Во основно постоеше едно непишано правило: Само курвите се вртат на свирките И јас секогаш внимавав да не се завртам А јас како што се фрцкав во осмо, никој така не се лигавеше. Ако бев мочла, тогаш ми свиркаа повеќе од сега Пред некој месец кога се враќавме со другарките од кафичот, такви целите накитени и пицнати, некој ни свирна. Ние сите автоматски се свртивме ( изгледа јас сум го заборавило правилото) и има што да видеме, едни пијани, стари мажи како хистерично се смеат. Курви сме бе
Во Македонија до сега не ми се случило нешто вакво, но додека бев во Италија.. значии.. немаше ЦРНЕЦ да не дофрли! Ептен беа досадни.. Каде и да поминеш каде и да одиш тие секогаш свиркат.. посебно кога си во фустан
Лелее како само се нарвирам така...Еден тип до скоро време свиркаше,коментираше пред неговите другари "Еј таа ке ми е идната женска" бла бла..додека не му го долепив средниот прст пред фацата и тоа пред сите негови другари,сега кога ќе ме види главата надоле и врти од другата страна..
Sekako deka ni godi kompliment, no od bliska lichnost koja ni znachi, a ne od takvi koi dofrluvaat na ulica i se nepoznati.. (ova vazi barem za mene..) I mene mi se ima slucheno i ne mu se sekiram, si prodolzhuvam
И тоа како...Едни работници на една куќа што ја градат само чекаат да поминам и да свиркат или да речат,,Моми,моми " Јас само ги игнорирам и си го продолжувам патот. Фала богу ја изградија куќата и си отидоа!
Mи се случува многу често тоа и останувам рамнодушна на секакви коментари се додека не ме закачаат. А сум имала и случаеви да тргнат да ме следат,да почнат некаков глуп разговор со мене гледајќи дека не ги забележувам и во тој случај навистина не знам како да изреагирам. Сепак само главата горе исправена и што побрзо чекорам кон дома!
Мислам ние тука рекорд водиме. Луѓе ако ми верувате, не ми се оди пешки никаде. Навистина е многу просто, ниско.. култура на нула. Комплимент?! Во таков момент.... да не речам како се чувствувам. Одам по улица, некој од страна ми вика: Срце застани, да ти правам ова, да ти правам она.. и јас да си се смешкам, да ми годи тоа ?!?! Yeah, sure. Еднаш, се враќам навечер сама.. и блиску до моето маало, оди еден позади мене со кола, споро... свирка од таму, дофрлува нешто. Јас како ништо да не се случува, продолжувам понатаму. И тој, се качува на тротоарот, ми го попречува патот со колата, излегува надвор и ми вика: Ајде бе срце, влези. Да, прекрасно се чувстував во тој момент. Jesus. И продолжив јас понатаму, а тој влезе во колата и пак по мене оди. Среќа бев блиску до дома и во едно тунелче се пикнав, немаше каде со колата да влезе. Од тогаш со такси редовно си се враќам. Тука во моево место на живеење е така. Кој сака нека ми рече, ама 99,9% од тие што ми дофрлуваат се албанци. Покултурни се нашиве. Точка.
со тоа дофрлање и свиркање тие само си ја покажуваат личната култура и домашното воспитување и мислам дека девојките не треба на тоа да реагираат (не треба да се паѓа на ниско ниво и некултура). секој со понашањето си зборува за себе,а ако не реагираме на таквото довикување со тоа докажуваме дека не ни се обраќаат нас......и се извинувам ама мислам дека не е комплимент ако те понижува и свирка ако сака комплимент да ти даде може да ти се приближи и културно како на дама да ти се обрати.... а не од 1 метар далечина да се “дери“и довикува....
Или ќе речам сељак или си продолжувам ко ништо да не ми дофрлил...баш пред некој ден со другарка ми испаѓаме и минеме покрај едно место каде што работници чекаат автобус за на работа...и овоа сељациве имаа отприлика 30-35 години и свиркаат и дофрлија уште нешто...само се свретв и им реков сељаци и ништо не рекоа.
Не верувам дека постои девојка на која што и се нема случено ова. Мене, исто како на повеќето ми е ужасно, крајно сељачко и некултурно, но мавам игнор и си терам. Среќа, не сум имала некои ептен упорни типови што ме следеле, што правеле фаци како они црнечкине Get in the car, baby! и некои опасни стари типови на кој што им бара таквото младо месо. Коментари, предлози и слично, имало и ќе има. Непристоен и затуцан народ, тоа е..
баш преѓе ни се случи со другарками.Ние си седиме тие упорно се вртат и не гледаат некои манијаци.. и не ми се случува прв пат ги има многу!!
Секојдневно. Порано не ми сметаше, ама сега страшно ме нервира кога некој што поминува со кола го крши вратот по мене, свирка или слично. Му покажувам среден прст. Спојлер Ако ми се врати некој некогаш ќе ми каже среден прст
,,зад добар коњ прашина се креват,, што ти е гајле ако го искршит вратот и плус ако му стискат нека се вратит за средниот прст ! Главата горе и напред нека си ги искршат вратовите !
нешто што највеќе ме нервира,е деф.ова.често ми се случува,порано многу се замарав,се нервирав,и такви ствари,али сега кога дофрлуваат не ни им обрнувам внимание,едноставно како не биднало ништо,најубаво е така,а не ќе се замарам ќе трескам глава со непотребни личности
Исто како ништо да не ми рекле, не ни се вртам кој ми викнал да видам, ни кој свирнал, сеедно ми е, немам време за небитни личности.
Повеќе пати ми се има случено ова,и ми е крајно некултурно,ниско ..па не паѓам на нивно ниво да им обрнувам внимание..им ставам игноре
Денеска пишти телефонот морам хитно до банка ... И јас таква трчам по дома прво што ми дојде облекувам косата во едно издание феншн тв со антени на сите могучи страни , цвиките на мене и одам по пат а потечена абе џоа бумбар . И таква ем нервозна ем брзам и туку застанува еден тип ми вика еј плејбојка сакаш да го познаваме ? Сваки коментар е сувишан ама Плејбојка бе ? ! ? A јас си мислев најхит дофрлување кое некогаш ми намениле ќе ми биде Љепа Брена
Јас на ваквите свирежи и дофрлувања не обрнувам внимание, исто како да не кажале, како да не свирнале. Инкау како не сваќаат дека тоа е толку ниско , толку.... немам зборови