Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донирање на јајце клетки

Дискусија во 'Бременост' започната од Boom, 4 февруари 2013.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    6.498
    @tina2018 честитки. Големо да расте. Гордост на мама и тато.
    Се исплати целиот труд.
     
    На Ekvador, Лаура82, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    3.776
    Пол:
    Женски
    Тачно така, само упорност.
     
    На Лаура82 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  3. Sara<3

    Sara<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да донирам, дали некоја од вас знае како иде целата процедура?
     
    На GiVbebe, Meckicja и tina2018 им се допаѓа ова.
  4. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    3.776
    Пол:
    Женски
    На Sara<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GiVbebe

    GiVbebe Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво,би сакала ли да ми бидеш донор?
    Очајно барам...друг избор немам веќе
     
    На Sara<3, viktorij и tina2018 им се допаѓа ова.
  6. Sanja5Sanja

    Sanja5Sanja Нов член

    Се зачлени на:
    6 јули 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dali sakate da dinirate?
     
  7. Sanja5Sanja

    Sanja5Sanja Нов член

    Се зачлени на:
    6 јули 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  8. Sanja5Sanja

    Sanja5Sanja Нов член

    Се зачлени на:
    6 јули 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mene me interesira ako sakate da donirate. Treba nekolku analizi
     
  9. Sanja5Sanja

    Sanja5Sanja Нов член

    Се зачлени на:
    6 јули 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Se bara pomlada zena za donator,
     
  10. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.438
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја донирано во банка во Кипар? И колку бил надоместокот?
     
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.438
    Пол:
    Женски
    Ако некој го интересира околу процедурата, зборев со банка и некако се премислив пошо надоместокот е €1000 и сметам дека тоа е премалку, не за донацијата, туку за процедурата и шокот низ кој би поминало телото.

    Процедурата е следна, прво одиш во лабораторија за крв (обично боцкање во вена). Со крвта прават крвна анализа за која крвна група си, и испитуваат анти-милеров хормон т.е. анализа за плодност, нивото на хормонот покажува дали си плодна.
    Сите анализи и прегледи ти се платени.

    После одиш на гинеколог тука во мк, одреден од нив, однапред договорен, ти прави комплетен гинеколошки преглед (пак покриен финансиски од нив) и евентуално ти препишува анти-беби апчиња (ако добро ја разбрав жената, се препишуваат доколку имаш полицистични јајници).

    После тоа докторката ти препишува хормонски инекции сама да си ги боцкаш во стомак (истата постапка што ја прават жените при вонтелесно оплодување), се боцкало секој ден по еднаш околу 10 дена и се боцкаш сама. Целта е да се продуцираат повеќе јајце клетки за донацијата (пошо месечно нели имаме една, евентуално две).

    После хормонската терапија, се одредува датумот за вадење, летот и превозот до нивната болница е покриен. Процедурата на вадење на јајце клетките била со некакво цевче и си под анестезија, не осеќаш болка.

    После тоа си слободен. И тоа е, буквално истата процедура ја поминуваат жените кои се во процес на вонтелесно оплодување (со исклучок на бременоста, вашиот ембрион во случај на донација би одел кај друга жена). Доколку е успешно од родителски обврски сте комплетно ослободени. Парот кој ќе ги користи клетките не мора да го запознаете доколку не сакате. Последици во поглед на плодност нема, нареден циклус добивате и се си е најнормално, во иднина може пак да се донира, доколку сакаш.

    Како и да е, мене целата процедура ми делува стресно и физички и психички, затоа сметам дека треба да е поголема компензацијата.

    Постојат парови што повеќе би платиле од банкиве, ама па на познати луѓе и општо во Македонија не би донирала.

    Едит: Сега ја разлистав убаво темата, честитки на тие на коишто ви успеала бременоста од донирана јк и што сте добиле бебе, ептен се радувам.

    Моментот што ме истригира дополнително е некој членка пишала дека платиле 4500еур за неколку јајце клетки и тоа во македонска клиника. Странски клиники за да купиш јк наплаќаат можеби и дупло од ова во мк, што е десетструко од компензацијата што ја нудат на донорот (1000еур). Јес да треба да покријат и прегледи и да остане нешто и за нив, ама ова е профитерство. Значи не е ни чудно "банки" што се викаат. :D
     
    Последна измена: 6 октомври 2023
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.544
    Пол:
    Женски
    Некој донирал ли ембриони?
     
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    3.776
    Пол:
    Женски
    Затоа се вика дека се донира од хумани причини, не дека банките за јајце клетки нема да профитираат бидејќи многу жени имаат проблеми, туку донираш ако сакаш да помогнеш. Мене ми се понуди една жена што сакаше да ми помогне, а не се знаевме, ама веќе бев купила јк.
     
    На Mila0000, MarigoldA и Ava.84 им се допаѓа ова.
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.438
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што ви успеало. :sun:

    Јасен ми е делот околу хуманоста, муабетот повеќе ми беше за процедурата, не дека за самите јајци клетки треба да плаќаат. Може да потрае со недели, телото ти подлежи на хормонска терапија со цел да се продуцираат повеќе јајце клетки, за самиот зафат си под анестизија. Можна е нелагодонст после зафатот, ако се помине како треба, ама имам читано дека кај ретки случаеви можна е после анестезијата потешка болка и крварење после зафатот. Околу боцкањето со хормони, многу ќе речат мала работа е, сама си се боцкаш не е страшно, ама од друга страна многу жени се обраќаат кај матичен лекар да го направи тоа, дури и во случај за нивно инвитро да станува збор, не пак за донација. Значи сепак за некој е лесно, но за некој е трауматично.

    Треба да и е платено на жената донатор поради процесот низ кој поминува, не заради клетките како материјал. И ако банката знае да наплати ѓаол и пол од парот кој е купувач, може поголем дел да плати кај жената донатор, нека намалат на маржа малку, не 90% од сумата за нив, а 10% кај донаторот. Тој дел ме чеша.

    Инаку, секоја чест за жената што прифатила да биде донатор без никаква надокнда.
     
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.200
    Допаѓања:
    169.471
    Пол:
    Женски
    1000 евра е прилично добар износ што би ти го платиле ако доинраш јк.
    Прост пример
    Кај нас 8јк се предаваат околу 5000 евра .
    На потенцијалните донори велиш им се платени сите прегледи и анализи ,сите инекции ( хромони) и самата пункција .
    Тоа кај нас кошта околу 2.000-2500 евра ,зависи како ќе реагира донорот на хормонската терапија и колку инекции ќе се потрошат .
    Понатаму велиш дека е платен патот и смештајот .
    Значи околу 3.000 евра би се потрошиле .
    И 1000 ако дадат на донорот ,колку ќе им остане ?!
    А знак прашалник е дали од донорот ќе извадат 8јк.
    Мош ќе извадат и 15 ама исто така мош ќе извадат и само 5.

    Така да ,
    1000 евра е сосема ок цена ,со оглед на цената по која се продаваат самите јк
     
    На Mila0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    10.581
    Пол:
    Женски
    Nope. Но тоа е кога жената не се цени себеси, и вредноста на нејзините јајце клетки.

    Да му дадам шанса на некој да има дете и да се "продадам" за бедни 1000 евра. Пффф.. Нека си посвојат ако им е скапо.
    Исто така и сурогатството не е доволно платено.
     
  17. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    7500eur Bubce
    Tolku nie plativme 8jk
    A 6jk bea 6500eur.
    I jas bi se slozila deka 1000eur e solidno zasto tocno,neznaes kolku jk ke izvadi. Ne e garancija ni deka 1 ke ima. Barem nie sto znaeme kako odat tie proceduri,eve da kazam sme imale process so izvadeni 5jk a mnogu procesi so 2jk ili nitu Edna
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.200
    Допаѓања:
    169.471
    Пол:
    Женски
    А за колку би се "продала" ?!
    За 8.000 би ????
     
    На Momichka и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.200
    Допаѓања:
    169.471
    Пол:
    Женски
    Поскапеле??
    Коа прашувавме ние пред 2-3 гпд ,толку беа. 5.000 евра . Плус 2.000 нели трансфер и замрзнување на останатите ембриони
     
  20. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    730
    Пол:
    Женски
    Недај боже да ја имаш нашата судбина воопшто нема да размислуваш вака!

    Секоја чест на тие што донираат, а господ да им даде само убавини, здравје и среќа, бидејќи благодарение на нив и ние би можеле да се оствареме како родители, да добиеме дете, најголемото богатство и мотивација во животот.
     
    На Momichka, eli25, viktorij и 6 други им се допаѓа ова.