Се работи за релативно нова серија, сега скоро почнаа да ја даваат на Fox Life и вкупно се излезени четири епизоди до сега. Има интересна приказна и сега за сега дефинитивно продолжувам да ја гледам. И не знам, на крајот успеала секоја од епизодиве да ме разнежни и потресе. Спојлер Се работи за Џејк, детенце родено со аутизам. Но, тој има необичен би рекла дар. Самиот одново ја создава низата на Фибоначи која првично била откриена во 12 век. Создава посебни низи броеви кои создаваат различни поврзани нишки низ светот. Бидејќи не зборува, преку знаци на својот татко му ги пренесува низите кој тој треба да ги следи за да всушност спречи разни трагедии секаде по светот кои се поврзани на најнеочекувани начини. Не е само ова што го раскажав туку во серијава е и за посветената татковска љубов и тоа што ќе разбие стереотипи околу аутизмот на многу неинформирани луѓе. Aко имате време погледнете ја. Ја даваат на Fox Life а можете и да си ги симнете епизодите. ПС: Тие на Макс ТВ ја имате првата епизода во видеотеката во FOX on demand. Во случај да сте заинтересирани: http://www.youtube.com/watch?v=dvQ_qJYZ-7A
Само 2 епизоди има досега. 3тата - Safety in numbers излегува утре. Јас да додадам и да нагласам дека главна во улога е Kiefer Sutherland. Неможе да биде лошо Феноменален пилот, за нијанса послаба втора епизода. Ова дека приказната веќе не беше нова и уау, туку како да се повторува само со нови ликови. Се надевам нема да тераат така цело време, да ги повторуваат епизодите на некој начин. Многу ми е интересно како работите се поврзани, едно нешто да не биде како што е и се се менува во друг правец
И јас ги гледав двете епизоди на Фокслајф. Да, само двете се излезени. Ме зачудија фокс со новиве серии што ги откупиле, ама редно беше да се освежат. Оваа нема да ја гледам на нет, на фокс ќе си ја пратам. Инаку интересна ми е, Кифер обично ме нервира, ама некако ми се свиѓа ликот во серијава. И детето ми е срцка, Спојлер како го гушна на крајот на првата епизода. И се како се поклопува на крајот, само се надевам дека така ќе тераат. Добра серија во секој случај.
Да, да знам дека до сега имаат дадено две епизоди ама колку што знам четири се снимени. Лошо се изразив де, збунка.
Не, не FOX on demand. Ново е, може за тоа не знаеш. Провери си во видеотека. Дадени се двете епизоди од Touch ама трае до 3-ти април. Веројатно е на проба.
И јас ја загледав серијата, дури веднаш откако излезе на 25 јануари. Ми се допадна целата приказна, како се поврзаа работите меѓу себе, детенцето е навистина слатко, се надевам 3тава епизода ќе е поинтересна од втората
Да се пријавам и јас. Пилотот го гледав одма по емитувањето, а сега ете и втората ја изгледав. Малку послаба епизода со понеинтересни случајности Спојлер на пример со балката за безбол кога ја намести, јас мислев кој знае што ќе биде со палката и бројот истиот и лифт или што и да беше тоа отвораше и го имаше на палката. малку и патетика крајната сцена, ама добра епизода, просечна. А за пилотот немам зборови, сакам вакви серии, а Кифер го сакам од 24. Не ми е омилен глумец, ама добри серии сними.. Инаку, и јас се изненадив за новава серија на фокс лајф, исто на фокс крајм па ќе ја даваат Шерлок која планирам веќе подолго време да почнам да ја гледам иако по три долги епизоди се во сезона
Добра беше и 3тава епизода. Добро е се подобрија малку Спојлер Само што едвај чекам да дознаам кој се крие во собата со број 6. И глупа беше реакцијата на таа Глеа социјалниот работник која ја виде количката пред собата 6,на кој друг начин би била таму освен ако некој не ја вратил од собата?
Серијава си ја пратам на Max tv и ептен ме заинтересира.Интересна приказна,а за способноста на Џејк немам коментар.Баш денеска ја гледав третата епизода и ми се допадна,само се надевам дека ќе има и нешто друго за да се разбие монотонија,зошто ако секоја епизода е истата приказна само со различни ликови брзо ќе ни се здосади.Во исчекување сум на следните епизоди и се надевам позитивно ќе бидеме изненадени
Има на фокслајф реприза од серијава? Не ја гледав последната епизода, па ако нема да ја изгледам на нет.
И јас во исчекување на малку више екшн и заплет на настани Приказната и добра, најавната шпица(не знам оти тоа секогаш го забележувам) е исто така супер...само им треба некоја поголема мистерија чие разоткривање треба да се влече низ епизодите. Мала надеж дека можеби жена му е жива, вмешување на некоја владина агенција.. Вака ми е некако многу предвидливо . Детето трча ко мува без глава лево десно, татко му избезумен го брка наваму натаму, гледачот малку живци го фаќаат поради тоа... ама се знае дека на крај детето ќе реши некоја мистерија. Се е ок, само мистерииве да се од поголем размер
RainBow секоја епизода ја даваат во Fox on Demand. Ако си на Макс ТВ провери таму, сега би требало 4 епизода да ја има.
Ја гледам серијава т.е ги симнав сите 5, барем до сега толку имаат аплоудувано на Земунда. Што знам забавна е, но однапред предвидлива. Ме нервира што Мартин (Кифер Сатерленд) ко да се гледал во огледало додека глуми со однапред утврдени гестикулации е. И се` се мислам дека жена му е жива. Ќе ја следам дефинтивно.