1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Допир (Touch)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Domino, 28 март 2012.

  1. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    [​IMG]

    Се работи за релативно нова серија, сега скоро почнаа да ја даваат на Fox Life и вкупно се излезени четири епизоди до сега. Има интересна приказна и сега за сега дефинитивно продолжувам да ја гледам. И не знам, на крајот успеала секоја од епизодиве да ме разнежни и потресе.

    Се работи за Џејк, детенце родено со аутизам. Но, тој има необичен би рекла дар. Самиот одново ја создава низата на Фибоначи која првично била откриена во 12 век. Создава посебни низи броеви кои создаваат различни поврзани нишки низ светот. Бидејќи не зборува, преку знаци на својот татко му ги пренесува низите кој тој треба да ги следи за да всушност спречи разни трагедии секаде по светот кои се поврзани на најнеочекувани начини.

    Не е само ова што го раскажав туку во серијава е и за посветената татковска љубов и тоа што ќе разбие стереотипи околу аутизмот на многу неинформирани луѓе.

    Aко имате време погледнете ја. Ја даваат на Fox Life а можете и да си ги симнете епизодите.
    ПС: Тие на Макс ТВ ја имате првата епизода во видеотеката во FOX on demand. :)

    Во случај да сте заинтересирани:
    http://www.youtube.com/watch?v=dvQ_qJYZ-7A
     
    На Anabelle и mileystar им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    Само 2 епизоди има досега. 3тата - Safety in numbers излегува утре.

    Јас да додадам и да нагласам дека главна во улога е Kiefer Sutherland. Неможе да биде лошо :D

    Феноменален пилот, за нијанса послаба втора епизода. Ова дека приказната веќе не беше нова и уау, туку како да се повторува само со нови ликови. Се надевам нема да тераат така цело време, да ги повторуваат епизодите на некој начин.
    Многу ми е интересно како работите се поврзани, едно нешто да не биде како што е и се се менува во друг правец :)
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PinkpankaceM

    PinkpankaceM Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    А кога, во колку сатот? Сакав да ја гледам првата епизода ама закаснав и ја прпуштив.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.999
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    И јас ги гледав двете епизоди на Фокслајф. Да, само двете се излезени. Ме зачудија фокс со новиве серии што ги откупиле, ама редно беше да се освежат. Оваа нема да ја гледам на нет, на фокс ќе си ја пратам. Инаку интересна ми е, Кифер обично ме нервира, ама некако ми се свиѓа ликот во серијава.
    И детето ми е срцка,
    како го гушна на крајот на првата епизода.
    :) И се како се поклопува на крајот, само се надевам дека така ќе тераат. :)
    Добра серија во секој случај.
     
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Да, да знам дека до сега имаат дадено две епизоди ама колку што знам четири се снимени. Лошо се изразив де, збунка. :$
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.330
    Допаѓања:
    107.590
    Пол:
    Женски
    FOX on Demand?? Мислиш HBO on demand??
     
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Не, не FOX on demand. Ново е, може за тоа не знаеш. Провери си во видеотека. Дадени се двете епизоди од Touch ама трае до 3-ти април. Веројатно е на проба. :)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    И јас ја загледав серијата, дури веднаш откако излезе на 25 јануари.
    Ми се допадна целата приказна, како се поврзаа работите меѓу себе, детенцето е навистина слатко, се надевам 3тава епизода ќе е поинтересна од втората :)
     
  9. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74
    Во колку саат има на Fox Life?
     
  10. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Да се пријавам и јас. Пилотот го гледав одма по емитувањето, а сега ете и втората ја изгледав. Малку послаба епизода со понеинтересни случајности
    на пример со балката за безбол кога ја намести, јас мислев кој знае што ќе биде со палката :) и бројот истиот и лифт или што и да беше тоа отвораше и го имаше на палката. малку и патетика крајната сцена, ама добра епизода, просечна.
    А за пилотот немам зборови, сакам вакви серии, а Кифер го сакам од 24. Не ми е омилен глумец, ама добри серии сними..
    Инаку, и јас се изненадив за новава серија на фокс лајф, исто на фокс крајм па ќе ја даваат Шерлок која планирам веќе подолго време да почнам да ја гледам иако по три долги епизоди се во сезона
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Добра беше и 3тава епизода. Добро е се подобрија малку

    Само што едвај чекам да дознаам кој се крие во собата со број 6. И глупа беше реакцијата на таа Глеа социјалниот работник која ја виде количката пред собата 6,на кој друг начин би била таму освен ако некој не ја вратил од собата? :^)
     
  12. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Има и трета епизода? ЗНачи кој ден се емитува, т.е. кој ден ја има на торент?
     
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Во петок ја има на торент :)
     
  14. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    4 епизода (Kite Strings) на 5ти Април! :)
     
    На sparkle.q му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Серијава си ја пратам на Max tv и ептен ме заинтересира.Интересна приказна,а за способноста на Џејк немам коментар.Баш денеска ја гледав третата епизода и ми се допадна,само се надевам дека ќе има и нешто друго за да се разбие монотонија,зошто ако секоја епизода е истата приказна само со различни ликови брзо ќе ни се здосади.Во исчекување сум на следните епизоди и се надевам позитивно ќе бидеме изненадени :)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.999
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    Има на фокслајф реприза од серијава? Не ја гледав последната епизода, па ако нема да ја изгледам на нет.
     
  17. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Почнав да ја гледам серијава и стварно е уба особено детеноо.. душичее
     

    Прикачени фајлови:

  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.146
    Допаѓања:
    282.756
    И јас во исчекување на малку више екшн и заплет на настани :?:

    Приказната и добра, најавната шпица(не знам оти тоа секогаш го забележувам) е исто така супер...само им треба некоја поголема мистерија чие разоткривање треба да се влече низ епизодите.

    Мала надеж дека можеби жена му е жива, вмешување на некоја владина агенција..
    Вака ми е некако многу предвидливо .
    Детето трча ко мува без глава лево десно, татко му избезумен го брка наваму натаму, гледачот малку живци го фаќаат поради тоа... ама се знае дека на крај детето ќе реши некоја мистерија.

    Се е ок, само мистерииве да се од поголем размер :?:
     
  19. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    RainBow секоја епизода ја даваат во Fox on Demand. Ако си на Макс ТВ провери таму, сега би требало 4 епизода да ја има. :)
     
  20. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Ја гледам серијава т.е ги симнав сите 5, барем до сега толку имаат аплоудувано на Земунда.
    Што знам забавна е, но однапред предвидлива.
    Ме нервира што Мартин (Кифер Сатерленд) ко да се гледал во огледало додека глуми со однапред утврдени гестикулации е. И се` се мислам дека жена му е жива. Ќе ја следам дефинтивно.