Сигурно некогаш сте се нашле во ситуација да немате дома за јадење или да не ви се прави. Тука ви текнува да порачате нешто. Што најчесто порачувате и од каде? Јас знам да порачам пица од Пица Егнатиа,гиро од Гирадико и кинеска храна од Ѕвезден Океан. Споделете ги вашите места на нарачување и бројчиња *Ако е двојна тема,заклучете ја.
Да не беше ова чудо до сега многу пати ќе си останев гладна. Него секогаш го мрзи да оди некаде,и почесто си порачуваме за дома.Добро е па блиску ни се и брзо стигаат.
Јас нарачав еднаш доста оддамна гиро, од гирадико,а муабетов на 7 минутки ми е од дома пешки, ама ајде ме мрзи , и си викам ај ќе нарачам едно за мене едно за мајка ми. Нарачав накај 21 и нешто верувале или не ми стигна за саат време,ма и повеќе веќе накај 23 цепаше саатот. Тој дечкото да лазеше од гирадико до кај мене побрзо ќе стигнеше
Mислам дека меѓу добрите достави на храна спаѓа и Доминос и Сушико.Секогаш се брзи,на време,со свежа храна и точни нарачки.
Ми носат овие од пицеријава блиска... Не ми текнува како се викаше на В беше ама понатаака... Нарачувам затворена пица или семејна ако сме повеќе души.
Дефинитивно Доминос се најбрзи и секогаш со топла храна. Од ројал исто нарачувам иако им треба поише време исто како и од Гет лонџ бар. Топла е храната но чекањето измачува..
Најчесто нарачуваме сендвичи од Бравос. Имаат некоја цена кој треба да ја стигнеш со нарачката за да добиеш достава,што е логично,ама храната е секогаш топла,тазе,превкусна и не им треба многу време да ја спремат и да ја достават. 10-ка се
Пица и Ројал имам само нарачувано. Ама не ми се толку убави ко тазе таму кога ќе ми го дадат топло, вака дур стигнат дома оладени.
@Dream-Girl, мене па ми е повкусно со достава зашто треба да чекам повеќе Инаку, едно прашање: Дали знаете кои ресторани за скара имаат достава? Не ми треба брза храна/пица/сендвичи, туку месо, мешана скара, нешто во тој стил? Фала