Адаптираното нема тука е разликата а кога веќе ќе даваш пари за замрзнато ете 5 евра за 30мл тука ќе дадеш 5 евра за 500гр адаптирано има разлика во цената кога веќе би давале пари би давале за ал инклузив
Ехеее, вие си мислите така иде донирањето, измолзи и тури го во замрзнувач Па тие банки за млеко имаат милион процедури пред да можат да го продаваат. Млекото поминува и низ процеси како хомогенизација, а и бактериолошки е чисто. Веројатно и донаторите потпишуваат некој документ дека воделе здрав начин на живот, карикирам. Имам читано дека антитела многу малку се губат. Мајчино млеко си е мајчино млеко и Е поздраво од адаптираното, како сакајте гледајте. Адаптираното е добиено од крава. А муабетите па што ако мајката јадела зелена храна, пиела сок од лимун, па ќе имало грчеви...незнам, ама мене ми се банално смешни
Јана баш имаше пишувано како пропатело од грчеви од краставица кога јадела. Кој поминал низ такви грчеви знае
Да во право си , пишав и погоре се прави соодветен скрининг најпрво за сексуално преносливи болести , исти така се доставува извештај од лекар дека не прима мајката одредени лекарства вклучувајќи антидепресиви , воедно потврда дека таа и бебето кое го дои е здраво качува тежина и дека има вишок млеко , дека не е корисник на дроги и секако да е непушач и да нема внесувано алкохол, истотака некаде прават тестови за дали е примано крв или дали е правена трансплантација на орган .... Потоа се стерилизира и дополнително се пастеризира млекото ( да се заштити од сите патогени бактерии) , со што издаваат протокол за соодветно складирање и измолзување , а побаруваат моментално замрзнување на млекото после измолзување , ова идеално звучи и функционира ( веројатно) со што банката за млеко ги покрива сите трошоци .... Што за онлајн продажба на црн пазар сигурно е дека не се поминува ни осмина од потребните протоколи, а не па да дискутираме за што јадела мајката (мислам дека тоа не е ни на листата воопшто) ризиците се каде каде поголеми од грчеви во стомаче ....
Знам и јас. Три месеци око не склопуваше од грчеви помалата ќерка. А имаше посебно изразени грчеви кога јадев лубеница и смокви. Ти се верува? За жал неможе да се предвиди ова со хранава. За жал На секое бебе мешето може да реагира на различна храна. Но единствено што е најважно е дека тоа е природен процес кога им проработуваат цревцата, некои имаат, некои немаат грчеви. И тие што се на адаптирано имаат грчеви. Значи за донирање млеко не е пречка типот на исхрана се' додека е здрава исхрана. @naturallmess тоа е тоа Кога е во контролирани услови, убаво е да постојат вакви опции за жени што неможеле да дојат. Се надевам во иднина ќе стане секојдневие, да не биде толку табу-тема колку што е сега, од прочитаните мислења наназад.
И јас би донирала млеко, со задоволство. Имав полн замрзнувач млеко, дел синко со каши изеде, дел фрлив. Ги поминав сите тестирања кога зачував матични клетки, здрава како дрен сум. Кај нас општеството е заостанато, ова тешко да функционира. Ако ви треба трансфузија, ке одбиете ли? Јас знам крводарители кои пушат. Ич да не пушат, пасивни пушачи има. И воздухот надвор смрди.
Компирот не предизвикува грчеви али јас секој пат кога јадев он вриштеше и се дереше и после кога го избегнував се стабилизира немаше плачки до зајдување
Не знам каде води дискусијата. Има бебиња кои не прифаќаат адаптирано. Додека да го погодат, менуваат 2 3 типа на ад.
Јас имав многу млеко, доев, малиот растеше ептен многу (за 5 дена качи 500грама само со цицање, па го мереа двапати мислејќи дека е грешка). Не знаев дека на ГАК имс опција да се донира млеко, да знаев ќе донирав зошто буквално фрлав измолзено млеко.
Како што има за адаптирано така има и бебиња што не фаќаат града и не сакаат да цицаат не сакаат ни молзено. Секој со својот став, тука кај нас секој втор е со таблети за глава за кичма и да не набројувам, да се храни со нормална храна богата со витамини за да биде квалитетно млекото.Значиме за дебела нација меѓу први 5 во светот дека "здраво се храниме", ретко која има време повеќе да обрне на начинот на живот и исхрана и да донира поред бебе дома.
Па еве пишуваме тука дека некои од нас имале млеко за извоз. Јас потрошив 3 или 4 пакувања авент кеси, секое има по 20 или 25 внатре. Секоја кеса ја полнев со по 150 мл просечно. Плус се случуваше да молзам и да не замрзнувам, туку да му даваат на синко кога ке излезам, или молзам за нареден оброк. И тоа со молзење почнав накај 2 месеци. Синко првиот месец качи без малку 2 кг само со доење. Ад во болница со шприц два три дена. Сочував матични клетки, сите резултати беа супер. Крвна слика супер. Јадев здраво заради моето бебе, не за друго. Во врска со доење, не е до млекото. Многу мајки се соочуваат со мрзливо бебе, лош хват, разранети брадавици, слаба лактација итн. Не е дека бебето не сака мајчино млеко и преферира ад. Не не, бебето не сака да цица. Ако му дадеш молзено ке пие, ад ке пие. Бебето е гладно и бара храна. Проблем со доење не е заради вкусот на млеко.
Јас немав за моето да го дојам, а не да донирам. Но и кога немав не посакав да купам. Одамна знам дека има црн пазар и за ова. И не сфаќам зошто некој купува кога не е докажано дека помага за рак, ниту пак помага за бодибилдерите.. Па и веганите каква врска имаат со ова?? Мајчино млеко е за бебе до 6 месеци, другово не го разбирам. И не би купила, ниту би прифатила донација. АД постои, не е крај на светот ако не цица бебе.