Јас би платила лично само да не се влечев по банки. Нека биде платено, не мора банката да ќари. Прашуваат членките лично, практично молат, како што молев и јас, ама никој не се одзва. Секако е доброволно. Јас сум среќна дека успеав, и тоа од трет пат, секако и јас се спремав за успешен трансфер. И на крај, имам за што да живеам, парите што ги дадов не беа 4500е туку повеќе од 10000е. А за банките, цената ја диктира побарувачката, исто како кога купуваш кола или стан. Еве го сонцето, спие до мене. Тоа е бесценето.
Здраво дали некоја била со донор јајце клетки ако сака да ми го објасни процесот кој го поминала. Каде, колку ја коштало успешност и сл
Што има тука да се цениш? Што е ова за ценење? Засрами се . некој нема ни 1000 евра да оддели , не по своја вина неможе да се реализира како родител, ама ние со јајце клетки ај ќе се “цениме “и ќе бараме пари
Па добро не донираш здраво срце…Јајце клетка..потрошен материјал кој секако секој месец ке го исфрлиш преку циклус. И без пари би донирала.Се остварив како мајка дури 3 пати.Понатака нека дава Бог на други.
Лесно е да се коментира од страна @cooll . Овде сме прилично членови кои сме донирале, кои сме примале донација и кои сериозно размислуваме за тоа. Јас донирив ембриони. 8 солидни ембриони, јас и мм ги оставивме за донација. Затоа и пред некоја страна прашав дали некој донирал. Не прашаа да ги уништат или да ги донираме. Ако на некој му донесат среќа, слободно. Тоа се мои и гени од мм, кои ги имаат моите деца, а некој од ембрионите ако добие прилика за живот кај некој друг пар... им посакувам среќа
Здраво соборки, јас сум пред моментот на донор јајце клетка, нема кој ми даде морам да купам па прашањето ми е дали тука или странство. Ќе ве замолам за совет за они кои го поминале овој пат
Не сум го поминала тој пат, ама имам размислувано и можеби грешам. Нека ме поправи некој ако ми е грешно размислувањето. Јас ако донирам јајце клетка и ја земе некој од Мк. Тоа се мои гени. Јас паралелно имам дете. Моето родено дете и жената која што со моја јајце клетка добила дете утре ден се запознаат и стапат во брак, детето нивно нема да подложи на инцес? Може грешам , еве некоја нека ме поправи…
Не знам што да кажам, јас имам неколку мислења во врска со ова, првото ми е исто како тебе, еве и во обратна ситуација, пример со донирани да правам ивф, тоа дете јас ќе го носам, но ќе ги нема моите гени, навистина не знам што е правилно, ама ако дојде до тоа би размислила, не знам.
Не сме се разбрале во никој случај не се јајце клетките од некоја од МК, ама проблемот е во тоа што тука работат со замрзнати ЈК , за странство не знам од каде и како пбично е Чешка имам контактирано со една клиника ама некако како кај нас бизнис не знам дали до тој степен како кај нас. Затоа сакам искуства од некој кој има направено некое подетално истражување . Верувам тие што донираат тука или се веќе во роднинска врска или се познаваат. Затоа и постојат правила недај боже за инцест.
Сум била кај многу, двајца кај нас да ми презложија, и кога има консултација со една клиника во Чешка исто. Имам слаба резерва и не реагирам на терапија. Ама во принци секогаш имаше еден ембрион освен послњдниот пат, ама и слаб бил материјалот на мажот ми. Ама имам многу инвитра направени 7 со фул стимулации на приеоден не сум успеала да извадам ЈК. инсеминации исто преку 10.
Не знам, јас кога почнав со терапија, потоа докторот ме прегледа и не ми даде некоја надеж, после неколку дена пак ме прегледа и се изненади, ако не реагирав ќе ми прекинеше терапија и на природен. Што се однесува до донирани јк ако дојде до тоа, не знам што да правам, јас ќе го носам ама нема да ги има моите гени. Членката погоре сакаше да каже дека кога би донирала јк, и друга жена има дете со нејзини јк и таа ако има дете фактички истите гени ќе ги имаат, па и немора да е од мкд. А пример еве една жена може да донира на повеќе јк? Ако е така од иста жена ќе имаат повеќето деца со исти гени. Не ми е јасно тоа, дали од една жена јк клетките смее да ги купи само една жена или повеќе?
Мислам дека може повеќе пати да донира, ама е утредено во делот на географското подрачје од каде за каде се донираат. Да ќе има исти дел исти гени како и нејзиното дете, како што и со први братучеди, имаме исти гени со браќата и сестрите. Оваа е сложена проблематика и јас тешко ја прифаќам се што не природно и лесно е екстремно тешко исто и со посвојување итн. Не секој може да донира и не секој прифаќа дете со донор ЈК. Јас сум моментално на пресфртница или без деца или посфојување или дононор ама и тоа може да не биде успешно. Може погрешно сум ја разбрала групата мислев дека е за оние кои мораат или одат со донор ЈК или биле за да ми споделат изкуство,а не за тие што сакаат да донираат.Јас ниту можам да ги решам сите прашања ококу тоа што ќе се случи ако тогаш има милион такви ситуации во сите свери . Едноставно сакав искуство од оние кои го поминале овај пат или се во процес
Имаше тука членки што успеале со донирани јк, епа тоа е, и со донирани не се знае дали ќе биде успешно.
Да, Македонија е мала земја, ама секако ќе се знаеш со донорката и ќе го предупреди детето, барем јас би го направила тоа.
За мене е правилно што го имам ова дете, мое е секако, јас го носев, јас го гледам, ме прави најсреќна на свет. Сигурно не е на комшиката.