Постојано ми се случуваат вакви моменти, а особено летно време. Баш кај мене пред влез има едни клупи и секоја вечер седат таму едни џаболебари и дофрлуваат на секое женско што ќе помине. Не можам веќе да ги гледам, дури не ми се излегува кога ќе ми текне дека секоја вечер се таму и само чекаат некоја девојка да помине. А не дај Боже да видат девојка во фустан, сукња или пантолончиња. Сељачишта невидени се Штом ме видат, одма имаш коментар од типот ’Еве ја’, ’види ја’, ’јака е’, ’срце, кај си’, ’злато многу си убава’ и други слични простотилачки изрази и неартикулирани звуци, мислиш деца во пубертет се, а не мажишта од 30 г. па нагоре Тоа е тој наш прост балкански менталитет Сепак, не ги ни перцепирам дека постојат, ги игнорирам и си продолжувам по патот
Не реагирам на свирки , дофрлувања и слични такви ствари . Поради тоа и некои што ме познаваат така ќе ми свирнат, ја не се вртам и овие што се правиш важна, и им викам па не реагирам ја многу на тоа Ама што знам, така сум навикната не се вртам , сељачки ми е малку тој начин на пуштање
леле многу ме нервираат такви дофрлувања толку се евтини и селски , коа некој нешто ќе ми дофрли ми иде да го зашамарам, ама сепак си продолжувам како ништо да не сум слушнала
Многу мразам такви простачки работи пред некој ден еден ми се избацува ај да идеме на кафе, и тоа во пун автобус 57 абе сум го отерала во 300 пм и му реков само уште еднаш обрати ми се ке те рашутирам, јас не сум насилна и машкоданка ама овој претера дури и еден дечко од спротива почна да се кара со тој,му се изнавика што ми се обракал кога сум рекла да не ме замара, и што буља како да не видел женско.
Не му се обраќам со ништо...само си поминувам.зашто ако застанам незнам крај ќе биде крајот со навреди што би упатила.Одвратни неваспитани створења кои свиркаат по згодни женски зашто животот им поминал гледајќи порно и лечење бубулици и сигурно имале 1-2 највише девојки па не знаат што е да се однесуваш пристојно и како да освоиш женска.Проста сељачка работа која и коњите и кравите од село можат да сватат дека е најидиотската ствар
Старине волови по 50-60 години дофрлуваат најмногу ...Тоа излитеното шццц , кај си срце , маче , душо преку глава ми се ...Вриам во себе ,ќе се изнервирам ама не враќам ...Некогаш се мислам да вратам со шамар ама незнам со што будала ќе си имам работа ..А во автобус нема дофрлање ..то бе бате одма на акција ..Ако се имате возено во 50 , секогаш се качуваше ( сега го немам заприметено ) еден со зелени тренерки и ќе им се навали со к*рот накај девојчињата и цел пат ќе стои така залепен ..Јас го имав избуткано , со лакти го бутав а некои пак му стоеа ,како да уживаа ...бог да чува ..
Е, да бе. Ај кажете ми дека не ви годи кога некој ќе ви ш`цне, а притоа од узбуџење му излетува плунка од просторот кај што веќе одамна нема заб? М? Прво ми беше чудно иии, посебно на 14-15 години, кога почна ш`цкањето, јас уште никаква, неразвиена мрша бев, и кога ќе ми дофрлеа нешто бев толку увреџена и понижена, ми се чини не спиев од мака. После ме удрија хормоните, ги навикнав и дофрлувањата, па кога ќе им зинев, тие бегаа ко јас да им дофрлам. Сега или игнорирам, или ми се случи да речам: Фала, и ти си убав ко за изрод. Џабе. И бурка да носиш, ќе ти најдат “комплимент“ дека веѓите ти се секси и ќе ти ги ш`цнат. Само еднаш ќе умрев од срам, леле! Дали 16-17 години имав, и гледам еден опаки момак оди позади мене, прилично постар, ме гледа со некој искривен поглед и трие раце. И не да фатам да бегам ко секое дете, јас кога му се завртов, па кога му зинав, од урда подоле го направив. Посебно во тој најулав период бев многу речита и ич не пазев што ќе кажам. Идиотка. Кога ми се избацува типов: Мрш мори, сум пукнал за тебе. Оно кутриот си хух-кал на рацете од студ, а јас глувтер мислев ми стенка од позади!
ми се случи еднаш коа идев на тренинг еден стар човек позади мене се испрде и јас се завртев и он ми вика аа ти тропна си јадела грав и ме глеаше чудно и јас си премина улица
Добро, на секој му е мило кога некој ќе му даде комплимент, па и да е таков дофрлен, но не од секој (на пример не од старци или од некој неубав(да не кажам грд) ). Инаку често ми се случува, но си продолжувам по патот и се правам како да не било ништо.
Уфф премногу ме нервира тоа...иако не реагирам,не се вртам Демек со тоа што ќе и дофрлиш на некоја девојка на улица ќе ја придобиеш или барем ќе успееш да и се доближиш? Хаххаха I don't think so Тоа за мене претставува чиста некултура.
^^ Демек, ако е грд, тогаш е глупак, сељак, и не знае да се однесува прописно, а ако е убав, тогаш ОО МАЧЕ КОЛКУ СИ ЈАКА е комплимент?! Свашта Плиткост!
Не се вртам и игнорирам, не знам мислам дека тие се манијаци шо се нон стоп напалени ко да не виделе женска а можда и не виделе, ама многу ми е страв навечер ако сум сама кога некој ќе ми дофрли е тогаш паника ме фаќа и трчам ко луда...
охооо има многу такви ретардирани суштества,најчесто ми се случува кога излегуваме со другарките....ги ингорирам,но ми иде да им ја лупнам една по рилките и еднаш засекогаш да се занемат!
Ми се има случено повеќе пати, дури еднаш-двапати со мајка ми. Ако сакат познанство нека дојдат како луѓе да се запознаат, а не да се дерат од другата страна на улицата еј девојко добар газ Точно дека секој сака комплимент ама да ти дофрлува дека имаш добар газ а не те ни познава, очигледно те мисли за обично парче месо. Затоа некогаш игнорирам, ама и некогаш се претерува со коментарите па ќе се одбранам
Да,и мене ми има свирнато еден на улица Мајстор,добро...Ајде,да не навредувам.Ама имав 14 години,а тој отприлика 35-40.
Истоооо. Ама врв ми е коа некој шипац у сити мол на ексалатор коа идеш ќе ти каже дај ми бројче и ти тука му викаш ај утре хахахаххахахахахахах можда е глупо ама многу ми е смешно. Исто многу често ми се има случувано да си загледувам во автобуси иии од автобусов да ми мафне некој.... господ да чува
И роднина да ми е, ако вине од подази мене, далечина едно 20/30 метра, нема шанси да се завртам. Кој ска нека е, јас си терам.