Сега само шо ја доглеав 7мата епизода "Noosphere Rising" и морам да признаам дека беше една од подобрите. Спојлер Баш се разнежнив на сцената со италијанецот.. Ќе видиме како ќе заврши, инаку предвидено е оваа прва сезона да има 13 епизоди. Последната епизода треба да излезе на 31 Мај.
Јас дури вчера ја изгледав 8мата епизода, а вчера испадна и 9тата. Инаку доста интерсни ми стануваат епизодиве и многу се израдував сега кога прочитав дека ќе има и втора сезона серијава
Мајка ми го обожава глумецов Џек Сатерленд и досега за жал гледав само1 епизода.Додуше не ја ни разбрав нешо мн епизодата ама сеа ми се разјасни што како.Инаку вакви филмови обожавам
Многу беа интересни последниве две епизоди. Уште малку па ќе се дознае за собата со број 6 што како било со девојчето. Сега ја чекам утре новата да ја гледам
Серијава... Јас ја догледав до кај што се излезени, ама некако не е нешто посебно, не е како што мислев. Станува се попредвидлива, башка што се знае дека на крај среќно ќе заврши епизодата, се ќе се доведе во ред во универзумот, инаку нели, Џејк ќе биде во болка, а тоа никако не смее да се случииии. Ќе ја догледам сезонава, ама не знам за втората дали ќе ја пратам. Вака ако продолжи тешко.
Денеска конечно ми се присака да погледнам малку од серијава. Ми останаа уште последните две епизоди. Ги изгледав. И сега имам чуство како дека дури од втората сезона ќе почне нешто покрупно да се случува. Спојлер Иако на моменти буквално ми се кака кога ќе го видам Jake како си молчи и трчка наоколу како некој сезнајко а Martin упорно е песимист и го кара за кога ќе сфати дека син му е во право да лаца за тоа колку го сака , љубопитна сум што ќе се случи понатаму. Ќе видиме.
Ги догледав и јас последните две епизоди чисто да не ја оставам сезоната недогледана. Ама нема да гледам втора сезона, доста беше и толку. Поготово после гледањето на фринџ оваа серија ми е многу слаба и ми нема никаква смисла, а и Џејк почна ептен да ми оди на нерви. Немаат некако душа ликовите. Толку од мене.
Мене ми се допаѓа серијава. Првата епизода беше крај. Целата бев наежена и не трепкав. Потоа откако се навикнав на концептот, дури и ми беше некако предвидливо, знаев кој со кој е поврзан, лаички. Ипак малку го затупеа при крај, имам забележано дека жанрот акција слабо го фаќаат. А можеби и премногу драматизираат, но пак, чекам втора сезона надевајќи се дека поише ќе не вознесува.
Пф, ова е ново. Втора сезона на 1 Февруари 2013. Погледнав на фејсбук, не ми се веруваше па барав секаде дали е точно. Се изнервирав уште од сабајле. Ц.
Супер е серијава...почнав да ја гледам на Fox Life, ама дадоа само неколку епизоди и ја прекинаа ...треба да си ја симнам...
Искрено не се изненадив што ја прекинаа серијава. Вторава сезона воопшто не ми се допаѓаше. Првата сезона ептен ми беше интересна, али вторава ја претераа малку.