Нема проблем Вреди да се гледа серијава. љубовни врски со профилот на Јекта ми се многу возбудливи за гледање Секогаш е интересно затоа што овие се спремни на се Врски како тие на Џемал и Ѓул или пак Атеш и Бахар ми се неподносливи... еве нешто интересно за гледање
Ај please ако имаш време,разкажи во спојлер,нешто за натаму што ќе се случува ( за нас,вака радозналите ) фала ти
Како што знаете серијата уште се снима а веке поминаа 23 дена а 25-тата епизода уште не е ставена а јас почнав да си ја гледам од почеток барем тие епизоди што и немам гледано. Ај ќе кажам уште некои работи што ќе се случат Спојлер: Јекта и Ајлин Идил во последен момент ќе ја одвлечкаат на суд како сведок за случајот со Ебру и таа демек дека сега е под заклетва морала да ја каже вистината и наоѓа идеален момент да каже дека она била првата жена на Јекта и нормално Ајлин е во шок и излегува од судницата а Јекта речиси пропаѓа во земја. Но сепак темата со Ебру конечно се затвара и судот пресудува во корист на Јекта. После Јекта и кажува на Идил да не се мачи џабе затоа што Ајлин го сака и не може да му го растури бракот а таа му дава да гледа снимка од Ајлин и Зафер како разговараат да му дадат време на Урас да побегне за да не си го уништи животот затоа што го оставил Јекта да умре па потоа да викнат полиција. Идил му кажува дека таа го спасила а не Ајлин. Јекта потоа од болка што не го сака Ајлин прави планови за да не го остави никогаш повеќе но секако истовремено и се одмаздува и ја праќа во затвор во врска со случајот на Дуру заедно со нејзината чета како што тој ги нарекува. Пред другите изгледа само како одмазда за тоа што Ајлин го оставила да умре но Јекта си има и други планови и сака семејството да го однесе во северниот дел на Канада (Јукон мислам дека е) а таму има само неколку илјади жители. Тоа го сака затоа што Ајлин таму ќе биде потполно зависна од него а и не го знае јазикот и местото а Јекта е единствениот од кој мора да бара нешто и смета дека така кога ќе биде зависна од него пак ќе го засака (нешто како стокхолм синдром ми делува ова) а знае дека таа ќе се противи на ова и ја праќа во затвор се додека не му даде целосно старателство врз децата. Таа ќе му даде старателство само под услов да не се разведе од неа и повеќе не му верува мисли дека кога ќе го даде старателсвото тој ќе и ги земе децата засекогаш а уствари тој тоа го прави за да си го осигура бракот засекогаш и планира уште едно дете со неа во Канада. Додека се мали децата тој ќе биде секогаш во предност. Адвокатот му го дава полномоштвото заедно со условот и Јекта одма се согласува и потпишува и адвокатот бара од него да ја повлече тужбата а Јекта го среди тоа уште пред да дојде тој што го изненадува адвокатот Интересна серија
Кога ќе цркне психопатката, лудачка, имбецилка? Ебру нели на умирање е, а никако да и се влоши состојбата. Почна да тупи серијава само околу неа. Јекта ја сака Ајлин затоа што е иста како мајка му.
Посакувам Ајлин да имаше барем 1/4 од силата на Михримах Султан и сиурна сум дека серијата би била уште поинтересна. За тие што не ја гледаа во ,,Величествениот Век,, Михримах таму беше како лавица! Една од најопасните Султанки. Ајлин да беше само малку попаметна, посилна, поитра не би била жртва на Јекта. Но бидејќи Јекта е главниот лик (според мене мислам дека за него се зборува во серијата) не би можел да доминира како што сака ако улогата на Ајлин е жена како што е Михримах тогаш најверојатно не би ја имало оваа серија. И се надевам дека ако веќе ја тргаат Ајлин од серијата не би сакала Јекта да биде со друа жена после неа. Поубав крај ќе биде ако остане сам и со каење него да има уште една шанса со друа жена. Така повредна порака ќе прати серијата барем по мое мислење.
Знае некој каде можам да ја гледам со превод зашто кај сите страни е до 24 епизода, некоја друга опција?
И еве нова сезона НАСКОРО! Искрено не очекував дека ќе ја пуштат Мислев дека на местото на Животот не е песна ќе ја дадат Украден живот Ме изненадија Вака да направат и со Аманет и Очајни домаќинки ќе биде добро
http://tvpaket.com.mk/serii/telenoveli/5769-09-31-06-08-2017 Значи ако направат вака стварно се една одвратна телевизија
Јас сега почнав да го гледам филмов ... Што ке се деси со Ајлин ? Нели таа во гепекот ја стави , а другиот од карпи го фрли ?