Затоа е добро секоја девојка да знае некоја боречка вештина. Се кладам дека 90% од таквите свиркачи,миркачи би јаделе ќотек од девојка. Без заби нека свири после
Ми се случувало и ќе се случува и во иднина. Постојат такви чудни ропаци кои едноставно не можат да се контролираат, особено кога ќе видат женско облечена во нешто пократко, тек тогаш одма хормоните им удираат во глава. Еве на пример во петокот бев излезена и имав облечено подолга тесна сукња, aрно ама како што сум идела, не сум забележала дека се подигнала. Поминуваат 3 машки и едниот ми вика: Леле, ја да облечев ваков минич. Како прво тоа беше далеку од минич, али нема везе. Како и да е, ги игнорирам ваквите и одбегнувам да се шетам сама. Во спротивно или јас би настрадала или тие.
Темата имам чуство дека се претвори колку сум убава и згодна, па ни луѓе на улица не се рамнодушни на мене Инаку најсмешно додворување или дофрлување на улица го имам имам видено со свои очи кога на еден дечко му пукна гумата на автомобилот и додека ја менуваше поминуваа две девојки и тој ги праша дали би сакале да му помогнат да ја смени гумата
На ова гледам како начин да покажат како тие се мажи и можат да потценуваат жени кога ке им текне. Само не ми е јасно, ок, ке дофрли, што очекува дека девојчето ќе застани ќе се гушнат и ќе имаат две деца и куче? Дај нека ми каже некој од дофлачиве ме мачи навечер.
Иако ова ми се случува доста често, навистина ми е апсурдна помислата да губам драгоцено време и мозочни ќелии за залудно потрошена ДНК - добиваат третман како сите останати луѓе: Не ги сметам дека постојат на мојата планета
Koga prave nekoja seljacina neiziveana taka samo mu kazam taka na majkati doma u kreveto i pritrae si.
Кај ваквите "дофрлувачи" убавината не е важна. А убавината секако е субјективна. Секојдневно се справуваме со вакво однесување не затоа што сме сите ние (жени/девојки) налик А. Џоли или М. Белучи, туку затоа што оние дофрлувачи имаат некаков проблем или страдаат од "кретен синдром". Whatever, ова не е за пофалби во секој случај. It's boring and sad Инаку порано ги пцуев, сега ги одминувам ваквите машки. И доколку почувствувам потреба си го земам во рака ова "оружје":
Не ги ни погледнувам таквите копуци, испод чест ми е и глава да им завртам а не пак да навлегувам во дискусија.
Пред неколку години во лето баш дента пред првата вечер од пивофест во Прилеп одиме јас и уште две другарки кај друга ја баравме куќата и еден што може дедо да ни биде не' следеше и коментираше колку убави сме биле бла бла. Ама ајде се откачи некако. Потоа кога бев средно си седам во автобус и седна до мене еден човек ме распрашуваше прашања па ми кажуваше кај работел. На крајот ми се доближи и рече „Ако ти прави некој проблем слободно кај мене да се обратиш“ ама ептен creepy онака. Само си ги ставив слушалките и чекав да се симнам. Исто така се има случено да се возиме со другарка на велосипеди и еден шиптар не' следеше со колата. А од кола довикување се случува, најчесто прашуваат на каде е патот за _________ демек не знаат.
Мене ми дофрлувале заради физичкиот изглед. Значи на луѓето им е важно како некој изгледа, дали е дебел или слаб. Ако е некој подебел, одма му даваат помала почит, што не е во ред. Ако си слаб, значи си царот, нели? Стварно не можам да разберам. Ова не е нормален свет, не се нормални луѓе со тоа однесување.
Сељаци бе .. све да им ебам. Кога ќе ви свират свирете им и вие! Така ќе ги збуните. Сељачиња недоквакани се тоа и појма немаат од животот. Многу ги пцујам и во живо онака све по ред и другарите свој ...
Секогаш кога излегувам ако не ми се залепи некој таков што дофрлува или свирка мислам дека нема да заспијам вечерта. Но не обрнувам внимание и се правам дека не ги слушам.
Секогаш имало дофрлување ,порано може и сум се карала а денес дефинитивно игнорирам такво ниско однесување