намалува квалитетот на праксата и вежбите, но и не би се почитувала последната желба на мртовецот кој имал волја да го донира своето тело за научни цели. Навистина не знам која е причината поради која ова сеуште не е законски регулирано во РМ. Претпоставувам дека државјанин на РМ единствено би можел да го донира своето тело за научни цели ако истовремено е државјанин на друга, странска држава која ја одобрува и ја има законски уредено оваа опција. Во секој случај, се согласувам со се што си напишал.
Можеби. Би донирала органи, но исто би сакала и во научни цели да допринесам, а двете не може Се надевам дека ќе ме служи свеста доволно долго, за да се одлучам кое ќе биде. пс. Бидејќи се збори и за донирање органи, јас знам дека законски, со раѓање секој е орган - донор, после смртта. Е сега може да се откажеш од тоа, само не знам како оди процедурата. А доколку не се откажеш, тогаш мислам и најблиските роднини можат да одлучат дали се согласуваат со донирање твои органи.
@mazikeen ти благодарам за твојот одговор. Јас не знам како е во РМ, но во Онтарио, по смртта, ако ги донираш твоите органи на лице кое е живо, тогаш не можеш да го донираш остатокот од твоето тело на училиште за анатомија.
Имам размислувано на темава, и се повеќе сметам дека е подобро да ги донирам здравите органи на некој на кој му се потребни, отколку да скапат в земја.... Трупот би го дала (дале, моите) на медицински факултет да има на што да учат децата практично.... Немам проблем со ова, и би ги поддржала другите во ова...
Па, кога знаеме да кажуваме како медицината уште треба да напредува и да се истражуваат болести што ни се чинат ,,нови" и за кои немаме многу информации, да се направат уште подетални испитувања за она што не е доволно истражено, треба да сме спремни и на ваков чекор. Најпрво би ја разгледала опцијата за донирање органи на болни луѓе, би сакала да помогнам некој да продолжи да живее здрав и нормален живот, тоа ми е приоритет. Ако нема потреба од ова, убаво би било да се искористи во научни цели. Секаков придонес, макар и најмал, би бил добредојден во науката и корисен за сите.
За донирање органи јас знам бидејќи сега пред брзо почина татко ми на клиника и кога ни се јавија од болница но рекоа доколку не го земеме телото за 2часа ќе го земат на обдукција и ќе ѓи извадат здравите органи за донирање, ние кога стасавме се видовме со докторот да ни даде извештај и сите регуларности воедно и тогаш не праша дали сакаме обдукција ние не се согласивме со тоа, и на извештајот пишува семејството се откажува од обдукција.
органите по мојата смрт ќе ги донирам. После нека испитуваат ако се здрави нека ги замрзнат ако не нека ги пратат на патологија за изучузање и пракса,за телото не знам. Како што имам дом додека сум жива би сакала и да имам вечно почивалиште кога ќе умрам.
Органите нек се трансплантираат, тоа што ќе остане нек му праат шо сакаат, па макар и храна за животни нек биде, се е подобра опција него гниење во земја и правење трошоци околу тоа. Колку се само скапи гробните места, све нек се искористи, нема потреба од погреб.
Ај некој нека ме поправи ако грешам бидејќи не сум медицинско лице, ама нели ограните се соодветни за донирање само во случај на клиничка смрт или премногу серии имам изгледано? Во случај да можат да се искористат моите ограни или со други зборови да ми се деси клиничка смрт додека сум (по)млада и ограните се здрави и функционални, тогаш мој избор би бил истите да се искористат да продолжат нечиј живот. Е сега, ако дочекам старост, еве да речеме 70+ години, мислам дека ограните не би биле соодветни за трансплантација и во тој случај може телото да ми го искористат за научни цели, ја и онака нема ништо да почувствувам. Пре би да бидам модерна баба која и помогнала на науката отколку да ми се распадне телото онака, без некоја повисока цел.
Многу работи не се соодветно регулирани на факултетот, вклучувајќи го и овој. Ми се чини институтите кои имаат помалку/немаат допирна точка со пациенти се малку запоставени од аспект на средства и работна ангажираност, но да не одам многу off topic, се надевам дека во блиска иднина за ова ќе се најде соодветно решение со амбиции на новите кадри. Институтот за патологија добива значително повеќе работен материјал, во последно постои благ пораст на бр на семејства кои бараат да на починатиот биде извршена обдукција, меѓутоа таа бројка и понатаму останува ниска.
НЕ! Не сакам телото да ми го сецкаат ученици.. Не сум јас мевце за гулаш.. Би ги донирала органите, а телото сакам да ми се закопа. Сакам да си имам вечен дом. Тоа е последниот дом што некогаш ќе го имам, колку и е скапо..последно е. А како што тргнало, подобро да одам да си купам едно гробно место за секој случај.. ако се дотепам некаде да не им правам трошоци на моите
Го ценам тоа што го сподели твоето мислење Во врска со донирањето на телото за научни цели, сметам дека треба да постои таква опција во РМ. Бидејќи иако ставовите на луѓето од РМ се поделени, сепак гледам дека постојат лица кои имаат волја и желба за ваков чекор, и токму поради тоа мора да имаат можност да го направат тоа. Според тоа што го изјаснив во мојот претходен пост, свесна сум дека постојат Македонски граѓани кои имаат само матично државјанство и токму тоа им ја скратува можноста да им се исполни нивната последна желба. А подобрувањето на здравстениот и образовниот систем (од медицински аспект) би бил несомнен факт. Но би рекла дека ова единствено зависи од сегашните и идните генерации и нивната волја да се оствари ова, односно би требале да превземат одредени чекори.
Имам размислувано многу на темава. Апсолутно ДА. Дали за научни цели и истражувања или пак да донирам органи за да спасам нечиј живот, кога мене веќе ми дошол крајот, ништо не ми менува. Сметам дека тоа е разумно. Никој ништо не губи, може само да добие. И додека сум жива, без размислување, веднаш би донирала, ако на некој што ми значи животот му зависи од тоа.
Ќе се воздржам од мислење на темата, но ќе прокоментирам некои од вашите мислења од типот "За научни цели не, но за да спасам нечиј живот да". Тие научни цели, што се? Не се ли истражувања со цел спасување на животи? Така можеби ќе спасите милиони животи, а не еден.
Не сум размислува досега за ова, но откако ја видов темата размислував и подобро би ги донирала органите за трансплантација, а да го донирам телото за научни цели, па не би некако не ми е убаво моето тело за тоа да го користат подобро да ми го кремираат или да го закопат.
@vaga95 претпоставувам дека повеќето имаат поинаква замисла за тоа што поточно претставуваат тие "научни цели", односно тоа ги асоцира на вршење научни експерименти врз телото, тестирање за пронаоѓање лек за болести, користење на телото како кукла за пробни коли, итн. Друга логична претпоставка би ми било тоа што за некои лица едноставно би било незамисливо за група медицински студенти или научни истражувачи да го сечат нивното тело, или да се смеат врз нивните трупови, што укажува на екстремно искажување на непочит. Меѓутоа, болниците, медицинските училишта или училиштата за анатомија, барем во странство, ги третираат телата со голема почит. На пример, во Kansas City University, медицинските студенти ги знаат имињата на починатите и причината за нивната смрт пред да започнат да работаат со нив.
Гласав со можеби зошто е скокотлива тема, ама се навалувам кон да. Прва причина зошто е: мртва сум. Не осеќам, не сум јас, не можи да ми е гајле. Опциите ми се: да скапам во земја и да ме јадат црви или да ме сецкаат деца кои ќе станат доктори еден ден за да можи да спасат животи. Второ, дали ќе донирам здрави органи или ќе учат на мене - не ми е гајле. Ако имам здрави органи нека донираат, ако немам здрави органи нека еспериментираат. Во крајна линија јас нема да осетам ништо од ова. Нема да гледам од "горе" и да ги пцујам.