Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донирање на вашето тело за научни цели по смртта

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 21 јануари 2019.

?

Дали вие би го донирале вашето тело на наука по смртта?

  1. Да

    39,4%
  2. Не

    30,3%
  3. Можеби

    23,9%
  4. Не знам

    6,4%
  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    17.791
    Пол:
    Женски
    Органи прво ќе донирам, па после ако е прифатливо нека се земе телото за научни цели.
    Ако до крај сметам дека имам витални органи за транплантирање. И по одобрување на докторите секако.
    Во спротивно дефинитивно ќе го донирам телото. Каде и да се случи, колкав и да биде успехот од тие резулатите, вклучувајќи го и неуспехот за да се докаже нешто, е подобро отколку да се закопа телото некаде или изгори.

    Во никој случај не сакам класичен карактеристичен погреб. Ако не може да се реализира горната идеа, кремирање ќе биде мојот избор.
     
    Последна измена: 26 јануари 2019
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.685
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star ти благодарам за твојот одговор.

    Како што имам кажано претходно во темава, мислам дека скоро и не е дозволено да го донираш телото и да ги донираш органите, бидејќи станува збор за различни видови на донации;

    Имено, главната цел на донирањето ограни е да се спаси нечиј живот, ако е потребна трансплантација на органите. Ова поединецот може да го направи и во текот на својот живот, но и по неговата смрт. Донирањето на органи е подеднакво релевантно како и донирањето на целото тело бидејќи многу луѓе чекаат трансплантација на орган.

    Од друга страна, главната цел на донирањето на телото како цело, е поради научни и медициски истражувања, како и за образовни и практични потреби. Ова поединецот може да го направи само по неговата смрт. Овој вид на донација може да ги прошири знаењата и вештините на докторите и хирурзите, како и да го подобри квалитетот на животот на идните пациенти (особено ако се применува нов метод на операција врз донираното тело).

    Единствено сум слушнала дека Science Care овозможува да бидеш и донатор на органи и донатор на тело, доколку поединецот посакал да придонесе и во научни истражувања, но и да спаси нечиј живот.

    Меѓутоа, во најчест број случаи, ова е ретко и најчесто поединецот или станува донатор на целото тело, или пак само донатор на органи.
     
    На Snow-Star и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    3.502
    Пол:
    Машки
    Сум размислувал за да ги донорам органите после смрт, за ова не толку, ама би го донирал, зошто ќе ми е веќе ако умрам...
    Дури и да не сум бил доволно корисен додека сум бил жив, барем да бидам корисен после смртта.
     
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    15.213
    Да, без размислување. Е сеа, у СРМ што има едни научни цели и наука...:drunk:
     
  5. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    8.667
    Пол:
    Женски
    Скроз да.
    Каде да потпишам?

    Похумано нешто не постои.