Доколку аплицирате за ваучер од фондот, истиот го покрива оплодувањето и трансферот. Биолошкиот материјал сами го плаќате.
Premnogu vi se voshituvam na odlukata i golema blagodarnost do vas i clenkite koi sakaat da doniraat jajce kletki bas mi se potrebni mene mi donirase bliska rodnina pa od 15 jajce k. imame samo 2 embrioncinja i cekame transver pa ke videme sto ponatamu so gospod napred da uspee pa da ne se macime nanovo pak se odpocetok inaku mnogu ubav gest od vasa strana za pofalba i blagodarnost!
Јас се соочувам со овој проблем...доживеав шок по резултатите дека ми се потребни јајце клетки а сумите се да паднеш во несвест уште по разочарувачки
Точно така, затоа докторите препорачуваат кој има потреба да побара од сестра, братучетка, другарка. Јас успеав од трет трансфер со донорски јк.
Zdravo devojki eve me i mene so istata prikazna za donirani jajce kletki imav samo 2 embrioncinja i pravevme transver ama zavrsi so spontan inaki se fatija dvete embrioncinja ama krvarev mnogu pa potoa i na kiretaza zavrsiv ama sega pak odnovo i pak moram so donacija na jajce kletki a i mi rekoa deka smetal i miomot izgleda ke treba da go operiram i nego pa zdravje samo ama da prasam iskustvo so donacija od banka i kolku ima uspeh vo oploduvanjeto?
Јас го правев тоа 3 пати. Првиот пат се оплоди 1 од 3, не се имплантираше. Вториот пат се оплодија 2 од 3, не се имплантираа. Третиот пат се оплодија 3 од 3, едно вративме успешно, другите 2 ги замрзнавме. Изгледа како ти се погоди работава.
Bravo 3 sreka izgleda jas eve se razmisluvam dali da biram pomlada osoba dali treba priprema so vitamini i kaj mene i kaj mm pa me interesira i vo koja bolnica pravevte invitro
Сите се млади кога бираш од банка, не ми текнува сега колку млада сме избрале. Каде и да одлучиш, треба само среќа, нормално витамини ќе си пиеш, здраво ќе се храниш и ќе вежбаш. Види каде ќе ти се свиѓа тебе.
Другарки, се породив на 20.01., родив сонце тешко 3кг и долго 49 см. На сите посакувам ваква среќа. Сите вас ве чека едно чудо. Не се откажувајте.
Cestitki za majkata da e zivo i zdravo bebenceto i golemo da raste radosta na mama i tato i na kraj ete se isplati trudot gospod e golem i se nadevame eden den site ke staneme roditeli so sreka uste ednas i mnogu zdravje vi posakuvam
Какви сакаш вежби мила, вози точак, вежбај јога, оди на Водно. А за храна и доктор ќе ти каже дека најдобра медитеранската.
Само за тебе влегов по ѕемиве да видам дали си породена и се израдував Тинче! Живо и здраво да е сонцето со мама и тато да расте ❤️❤️❤️
Фала ти што ме мислиш, ни мене не ми се веруваше. Додуша чекавме до 39+3 и на крај веќе ми се смачи, викам вади го. Сега цицаме, пееме, спиеме само навечер. Љубовче ми е.