Секако ќе биде успешно, има многу успешни приказни со донор. Јас бев во Ремедика еднаш и во Њуборн два пати, успеа од трета. Треба да го спремиш и твоето тело да го прифати ембрионот. Што те интересира конкретно? Не знам за надвор, ама и таму има успешни приказни.
Ама ок е тоа, немам ништо против, секако е твое, јас ако го носам ќе биде мое, за гените пишав дека нема да ги има, инаку ако тоа ми е последна шанса, ќе морам.
Тина на што конкретно мислеш треба да го спремаш и твоето тело да се прифати ембрионот? Дали мислеш на пиење витамини пред трансфер....? И велиш си успеала од трет пат со донирани, дали нешто имавте променето во споредба со првите два пати, или едноставно третиот пат се поклопиле коцките и било на среќа?
Јас конкретно последниот, трти пат, постев, трансферот беше во мај. Не строг пост, со зејтин, ама издржав и не ми беше тешко. Еве сега ме потсети пак да се спремам. Второ, го симнав пролактинот, проверив тироидна, јадев бразилски ореви по 2-3, вежбав јога, направив тоа во МАНУ што беше генетското испитување, све што може да се испита, пиев д вит. Трето, направив брис од ендометриум, немаше бактерија. Секако, треба да е погодена терапијата, за тоа одев два - три месеца на ехо секоја недела - две за да види докторот колку естроген треба. А да, јадев и цвекло и авокадо. Претежно медитеранска исхрана - маслиново м, овошје, салати, манџи, чорби, риба.
Дали некоја скоро има купувано јајце клетки во Македонија и да ја каже цената која е? И отприлика колку време се чека?
Девојки, дали некоја има искуство со дојирани во Систина? Како им се цените? Исто, како оди процедурата за да поднесам за ваучер со донирани? Треба да има некој конкретен услов или препорака од доктор? Благодарам
I da davas besplatno od bezdusen lik kako tebe ne bi ni sakale. Da setas po bolnici i ispituvanja da se boris za dete nema vaka da tropas gluposti
Здраво на сите, Долго време се двоумев дали да ја напишам оваа порака, но желбата да станам мајка е посилна од стравот и срамот. Со сопругот поминавме низ многу тежок период. Кај него беше дијагностицирана азооспермија и му требаше време психички да се справи со тоа. Додека го чекавме и се надевавме дека ќе најдеме решение, за жал, и јас ја изгубив можноста да имам сопствени зрели јајце клетки. Денес единствената шанса да го оствариме нашиот сон е преку двојна донација. За жал, цената на целиот процес е огромна и во моментов не можеме финансиски да си го дозволиме тоа. Најтешко ми е сознанието дека имам толку голема желба да бидам мајка, а единствената пречка е што немаме доволно средства. Затоа сакам да ве прашам, дали има некоја жена во оваа група која би размислила да донира јајце клетки, или можеби знаете некого што би бил подготвен на ваков хуман чин? Секоја информација, совет или контакт би ни значел неизмерно многу. Од срце ви посакувам секоја од вас да го доживее моментот кога ќе го прегрне своето дете. ❤️