Дохрана за новороденчиња од 3 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од eleonoramardzieva, 11 февруари 2014.

  1. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Дали некоја мајка му има давано на своето 3 месечно бебе некаква кашичка. На другарка ми една аптекарка и кажала дека има каши од 3 месеци па нагоре или дека дома може да му даде печена или варена јаболка , печена тиква и варен гриз со 1 лажица мармалад од слива или смоква ама само по 90-100 гр дневно.Вие мајки искуство совет?
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.134
    ние му дававме печена јаболка на внук ми може и варен гриз или мелен ориз а за тиква не сум слушнала не знам :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.933
    Допаѓања:
    50.049
    Пол:
    Женски
    Гриз и ориз на мало бебе :x :o :tmi: Вие знаете што му прави гризот и оризот на мешето на бебенцето? На една ФБ страна има ваква дискусија. Абе дај ве молам. Кога ќе набубри тоа гризот, пред спиење, простете се од спиење таа вечер. Инаку дохрана се почнува со сокчиња, прво малку сокче од јаболче, па од морковче, па нешто друго... Откако ќе навикне вкусови се иде на кашички и тоа овошни па зеленчукови. Инаку во кашичките од 4 месеци и месо има, во сокот лимон, во чајот има јагода.... :x
     
    На SimonaTino и joy1 им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.751
    Допаѓања:
    254.562
    Пол:
    Женски
    Osven.sto ke im napravite.stomacni.tegobi I alergii nisto dr nema da postignete so prerano voveduvanje hrana.Zosto brzate tolku?Oriz pa uste u griz na samo tri meseci.I sestrami davase od 4 meseci se bez red I sega vnuk mi so godini vlece strasna alergija
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    RHS го напиша ова денес
    Ти пишав на другата тема. Мало е бебето за да му се дава каши.
    Ем ќе го мачи стомачето ем ризично е заради алергии и чуда.
    За да заработат пари компаниите се ќе измислат.
    Не дека нема мајки што би дале кашичка на толку мало бебе ама јас мислам дека е многу многу рано.
     
  6. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    330

    Боже, Господе, прости им не знаат што прават!!! :envy:

    Молим те уште еднаш прочитај што ви рекла апотекарката дека може да му давате на бебето...

    -печено јаболко
    -варено јаболко
    -печена тиква
    -варен ориз со ЕДНА ЛАЖИЦА МАРМАЛАД ОД СЛИВА ИЛИ СМОКВА

    Значи неписмена да беше таа госпоџата и немаше да ви ги наведе овие работи бре алооо!!!

    Одете во еден обичен маркет и видете ги кашичките од ХИПП пошо тие се најдобрите кашички според мене и видете што се дава на бебе од наполнати 4 месеци. Ќерка ми има 6 месеци и сеуште е само со овошни кашички иако почнавме со дохрана точно на 4 месеци. Дури сега почна да јаде по цело тегле малечко тегле овошна кашичка која е 120гр.. а таа вас ви рекла 90-100гр да му давате на бебе од три месеци?? Боже страшно!!!

    Кога на бебето ќе почне да му се даваат кашички се почнува со кашичка од јаболко или со сокче од јаболко... во една недела не треба да му се мешаат повеќе од 3 вида овошје. Едно овошје се дава три дена за да се види дали ќе има некаква реакција бебето од храната..

    Јас на моето сеуште не му имам дадено ориз ниту пак тиква.. ќе почнам за некое време иако на кашичките од хипп на оваа возраст можеш да му даваш и шпагети болонезе што за мене е некако претерано..

    Не брзајте со кашички и не се водете по тоа што ќе ви речат другите докторите, апотекарките, интернетот.. баби, тетки, стрини.. сами најдобро знаете што е најубаво за вашето бебе.
     
    На Mari* и captivating им се допаѓа ова.
  7. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Од која возраст давате печена јаболка? Еве и на интернет има рецепти за кашички за бебиња од 3 месеци
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.751
    Допаѓања:
    254.562
    Пол:
    Женски
    Elena изгледа си упорна со воведување дохрана и.покрај се што напишавме :) инаку јаболко во прв пат дадов на 4 и пол месеци
     
  9. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Prasavme pediater i ni rece deka po 1 lazicka do 2 na den ne se nisto moze da se dava za poleka poleka da se privikne ama da ne se mesa hranata ako davas jabolka samo jabolka 3 dena pa samo sliva 3 dena i se taka
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.707
    Допаѓања:
    74.573
    Пол:
    Женски
    Елеонора, не се брзај, остај си го бебето нека си пие млекце,неможам да ве резберам што брзате толку :^) денес сите лекари препорачуваат доење или ад до 6 месец а од тогаш па натаму цврста храна. И со млеко ке си напредува ич да не се секираш, ќерка ми до 5,5 месеца беше само на доење,ни вода ни нешто друго до тогаш имаше пробано освен млеко. И не за друго и цревцата не им се развиени како што треба, кога ќе ви плаче ќе се чудите од што. Јас ти давам совет како мајка а ти како сакаш :)

    П.Ц. - И да си го смениш педијатарот :hai:
     
    На gelkaa и captivating им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Гледав пишува на кашички 4 и др броjки нагоре...кажете ми дали тоа значи птимер 4 ка се дава откако ке наполни 3 месеци или полни 4 а влегува во пети?
     
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.753
    Да Сноу, полни 4. И не брзајте се со дохрана, си има време. И почнувајте со кашички, а избегнувајте сокови. Мал совет од странски предијатар. Оти ќе се навикне на течната структура на сокот, а истата кашичка може да ви прави проблем да не ви ја јаде после.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Eve da spodelam nesto so vas . Snaa mi ima 2 deca na prvoto dete nisto ne mu davase osven mleko do 6 meseci i so dohrana pocna otkako lekarot i rece znaci strogo se pridrzuvase na soveti od lekar a ne na iskustvo od majki. I vnuceto nisto ne jade sega se broi na prsti sto jade.A za vnukata pocna so dohrana od 3 ipol meseci i sega devojceto ama bas se jade. Inaku nam maticnata ni rece deka moze da se dava dohrana po 1 dve lazicki da vkusi deteto od se da se privikne poleka poleka .
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.707
    Допаѓања:
    74.573
    Пол:
    Женски

    Абе ти што сакаш прави , има искусни овде на форумов па од искуство ти кажуваме. Тоа што на снаа ти децата едното јадело,другото не јадело, си зависи од детето,можеби тоа што почнало порано си е едноставно јадежливо има деца што не јадат и кога ќе пораснат такви ќе си бидат. Јас ти пишав дека цревцата не му се развиени,ќе има тегоби,може и некоја алергија да добие , нема зашто да се брзаш , на бебе до 6 месеца само млеко му е потребно ништо друго. И ќерка ми до 5,5 месеца ништо не јадеше друго освен млеко и кога почнав да и давам кашички си јадеше се,не сум имала никакви проблеми , едното со другото нема врска што имаш пишано погоре оди прашај друг педијатар да видиш што ќе ти каже ;)
     
    На Lolipop23, girl-miri, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.753
    Аманте бре мајки. Не ви е од тоа што на бебе му се јаде, ами од пусти мерак. И јас имав мерак-ГОЛЕМ, но си цицаше до полни 4,5 месеци, па тогаш почнав со по лажичка две воведување вкусови, а пак гледав млекото да му биде во прв план.
    Имавме предавање од специјалист за храна, насочен особено од 0-5г старосна група, и советите беа следниве
    -Со полни 4 месеци може да се почне со пробување вкусови-не замена на оброк, вкусови
    -Главен акцент на доење(многу го форсираат доењето, дури и по 2 капки да имаш да му ги даваш, па ако -се замени на Ад и тоа во случај да не напредува на килажа)
    -Сокови да се одбегнуваат, туку свежи овошни кашички со поразредени, да се навикне на текстура
    -Вода воведување кога ќе се почне веќе со замена на оброк, или ако е на Ад но само после полни 3 месеци

    Е сега како вам лепо така. Не дека нема да преживеат ако им дадете или не дадете. Ама оти бре оти да се форсира од егоистични потреби? Јас бев прва меракливка, прво дете сакаш се наеднаш, ама не иде тоа така. Бев многу само свесна и најваќно будно ја следев секоја промена кај син ми, и тој сам ми кажуваше со напредокот кога е време за што.
    Многу беше напреден, секој месец до полни 7 минимум по 1,5 кг ставаше ама му одеа во висина плус од мало беше активно дете. И со дохрана почнав да заменувам оброк со 6 месеци, оти му се јадеше. Беше активен, трошеше енергија и увидов дека е време. Не сум го форсирала никогаш да јаде, колку сака толку, па макар и повеќе пати по помалку. Сам од 7 месеци пробувше и учеше да јаде, со 6 месеци веќе џвакаше парченца и полесно си извади заби.
    Еве ви најдобронамерни совети. Како за и на свое дете да ги давам. Бидете искрени со себе не мора пред нас, дека вам така ви одговара и ви е мерак а не од што самото дете побарало.
    Извинете за долгиот пост, но морав да реагирам.
    И само уште ова, секое дете е приказна сама по себе, различно и индивидуално, со свои сопствени потреби. Следете ги макар и најмалите промени, самото дете ќе ви покаже што му треба.
     
    На elena.mak, girl-miri, Glasna и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Женски
    Jaс до 5 и пол месеци го држев на екслузивно доење, а потоа почнавме со компирче, па морковче, па слива, па јаболче. Се само по 3 дена, па потоа комбинации. Зеленчукот со мое млеко го блендирам, а овошјето со водичката во кое се варело. Не би почнала порано од 5,5 месеци. И тоа ми беше рано, сакав до 6 да биде само на доење, ама пустото почна само да бара, да мљацка кога ќе седневме ние да јадеме и да плаче да седи со нас на маса, па го сфатив како знак дека е време :D
     
    На Mari* и joy1 им се допаѓа ова.
  17. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    1.853
    Кога бевме на вакцина педијатарот ни рече за 2 недели да почнеме со сокчиња прво а кашички после 5 месеци. Сега имаме 4месеци и 1 недела
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Искрено ми настана проблем, ми прекина млекото ;( и се си мислам дека АД млекото не му е доволно...па се мислам за едно 10дена да почнам со кашички тогаш ќе имаме 3 месеци и 3 недели
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Ах мила,и јас веке две недели(може и повеке)немам млеко и малата е на ад млеко,но еве последнава недела ја гледам како да не е доволно најадена.
    Ја ставам и на града ама немам јас ни четвртина од тоа што треба,жал ми е многу :(
    Али сепак мислам.дека е рано за дохрана од 3 месец,нека стигне барем 4месец,вие сте близу 4 па ако ти советува педијатар почни со дохрана.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Snow ако не му е доволно зголеми на количина, барем 4 полни треба да има за дохрана. А и секако се почнува со неколку лажички, не е дека ќе го најаде тоа.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.