Абе тоа е стварно проста работа, и така еднаш со една школска кога си одеме дома, еден тип не само што по4на да ни зборува нешто туку и како да ни се заканувал неш, јас не го видов, се завртив, ама у секој слу4ај проста работа...
Не гледам причина зошто би биле сите ставени во иста кошница. Моја грешка извини. Би ми годело она филмсконо намигнување од некој згоден тип на улица, ама не тоа со кое се соочуваме секојдневно. Довикување, свиркање, додавање некои лоши рими на цел глас, та сите да свртат поглед кон мене, додека јас чекорам со поглед во земја, мразам! Особено непријатно ми падна кога со дечко ми, претходното лето седевме кај мене пред зграда на автобуска и јас лижев сладолед. Поминаа две ромчиња, односно се мотаа околу нас цело време, и се нешто ми потпевнуваа, намигнуваа... Последен пат се соочив со вакво нешто на 03.06. Спојлер Не паметам затоа што сум поласкана, туку таа вечер добив, па трчавме со другарка до кај неа дома по влошки. , се враќаа албанци од митинг и јас бев така стегната. Додуша сликата ја оставив и во модни критики, комбинацијата со кафени сандали, рамбовка и тесни фармерки. Во секој случај, беа сурија од 30 души и ни малку не ми беше пријатно што на сред Партизанска се вртеа по мене, си довикуваа еден на друг да ме видат, и ми кажуваа нешто маче, рибче, ау нога, бла бла бла. После 3 месеци, ова беше прв пат да се соочам со вакво нешто, затоа што поради манијаците кои ме извадија од памет кога си одев дома една вечер, дечко ми секогаш ме испраќа до дома. Секогаш.
Се соочувам со ова секој ден. Не да се фалам, но знам дека кога ќе се скоцкам и кога ќе го осетам тоа задоволство дека денеска/вечерва сум ужасно привлечна тоа се случува и на улица. Ќе спомнам дека понекогаш ми годи, но кога тоа дофрлање или таа гестикулација е онака ајде да кажам прикладна и пристојна. Но додавањата од типот ,,Јао срце,, ,,Како би те истресол,, и сличните на нив ми се многу смешни, јас знам често да им го направам оној некој поглед(имам поглед као мачка) и ќе се насмеам у стил:,,What the fuck?,, и ги снемува хаха тоа пали кај нив Но, морам да кажам дека тие доврлања дошле до степен смртно да ме заплашат, да ме следат коли по улица, да застануваат, дури еден шиптар ми текнува лани коа се враќав од утакмица со татко ми некако татко ми идеше чекор-два пред мене, и еден се дрзна да ме допре за нога пошто проаѓавме поред автобуска, тоа беше врвот на манијачењето што го имам доживеано!
Смотано ми е и крајно некултурно...Еднаш ми се случи еден `фраер` ми довикува : Еј срце,еј срце !!! И му се свртев и ваква : Има да ти го искорнам смотан еден -.- ! `Фраеров` се засрами и го снема...
Дури и на точак кога сум нема мира. Ќе се најде некој `високо` образован човек кој ќе се истакне. А мене веднаш ќе ме штрекне срцето, дека нели сум на точак и одма помислувам да не ми се скинале од позади трењерките.
Мислам дека имам пишано во темава, ама вчера ми се случи нешто што ме изнасмеа. Значи, живеам практично в центар и ретко кога се преслекувам за до продавница. Така и вчера, си тргнав во ептен кратките пантолончиња и гледам едно ѓупче, мало 7-8 години иде накај мене. И ми вика: „Можи да се запознаеме?“ Дете 8 годишно се осмелило тоа да ми го каже, ми дојде да му ја влепам една и да го снема... Му се развикав и ми рече „ќе те најдам пак, знам каде живееш“, ама изгледаше уплашено. Мислам дека никогаш нема да се врати...
За свиркања и дофрлувања обично се правам мутава, демек има некоја веднаш позади мене и за неа е упатено. Ама коли кога свират се вртам за 180, едно од што ми е навика да обрќам внимание на свирки при возење макар што овој пат пешачам, друго од што си мислам некој ме е познал, и ми се има случено во моментот поради очекување да видам некој што познавам, инстиктивно да мавнам рака додека се мачам да видам кој е, за да заклучам дека е тотално некој рандом батка
Тоа многу ме нервира. Навистина е недолично. Ова со намигнувањето ако ти е некој познаник ајде, ама ни виден ни чуен.... Што им е на машкиве во последно време. А најмногу ме нервира и некој да вика по мене , аман мора да се навикниме на овие денешните. Јас искрено ги игнорирам, а баш и некој ако го познавам сврше работа, ќе се разбереме некогаш, но ова последното баш и ми се нема случено да ми се обраќа некој познат со недолични зборови
НАЈСЕЛСКИ ми е тоа.... а нај ситуација што не ја посакувам и за која му се имам налутено на другар ми е кога еднаш возев со мојата кола, а другар ми до мене што седеше се посегна по свирката на воланот да му свири на две девојчиња кои одеа по улица. Ме ,,намести,, како јас да сум свирнал... Заебано е дотолку повеќе што и јас не го сакам тоа.
Да те погледне додека те узминува некој дечко, ама дечко а не старец, онака дискретно би годело. Значи си симпатична, па си го уловила неговиот поглед. А незнам како може да годи на некоја девојка дофрлање и свиркање, еј маче...срце...пс...пс... Само неизживеани така се однесуваат. А инаку од старци што дофрлаат на девојчиња, погрдо нема и ми се грози од нив. Педофили...
Ехеее јесам ли ја чаирски продукт или нисам? На дневен ред беше - женска! Ш’ц м’ц! Шо се цепаш ма? Леле дупе! И слично. Море и сега се случува да довикуваат да не речам, мали копиљи (се извинувам за зборов, ама многу ми е смешен морав да го употребам) Многу ми е поинтересен моментот, кога излегувам дотерана, особено во пократко хаљинче или сукњиче, и ако има дечки кои стојат пред влез, обавезно замолчуваат и ме следат. А јас гради пред мене, исправам грбчето, со благо фрцкање а сепак достоинствено се симнувам по скалите. Еј не знаете кои молитви си ги кажувам да не се струполам во штиклите пред нив Јас би рекла - дофрлување на улица, повторно македонштина. Ама ништо не сте доживеале се додека не сте ги доживеале Арапите во Франција Еве Жоел има живеено и мислам дека голем дел од вас има престојувано во Франција нека ми потврдат. Ма се осеќате ко у амерички гето филм - жими све. Само не рипа кадилакот туку пежото до вас, ве следи во чекор, во француски сленг типот од колата ви довикува - mais vas-y oh bebe! t'es vachement ravissante oh, vas-y entre! И не е ни најмалку пријатно, ниту дига самодоверба ниту се чуствува девојката поубаво. Напротив. Понекогаш знае да е ептен здодевно
ова ми е крајна некултура и невоспитание од страна на препрости машки кои само довикнуваат, како куче кое лае, а не каса. ау, ама ме нервираат, не се ли гледаат бе колку се ниски????
Ми се случува секоја вечер кога ќе излезам : се ѕверат како луди, свиркаат од кола , праат фаци за ВЛЕГУВАЈ .. мене тоа ме асоцира на сељачишта прва класа
Многу лоша и непријатна активност за доживување, а кога е истата направена од чичковци/дедовци од 50+, е тогаш е веќе Градов ни е преполн со вакви манијачишта и сељачишта. И најтрагично е што не мора некоја девојка да биде дотерана и скоцкана за да и свиркаат, дофрлуваат и којзнае уште што....Има и такви што дофрлуваат на девојка облечена во најлошата можна комбинација за по дома (читај: исфлекана маичка и истегнати тренерки, најверојатно облечени за правење „генералка“ по дома) која се симнала на 23 секунди до продавница да купи тоалетна хартија или средство за чистење. Аман више од ваквите, нема спас од нив.
да, баш така, и мене ми се случило пр. да претрчам до в продавница `приоблечена`, а некој простак ми довикува како да сум мисс
И мене ми се има случено и во тренерки да сум. Најчесто од типот „мала убав задник имаш“. Ми се има случено и во автобус да ми свиркаат: Многу ти убаво стои униформата“ но многу посељачки изрази. Лек?-Едноставно ги игнорирам.
ми се случило , грозни ми се тие недолични довикувања на луѓе постари од 40 год манијачишта, кљошари .. и некои помлади сељачишта кога ќе ми свирнат .. одвратно
Ми се има случено да свиркаат и да зборат као еве ја таа..пошо живеам во таква населба и не ми е нешто чудно..ама не реагирам и гледаат не сум заинтересирана си поминуваат..за разлика од една моја другарка она мора да се закачне со нив без низ што се вика денот не и почнува..
Каква култура,бонтон??? Секоја чест на фини и културни луѓе,ама тие се ретки.Тие другите јас ги викам ШТИРАЦИ