Кога одев денес, т.е. вчера кај дечко ми, по пат видов двајца машки на мотор. Едниот ми вика - девојче, сакаш да те префрлиме? Јас ги игнорирав и си продолжив да одам. Сигурно мислеа дека ќе им прозборам и дека ќе се качам на моторот.
Денес 2 пати ми се случи тоа! Мразам некултурни простаци! а не им враќам (освен ако дофрлањето не е придружено со допир) од страв, а и не сакам да се спуштам на нивно ниво...
Многу се нервирам кога на улица некој ќе довикува,ќе исвиркува и ќе дава комплименти и коментари. Некои луѓе едноставно неммат ниту грам култура,ниту пак срам. Се прават фраери со тоа што ќе свиркаат кога ќе поминеш и ќе дадат коментар уффф каква п---а е тоа ме вади од такт.Но продолжувам да си одам и не обрнувам внимание зошто инаку би требало да се спуштам на тоа улично ниво.
Значи АМАН веќе од овакви прости, невоспитани и балкански луѓе! Живеам во населба во која живеат доста албанци. Да ти биде страв по леб да отидеш преку улица, а камо ли навечер сама да шеташ.. Секој, ама баш секој ден мора некој да ми дофрли на улица или да свирне или од кола да се дере и 300 други глупости.. Скоро секоја вечер, летово, си се шетав со другарки низ населба. А тие мораа да викнат нешто како: „леле ајде дојди со мене“, „сакаш да се повозиме“.. Значи навистина се многу одвратни луѓево И сакам да кажам дека нема врска како си облечена, ќе ти свирнат и ќе ти кажат нешто, па што сака нека биде
Na svirkanja ne reagiram,no ako nekoj se drzne da mi upati vulgaren zbor ili ,ne daj Boze, da me dopre...eee togash neka mu ja misli! Vo takov slu4aj pcujam duri mozam,a mi se slu4uvalo i da zamavnam po nekoja kloca! Ednostavno,mrazam seljaci,mrazam kreteni,mrazam kvazi-ma4o tipovi i sekoe mashko so dvocifren koeficient na inteligencija!!!!!!!!
Ме нервира тоа мнооогу... А скоро секој ден ми се случува тоа. Најмногу мрзам од трамвај кога ми свират на пешачки ајде од кола од ова она веќе и навикната сум пошто е секојдневно тоа и на сите им се случува. Амааа од трамвај најмногу ме вади од такт
Не реагирам воопшто иако од такт ме вади. Исто ме нервира непристојно зјапање со онаа под мустак насмевка мањачки. Е сега морам да кажам што ми се дешаваше еден период. Еден "господин" онака костумосан, среден, спицкан стил старо швалериште, редовно со наочари за сонце и актовка редовно "ненамерно" налетуваше на мене. И онака тактички иди пред мене демек сме налетале еден на друг, јас одам десно да го одминам, тој негово лево и пак пред мене, и почнува муабет од типот колкава среќа имам јас да налетам на ваква прекрасна особа, преубава си дрн-дрн. Значи ај еднаш, ама типов го среќавав секаде низ ск-симпо, центар, аеродром, клиники...почнав да паничам дека ме следи. Еднаш дури го начекав ноќно време пред зграда кај мене во кола, отвори прозор дали ми требало превоз. Буквално ме фати страв од него. После тоа го немав видено подолго време околу 2-3 месеци, кога го гледам пред универзална негде на партизанска. Иди накај мене и гледам овој пак стара тактика ќе ми прај. Денски беше и еден тон луѓе околу мене, а јас нешто предходно бев изнервирана и пмс плус така да буквално налета типот на темпирана бомба. Пак ме застана на стариот начин, па уште сега и проба да ме гушни. Буквално цел пмс си го истресив на него. Не сум знаела дека до толку знам да пцујам и да викам. Се стрчаја некој луѓе одоколу, а тој почна да бега преку партизанска ќе го чукнеше кола за малце. После ова му раскажвав на некои колешки па дојдовме до заклучок дека и тие го знаеле, редовно истото го правел на повеќе девојчиња. Баш го видов вчера на клиники од тогаш го немав видено, ама си ја научил лекцијата кај мене, ме запамтил, ко ме виде одма смени правец и ја нурна главата надолу.
Мии даваат самодоврба Иако звучи глупо не ми идат на живци воопшто. Мислам сега на дофарлување од типот : Woww.., Види го ова, види што направи, свиркања и сл. Други дофрлување за среќа не сум имала
Ништо. Онака нервираат. Иритираат. Вадат од такт чоек. што да праиш, какви се манијаци нема да сретнеш.
Ах да знае земјава што држи (какви се не манијаци,педофили и психопатски случаи), сама ќе се проголта... Мојава случка ја памтам иако беше пред 5-6 години.. Јас, со уште две другарки си седевме кај нас на улица пред зграда си трачаревме и само слушаме некој свирка цело време испушта некои крици у стил шц, шц девојчиња, се вртиме ние гледаме наоколку и коа гледаме луѓе еден дедо од соседната зграда застанал на балкон (на приземје беше) и се ѕвери во нас и намигнува, се смешка и уште па со раката не вика да дојдеме кај него ДЕДО луѓе!!! ДЕДООО!!! Имаше бела коса и беше цел со брчки - педофилиште!! И ништо фативме штрафта (иначе мали бевме, мислам сеа не баш мали 8 одделение али сепак ) И сеа пак го гледам кога идам до продавница се мотка околку зградата негова ама не ми е више страв . А вака за преку ден на улица дофрлуваат ама, игнор и тераш . Фала богу до сега не се десило некој од таквите коа дофрла да ме допре или да ми направи нешто, ќе лета шамар, или нешто пострашно ќе си добие Акција-реакција
Со другарка одиме накај школо и еден позади нас оди баш како што кажа la-chicka ДЕДО луѓе!!! ДЕДООО!!! не прашува : Абе вие заедно спиете? и јас само го погледнав - Ми се дигна ку*от ЕЈЈ Само поминавме улица , не ни се веруваше што се случи на сред бел ден
Секаков народ шета по улиците на нашата напатена ни,земјичка а да не праам муабет на светско ниво. Шцкање,дофрлање и сл. ставам на игнор,ако се обидам да вратам ми се чини дека со неговиот сељачки менталитет ќе сфати дека ме шармирал Такви ај ќе ги наречам луѓе не можам да речам да не ги приметуваш зашто и да не ги видиш смрдат на сељачко и просотилачко на километар,ама затоа ќе си поминам и ќе им мавнам игнор,што би рекле како низ турски гробишта.
Леле колку ги има во ценнатр, околу ГТЦ..Неколку и на точак. Ми се има случено неколку пати, си одам јас, ќе помине и ќе ми каже „што би ми правел“.. И тоа старци човече
Секакви луѓе има.Дури ми паѓа некогаш многу смешно се прават интересени,демек фраери,а обични сељаци,кои се влезени во филм. Често сум наидувала на такви луѓе па свиркаат,па довикуваат разни глупости,арно ама таквите ги ставаш на игноре и решен проблем. Последно нешто што ми се случи е тоа што бев приморана да поминам покрај една перална и одма тие почнаа нешо леле какво маче,мац мац...Абе се умрев од смеење..кој простатилок Божее...
Пред некој ден одам пеш од југодрво накај Веро Центар, и гледам еден чичко(читај:дедо) затрчан, претрча низ 2те улици пред мене, отиде малку по на страна, си го извади..... и веќе забрзав да го одминам и остана зад мене.... Пред мене идеа 3 девојчиња и почна да вика шц, шц...девојчињава кога го видоа убрзаа и останаа А јас се чудев дека тоа се случи во ПЕТОК кога врие од луѓе во град, сред бел ден, на толку фрекфентно место
^^^ АУУУУУУ болест... секакви имало на светов Мене доста често ми се случува... или довикуваат нешто, или ќе застанат и те ѕверат- свашта. Најмногу ме нервираат оноа таксистине застанале сите безработници и кој како мине довикуваат, безобразни едни.Или кој како мине со кола забележуваш полека оди и те следи, треба да се забранат со закон такви хахаха
Некој живее од возење такси. И сигурно не е среќен со тоа. Мене никогаш таксист не ми дофрлил, најверојатно не сум го провоцирала. Пази како навредуваш ок? Се извинувам за оф топик.
Не не воопшто не мислев да навредувам,,,ајде ќе преформулирам-додека чекаат патници се најчесто собрани по повеќе и секогаш слушам коментари и дофрлувања.Не дека имам некаква замерка за професијата, нели мора нешто да се работи.Тоа е од мое лично искуство.
Ми се има случено многу пати од типот:сссссс,ш-ш,дури и шц дури и еднаш најтрагично од дедо еден гаден и бакнеж ми прати,стварно има лудаци по улица навечер поготово треба да се пази,а најсмешна случка ми беше седам и чекам една другарка и еден дечко седеше карши мене на клупа, и директно ме гледа во очи и ми вика ссссс,мене смеа ме фати и после дофрла леле каква сииии,јас станав страв ме фати и му реков сељак,и после он ми вика што си мислиш ма ти има 100 пати поубави женски од тебе,не си една риба во морето стана и си отиде...јас се изнасмеав...хахаха