На програмата на Канал 5 почна да се емитува новата серија Доста е! Па првиот впечаток кој го стекнав е дека е занимлива серија која би вредело да се гледа. Се работи за човек кој припаѓа во богатата класа на луѓе и е еден од најпочитуваните хирургзи.Но неговото однесување кон својата сопруга и својот син не е логично, па поради тоа неговата сопруга се одлучува да го излажи дека нивната ќерка се родила мртва. Доколку сте љубопитни и сакате да дознаете однаппред повеќе за оваа серија посетете го нивниот профил . https://www.youtube.com/channel/UCFOF59KS6T9D9yWgUqeh0-w
Ја гледав првата епизода,ми привлече внимание серијава. Има заплети и ок сценарио засега. Леле овај Јекта каков посесивен лудак е,всушност на глумецов добро му стојат ваков тип на улоги
Се утепав од мислење, која беше главната актерка, па конечно ми текна. Mihrimah Sultan од Величествениот.
Интересна е, но многу ме нервира Јекта што така и прави на Ајлин, како малоумен се изживува врз неа...
Не пропуштајте ја приказната за психопатот Јекта кој си игра мајтап со наивната сопруга, нејзини пријатели, роднини и остали сиротињи Дома ја загледаа, па заглавив и јас. Се надевам ќе им здосади наскоро. Не е лоша, ми се чини последниов период даваат посовремени турски серии.
Јас ја гледам серијава. Ја има на natabanu.net како ДОСТА Можете и од таму да си гледате серии (без реклами, без ЕПП..)
Јета и Ајлин се во брак и имаат едно дете - Каан. Тој е најпознат хирург, но поради лошо детство манифестира вербална агресија кон жена му. Фактички е женомрзец. Ги потчинува жените на секој можен начин, сака да има комплетна контрола врз нив. Има зад себе еден брак , но очигледно Ајлин нема поим за тоа.Деца од тој брак нема.Бившата сопруга е на некоја терапија и со нарушена психичка состојба.Ја држи подалеку од сите во забаталено место под контрола на од него платени луѓе. Ајлин неможе да ја издржи спихичката тортура од страна на Јекта.Тој признава само самоконтрола и не сака и деетето да го востпита во тој дух. На Ајлин не и одговара тоа и бара начин да избега од него.Пие апчиња за контрацепција, но сепак останува бремена за второ.Не успева да најде начин да избега и го раѓа, но го дава на посвојување кај брат и и снаа и Филиз а на Јекта му кажува дека бебето умрело. Сплет на околности Јекта разбира за нејзините намери и од тука почнува заплетот во серијава. Многу е заплеткано за раскажување Јас една серија понапред имам гледано, на интернет пак многу траат...по 1,5 саат една серија е и таа на ,,рати,, ја гледам
ПОнатака гневната пријателка која е тајно заљубена во Јекта ќе ја киднапира Ајлин. Ќе ја држи во контејнер на еден склад за стари возила. Конечно Јекта ќе ја осети љубовта кон Ајлин. Воедно ќе се појави како лик мајката на Јекта и во серијата ќе биде прикажано зошто можеби јекта ги мрази жените.Кратко низ ,,флешови,, ќе биде раскажано минатотона Јекта и брат му. Девојчето (ќерката на Ајлин и Јекта) неможе да ги прифати Јекта и Ајлин, сеуште си го сака татко и. Бившата сопруга на Јекта се вселува кај нив дома како дадилка на децата и секојдневно им прави ,,зврчки,, во и така расклиманиот брак. Братот на Јекта (со долгата коса) се заљубува во бремената жена (другарката на Ајлин)
Серијава ја загледав една добра серија која заслужува да се испие едно слатко кафе и да се гледа и ужива во заплетките. Но мене ме интересира дали ќе дознае дека таа му е бивша жена? Дали ќе си замини или ќе остани во куќата бившата? Ако имате линк да се гледа серијава на нет ве молам дајте.