Зошто би сакала да го добиеме пакетчето....бидејќи месецов ми започна со награда па така продолжи е сега така и нека заврши пакетчето има продукти кои ги јадат и големото и малото, ќе бидат бескрајни радсти, има ли подобра причина од детската радост?
Оууу, интересна тема за пред спиење. Зошто сакаме ваков убав подарок? Мислам дека оваа фотка доловува сЕ. Синко и уште еден синко. Едното веќе може да ги јаде кексите, смоките и Линоладата, другото е на пат и едвај чекаме и него да го честиме со Лино кашички. Ех со Чоколино сум растена, а сега малиот мој е кристална моја копија па не ја завршуваме неделата без да се почестиме со него. Флипсот што јас си го викам смоки редовно ни е закуска дури лудуваме низ дома. Мечето е супер супер слатко, ако не ни се падне нас сакам некаде да можам да го купам. Кашичките ги користевме неколку месеци, особено оние со јаболко и слива. Кога имавме проблеми со какањето, тие ни беа прв обид за решавање на маката, зошто не сакаше чиста слива. Барем нешто позитивно да донесе несоницата што ме мачи деновиве . P.S. Заборавив на Лино Кокос. Фантазија. Кој пробал, знае!
Моето синче порасна со производите на ❤️ЛИНО❤️ По примерот на бато сега и мојата ќеркичка пред 2 недели почна да јаде кашички и прва кашичка ни беше ЛИНО јаболко потоа пробавме и ЛИНО марелица, а другите кашички уште ги немаме пробано бидејќи има 4м и две недели. Среќни сме што постојат кашичките ЛИНО кои се достојна замена за природно подготвена кашичка. ❤️
Искрено не сме пробале сеуште ништо од производите на Лино. Но, признавам мојата дохрана почнала со овие производи и затоа би сакала и моето маженце да си ги вкуси
ќеркичката порасна со лино кашичките беа превкусни дури и ден денес си купуваме по некоја ручка исто така и смоките ги обожава штом ќе го види меченцето скока од радост го обожава и мислам ќе биде пресреќна ако го добиеме на поклон го обожава и кремчето со прсте сама ручка. Најубави производи и највкусни за бебиња и дечиња дефинитивно пробано
Denes prv pat dadov karamelino mesano so ad mleko. Ne mozev da vervam deka ke trca po laziceto. Mislev deka keksolino ni e omileno ama sega imame nov omilen vkus. Karamelino. I jas bi izela cela cinija, prevkusno!
Кога се спомнува Лино, кај нас дома се мисли на чоколино. Син ми е веќе голем, десет години, и се уште знае да се запне Чоколино да му се купи. Го јаде со сласт, дур да трепне човек. Тој израсна со производите на Лино, најмногу користевме Лино бисвити, мелени и за грицкање, ги обожаваше. Чоколино секако, Медолино, Кексолино,Фрутолино, Рижолино, и подоцна крем Лино и Лино корнфлекс (ќе ме извините, сум подзаборавила како им е правото име)Секоја година си добивавме календар. Е бебушка сега не пробала се уште ништо од Лино. Чоколино покрај бато не ни бега. А кашите не сме ги пробале. Ако имам прилика ќе ги пробам. Претежно готвено јаде, а најчесто кога имам зорт за каша купувам од аптека и искрено не ми поминале низ рака за да купам. Бидејќи секако прво пробувам јас, па после бебуш, штом пробаме ќе пишам мислење.
Gi molam idnite dobitnici na paketcinjata dokolku vo niv ima proizvodi sto vasite deca ne gi jadat da me kontaktitate. Ima majka so dve deca normalno i tatko, koi ziveat vo Skopje a nemaat pari i pomos od nikogo. Slucajno doznav za nejziniot slucaj dodeka ja barav da ja prasam kade da gi ispratam rabotite koi taa gi sobirase za druga majka. Ne e postot za tuka znam ama ne znam kade da napisam. Eve konkretno za lino dokolku majkite koi ke dobijat poklon imaat nesto visok neka mi pisat ke vi dadam adresa na koja da pratite.
Те читам и се смешкам бидејки и јас се зареков ако случајно добијам иако не сум ксметлија дека производите ке ги делам со јатрвами она е невработена маш и само работи и има плата 15000ден , а имаат три дечиња. Не дека јас сум по моќна финансиски и јас не работам али немам три мали устички за ранење.Туку само една.
Na nikoj ne mu e lesno. Jas se sto imav i dadov. Hrana za bebe, kozmetika, cucli, kebinja, ograda za krevetce, vreki za spienje, bebeska obleka 6+, trickl, dubak, kolicka, secko. Eve ako nekoj saka da pomogne so ova se obezbedeni. Ama hrana sto e mozno poveke za bebeto barem. Pak tie site so eden rucek ke pominat ama toa malecko samo sto pocnalo da jadi... zatoa pisav.
Извинете вака што се мешам на тие што посакуваат награда, ама Лино ќе добие најмногу афирмација кај членките на форумов ако пакетите Лино ги донира на мајката со три дечиња за која пишува @TheEkaterina, или некое друго семејство со мали деца на кое му е потребна помош
Tocno. Jas ako dobijam i go davam na majkata od Skopje. Denes prativ paket so obleka i hrana za bebenceto i taka cela nedela ke prakam po nesto.
Јас мислам најдобро е адресата да се даде и од лино ке увидат најдобро што им е потребно исто и на нас можеш да ни ја дадеш секако ако сакаш па некако на некој начин да им помогнеме. Немора да се готови каши ако немаме и кило банани да им се однесе од помош е.
Da sekako. Sekakva hrana im e od pomos. Samo ne bi ja pisala adresata javno sepak e forum i site sme pod nekoe ime skrieni. Moze vo pp na site koi sakaat da pomognat. Sepak taa e skopje polesno vi e vas od mene. Jas po posta i prakam.