Многу често ми се случуваат вакви непријатни работи ама јас ништо само напред си терам и игнорирам и толку многу што не обрнувам внимание мајка/татко ми се случувало да поминат со колата покрај мене да свирнат а јас на игнор и треба да застанат да слезат од кола да ме викнат па да сватам дека тие се мама и тато
Ми се има случено многу пати некој да свирка, да коментира, да довикува и незнам ушто што особено некои мали деца од ромска националнсот со некои вукгарни зборови но се правам дека не слушам и си продолжувам напред. А еднаш во комерцијална банка додека ја чекав другарка ми да плати порачките од Авон стоев понастрана и еден млад дечко може околу 20 години изгледа и тој чекаше некој застана до мене и почна да се бутка во мене ми вика многу си секси и убава, маичката супер ти стои, сакаш на кафе кога ќе излеземе од банката мислам само го погледнував вака --> Ако не престанеше ќе почнев да викам на сред банка дека ме вознемирува. Сакав да кажам не само улица ги има секаде.
Не ги можам значи, сељачишта нездрави, али тоа е на кој колку Господ му дал... на крај краева свашта пи*ка раџа !
Mi se ima dosta pati sluceno,najcesto gi ignoriram a ednas eden i mi se doblizi so eden zbor i so istiot i eden +zbor si zamina taka usramen i ponizen,pa ne mu tekna pak.
Има некое непишано правило дека работнициве по зградиве што работат, ОБАВЕЗНО мора да дофрлаат коментари и да свиркаат. Човек да помисли дека само такви да вработуваат... Од младо до старо. До пред некое време се градеше нова зграда кај мене на улица, а јас во текот на денот минимум 4 пати поминував од таму. Абе ниту еднаш не пропуштија да свирнат! Не знам што не си гледаат во тоа работата. Среќа ја завршија зградата и сега може слободно да се движам. Или па оние што свират со кола. Нема спас. Легендата вели дека некој некогаш стварно фатил девојка на таков начин. Ама добро, секакви има и мислам дека нема потреба, а ни време да се замараме и нервираме за сељачко однесување. П.С. и така се дофрлува и свирка на се што мрда, нема потреба да си ласкате дека сте многу згодни или убави.
Најгрозоморно дофрлање на улица може да ви се случи во Турција. Посебно во таа Капали чаршија и за раце ве тегнат
Мене еден абе девојчиште мори пази кај ојш шо прајш мори? а тој на точак качен господ да чуват и да бранит
Ми се случило. Игнорирам, си поминувам како ништо да не е. Освен кога некој ќе ми дојде и ќе ми рече да се запознаеме. Два пати ми се случило. Со првиот се запознав а со вториот не, го откачив некако.
Тие што дофрлаат за мене се сељачишта. Да се немало ни грам култура. Одамна ми нема некој дофрлено. А ми дофрлаа се и сешто. Манијаци.
Еднаш ми се случи да ми дофрлаат мајстори од зграда , а јас само што земав многу лоши резултати на ќерка ми од Авицена. Како што бев растревожена им изнапцув цела фамилија на глас. И тоа дечишта беа, може 10год помлади од мене.
Сељаци недое*ани. Него имам интересна случка од есента, ми текна штом ја видов темава. Се враќаме со колешки од работа и близу нашата зграда се градеше нова. И нормално мајстори еден куп. И така ние си одиме накај автобуска и почнаа да свиркаат и да довикуваат: еееј девојчиња! Ние ги игнорираме и коментираме колку се сељаци. Кога по неколку метри едната колешка вика абе ми ја нема јакната изгеда ја остаив на работа. Кога се вртиме да се враќаме, глеаме јакната на земја. И се враќаме да си ја земе и тие: еее така нè рецкавте прееска, ние за јакната ви викавме, а вие се праите пи*ки.
Мене во средно ми дофрлаа на улица поради тоа што носев мустаќи, затоа што татко ми ми бранеше да се бричам затоа што уште повеќе ќе растеле. Дофрлањето беше од типот ене го станал од гроб Гоце Делчев и слично. А јас им одговарав со реченицата: Па машко сум нормално е да имам мустаќи, да бев женско и да имав мустаќи па да ве разберам зошто ме зезате. И така мене 4 години како што вика Пантиќ ме столеше бојко за тоа што тие ми дофрлаа.