Ама го направивте,ко во маркет да се продава Не иде тоа така.Има банки за мајчино млеко,и комплексни процедури за донација. Вториот ден во болница ми надојде многу млеко,побарав пумпа и измолзив скоро 40мл колострум. Нешто испи беба од чашка,но преферирав да ја држам на града да се учи да цица. За жал доста и фрлив,и во меѓувреме разговарав со сестрата дека е штета што не можам да го дадам на лице место. Ми кажа дека за донирања ако сакам се пријавувам во посебна организација,и тие доаѓаат дома еднаш неделно и го транспортираат во соодветни услови.Пред тоа тестови и изјави од мене еден куп. Беше Април,пикот на пандемијата и локдаун,плус стравот,па не ни размислив за такви контакти. Иначе не се продава,туку се користи за прематурчиња и за хоспитализирани бебиња до 1 година од конкретни болести. Сметам дека е ултра хуман чин,секоја чест на мајките што донираат.
Храна јадат, не е неопходно млеко. Ете јас давам АД, не дојам. Кравјото никако не го гледам како опција. Но и доктори неколку ми кажаа, ако не сака АД не мора. До 6 месеци кога се само на млеко пожелно е да е мајчино. Јас и да доев, не гледам причина после 6 месеци да купував од негде мајчино млеко или да ми донираат ако немав доволно. Или ако воопшто немав, подобро АД отколку туѓо млеко. Ем поскапо ем не доволно безбедно е од црн пазар. А и непотребно, на таа возраст. Бидејќи ја разгледав страницата најгоре, има мајчино млеко класифицирано според месеци, зато ми е нелогично за над 6 месечни бебиња да се купува или донации за таа возраст.
A ad mlekoto ne e vo sustina od kravjo dobieno ili greska sum? Jas da mozam i da treba bi davala pre tugo nego ad. Normalno regular dobieno sigurno provereno. Mislam deka problemot so davanje tugo e poveke psiholosliot moment na majkata da se premine deka druga i go radi deteto jer ona ne moze. Isto ko sto ne ti se dava drug da ti go cuva pa brkas babi i se ostalo naokolu taka i ova nekako mu doaga
Еве мајки науката сепак држи чекор со нас и тие што имаат потреба од мајчино млеко како предвреме родените бебиња. Во Британија е веќе изградена и пуштена во употреба првата фабрика за преработка на мајчино млеко во формула. Нема повеќе мрзнење/одмрзнување, пакување и следење на датуми. Верувам има многу подолг рок на траење а е сепак задржана сета корист која иде со мајчиното. Ова е за нас светлосни години во иднината но е надеж за нашите деца и нивните, еден ден вештачката формула или ќе се досоуврши или ќе се замени со мајчина. Повелете линк https://www.telegraph.co.uk/busines...-breast-milk-processing-plant-opens-redditch/
Prasuvav za ova izleze deka imam dosta mleko sega mi rekoa vo korona ne primaat. Ako nekoja majka saka direkt da i dadam smrznato slobodno neka mi pise.