Дофрлувања, шцкања, свирења...Се имам поминато, ама пред некој ден мислам ќе го задавев типот. Значи излеговме со другарки во центар и еден тип нон-стоп не следеше. Ај да беше само следење, ама па овој само дофрлува, се нешто ни ги коменира задниците. Во еден момент почна да ни раскажува некои по*но флимчиња. Кога му се свртев, кога го мавнам каде што сонце не му свети. Мислам дека му направив услуга на светот. Го стерилизирав доживотно. Обично не им се замарам, ги ставам на игнор и крај, ама овој...
Сум слушала сешто, од секс бомби, ферариња и поршеа (true story за автомобиливе) до сите баклави, тулумби и бонбони. Сељачишта бе, да не можеш на раат да си одиш по улица.
Најдобра одбрана од прости луѓе е да не им посветиш внимание. Тие со своите дофрлувања сакаат да го привлечат вниманието на убава девојка,која обично не би ги ни погледнала и ако им одговориш со пцовка или навреда го постигнале тоа што го сакале предизвикале некаква реакција кај тебе.
Се зависи како ми е погоден денот. Ако сум во некое брзање и добро расположена па не ни приметувам, али ако чурам од нервоза така убаво сочно знам да го распаметам да тој фаќа штикла и се мисли што и е на оваа
Мене па смешни ми се бре, им се смеам така слатко на ропачките фори за додворување и добацување на девојка која патем не би можеле никогаш да и пријдат, па на таков сељачки начин успеваат едино да измамат насмевка на моето лице. Ама не стварно, не знам со која намера го прават тоа, дали да си ја докажат `мушкарчината` која патем со тој потег е сведена на нула или боже ме сачувај, начин за упуштавање на девојка. Единствената реакција кога ќе забележам низ градов, особено кај мене во населба се доста чести ваквите испади Гoлф со затемнети стакла, вуферот позади опнат, и последно нешто од овие појави беше рокната Докторе од Сузето, ми е: И секако најчесто возат `црно мече`. Немам коментар. Зборови барам, зборови немам.
Сестра ми.... Морам да ја спомнам во темава...Девојчето или девојката од 22 години смета дека најстрашното нешто што можеш некому да кажеш е - НЕВОСПИТАН ЕДЕН/НА! И секогаш и се смеам за тоа, и викам - добро бе, ако некој те опцуе ти што ќе кажеш? Невоспитан еден?! И она, па Дезл - се почнува од таму, да бидеш невоспитан! Поминува на пешачки пред рамстор и застануваат коливе и некој се дере од колата - МОРИ, ДА ТЕ Е*АМ у ГЗ. И она........ ииииии НЕВОСПИТАН ЕДЕН ! Леле колкуууу сум се смеела...и викам добро ма, он сигурно не мисли дека е многу културен штом така направил! И она: па добро, што да му кажам? И јас и викам ќе му кажеш - на мајка ти така! И она: Е дааааааа беее...па после ЈАС да бидам невоспитана!
Се извинувам што сум тука со една моја прблематика која воопшто не е поврзена со вашата тема, но бидејки гледам дека е активна темата во момнетото ми треба некој што е онлајн за да ми помогне доколку може.... значи вака...имам кученце веке 7 месеца, и кога сум дома сама си бара да мочка на тераса, арно ама додека сум на работа си мочка од кога ја имам на тепихот пред вратата што е за на тераса, и секој ден минам со влажни марамици но пошто се затоплува тепихот поцнува да замирисува малце....има ли некоја од вас фемининки искуство со ваков проблем и длаи знаете неко јако средство со кое би можела да го дезинфицирам местоот кај шо мочка? плссс хелллппп
^^ ахахахахахахах Иначе за темава.. Тоа веќе ми е секојдневие посебно летно време кога сите се надвор.. Бидејќи живеам во населба каде што повеќе се албанци од колку македонци, тоа мн често ми се случува Нон-стоп кога и да поминеш, лепото, шц - шц, едно друго Аман бе и на 14 годишно девојче ли најдовте И мн ми е некако сељачко тоа понашање..
Па во каква околина живеам, и какви се има во околинава...подобро да не коментирам Некогаш ме нервира, некогаш ми е интересно посебно ако е од некој симпатичен Инаку мразам кога сум сама по пат и сред бел ден тие ц-цкаат амаан! А албанциве неам коментар значи, само да е женско и тоа е неизбежно. простотилук, и не импонира нешто баш
Рамнодушно поминувам ако преку недолична реченица или гестикулација некој покаже култура која се конфронтира со мојата,а на симпатични дофрлања,некоја слатка гестикулација,насмевка или комплимент секогаш враќам со блага насмевка а ретко и со коментар,зависно од местото и ситуацијата
Ми се има случено, а јас само си поминувам рамнодушно, бидејки такви личности со низок коефициент на интелигенција не заслужуваат никакво внимание
Не еднаш,туку повеќе пати. Се навикнувам.Одпрво се нервирав,но во такво "културно" oпштество живееам. Иначе не реагирам,главата горе си поминувам се однесувам како ништо да не се случило.
Уфф колку мразам така.Идеш по улица и де маче де срце абе свашта... На тоа или реагирам така што игнорирам и терам напред забрзано или ако сум нервозна партал ги правам од пцуење и викање...
Да, ми се случило, но воопшто на таквите луѓе не обрнувам внимание, и посебно ми се случува тоа кога морам на станица да чекам автобус за да отидам кај дечкоми ... мада не се замарам си мислам дека ке го видам него ... па кој сака нека дофрлува, нека титка или нешто слично
Многу пати ми се случило тоа,додека одам по улица некој да ми рече: еј пази парите ти паднаа,свират...и да не набројувам други глупости.Едноставно и горделиво ке си поминам не ни ги погледнувам.
Поминуваш и : види ја колкави цицки има , колку е убава , ептен е јака .. на ваквите коментари не кажувам ништо само игнор , инаку со лоши коментари никогаш се немам сретнато ..барем за мене