1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дон Кихот (Мигел Сервантес)

Дискусија во 'Книги' започната од NikaPetreska, 3 декември 2010.

  1. NikaPetreska

    NikaPetreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Што мислите за Дон Кихот? Дали ја имате прочитано оваа книга? Дали во себе гледате дел од Дон Кихот ..Дали вие имате нешто за кое се борите,покрај се ? :)
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Една од моите омилени книги. Ја читав на српски, а сега кога конечно излезе македонското двотомно издание, чекам погоден момент за да го купам и да ја читам пак.
    Со прекрасен раскажувачки стил, Сервантес го истражува човештвото: доброто, лошото, радоста, тагата, идеалите, слабоста и силата, лудоста и мудроста... и многу хумор.
    Го наоѓам во себе Дон Кихот кога сакам да го сменам светот, да ги исправам неправдите, да ги заштитам слабите. Разликата е во тоа што тој се наоружал и ја следел својата цел, а ние модерните Кихотовци си дебатираме од сигурноста на нашиот дом.
    Тој можеби на крајот завршува неславно, но патувањето е поважно од крајната дестинација.
    Неспорно - едно од најубавите литературни дела некогаш напишани.
     
    На sesilija, NikaPetreska и aNy-to им се допаѓа ова.
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Книгата дефинитивно е ремек дело, иако тоа не го мислев тогаш кога ми беше задолжителна за во училиште.Штознам можеби тогаш не сум го согледала вистинското значење,ја гледав само хумуристичнта страна на главниот лик,всушност мислев колку тој бил глупав и луд.Токму така прво ја согледуваме глупоста на Дон Кихот а потоа сваќаме дека тој воопшто не е глупав.ТОј само сака да го постигне тоа што го замислил,да си го оствари сонот,што секако е храбар чекор земајќи во предвид околностите во кои се наоќал и мислењето на другите луѓе.Мислам дека токму во тој дел се пронаоѓаме сите.Кога самите пред себе ќе си поставеме некоја задача,цел и се стремиме кон нејзино остварување можеби во очите на другите луѓе изгледаме будали,но подоцна таа прва претстава се покажува како погрешна.Секако дека вреди да се прочита ова дело,мислам дека неможе да се остане рамнодушен.
     
    На richgirl998, Angelche, NikaPetreska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам читано ми беше дело во училиште. Не ми остави богзнај каков впечаток, едноставно не ми се баш допаѓаат такви авантуристички книги...
     
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Мене не ми се допадна |( попрво би читала некое друго дело освен тие за во училиште :D
     
  6. VioletButterfly

    VioletButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Ја има сега и на мк, квалитетно издание морам да кажам
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    :) И јас ја имам прочитано. Интересна , дури и смешна ми беше :rofl: :rofl: :rofl: А на прашањето дали во себе гледам дел од Дон Кихот, да гледам, ама дел (инает, истрајност и подготвеност за некоја будалија некогаш :rofl: :rofl: )
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Дон Кихот бил едно лудо и откачено чиче кое поради недостиг на забава во животот тргнал во витешки походи :D Книгата е нели задолжителна лектира, како што знаете и најверојатно, штом е задолжително, има нешто вредно во неа.
    Како ептен примерна ученичка ја прочитав, и не ме фасцинираше баш-баш. Дури кога дојде време да ја работиме на час не се сеќавав на некои делови од книгата која ја прочитав еден месец пред тоа. Ја прочитав затоа што МОРАВ.
    Во себе не гледам ништо Дон Кихотовско. Е сега, си се филмам некогаш така дека сум нешто поразлично од она што всушност сум, но никогаш не ми се случило од преголема конзумација на нешта од сличен карактер да се поистоветам до коска со таквиот карактер и да терам кај што не ме собира.
    За борење, се борам, да. Се борам за опстанок, да имам јадење, да имам чисти гаќи додека другите ми се сушат на жица и да имам луѓе околу мене кои ќе ми создаваат пријатни бранови во секојдневието.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Што повеќе да кажам кога Ливинг кажала се ;)

    И мене ми е едно од омилените дела, и некако и јас се соживувам со ликот на Дон Кихот- неговите потези, борбата со ветерници, и мислам дека освен хуморот кој е првичното нешто што се гледа кога се чита книгата, сепак има една голема метафора позади него, една порака која ни кажува за нечии идеали, навидум смешни, со со оправдана цел.

    Јас така ја читав, така ја сфатив и можеби затоа се соживеав со неа :) .
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    Сосема се согласувам со тебе Ливинг...навистина прекрасно.
    нема потреба да дополнувам :) :*
     
  11. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Книгава искрено ми беше глупа.
    Што се однесува до Дон Кихот како лик, мислам дека постои нешто Донкихотско во мене-Авантуристички дух и памет кој никаде не води. :D
     
  12. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Значи да си признаам ја немам прочитано книгата,значи имам слушано многу добри критики за нејзе,не сум имала некоја многу голема желба да ја прочитам,но еве претпоставувам дека би ми ја препорачале ,па затоа ќе ја земам и ќе ја прчитам ;)
     
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми се допадна книгава....Можеби затоа што сакам авантуристички книги кои покрај тоа што се забавни лесно и брзо се читаат... :) А што е до прашањето да, мислам дека сум помалку или повеќе Дон Кихот..Единствено треба правилно да си го најдеме Санчо Панса за да не прати во сите будалаштини кои ќе ни паднат на памет :D :D
     
  14. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Не сум по книгите, која да ја почнам ја оставам макар и на интернет да е. Ама оваа супер е. На половина сум стасана и сега за сега ми се допаѓа. :)
     
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Мене книгава не ми се допадна. Ја прочитав пред неколку години и ја читав насила некако иако на моменти во некои сиуации се препознавав во особините на Дон...
     
  16. Tina12

    Tina12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
    А може ли некој да ми даде линк од книгава да ја симнам, на српски или македосники.Ја обработувам во среда а во гратска во Куманово, ја нема веќе.Исто и во школска.Издадени се сите..Па би ве замолила ако знаете каде да ја симнам дајте линк.Фала однапред :inlove:
     
  17. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    На прв поглед книгава изгледа состем глупава. Исто како и Дон Кихот. Читаш и си велиш "Леле, кој лудак" . Ама не! Ако малку се продлабочиме и навлеземе во самата содржина и читаме меѓу редови, всушност ќе дојдиме до заклучок дека делово е генијално. И самиот лик ни дава поттик да не се грижиме за тоа што ќе рече овој или оној. Битно е ние да сме задоволони!
    Моментално ја читам, за денес ми е за обработка.
     
  18. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Tрагикомичниот дон кихот,кој се бори со стадо овци замислувајќи ја војска :D малку повеќе се изнасмејав на лудориите кои ги прави.Cанчо легенда жива само гајле му е да се најаде за другото уво не го боли :D ја читав затоаа што ми беше за обработка инаку не сум баш љубител на вакви дела.
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Женски
    Дон Кихот? :rofl:
    Леле каква смеа пробуди тој лик во мене...дома си ја имам книгата,а и лектира ми беше минатата година ;) :geek:
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.541
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано, имаше навистина интересни случки во лудото патешествие :)