Во Веро пред некој месец имаше како промоција со купени две кремчиња мислам имаше лино мече и стикери не сум баш сигурна али знам внуками ја носеа мојте и сега си го има меќето дома. Јас баш сакав да одам но беше сезона на витуси и со бебушот ми беше страв.
Во поголемите маркети го имаше како гратис, а јас го гледав и во помалите локални маркети, каде не го ни очекуваш. Многу беше слатко мечето. Изгледа ги изнакупија за брзо. Побарај во некој од помалите маркети ако има останато нешто.
Jas fala bogu dosega osven corapchinjata so lino drugo nemam sretnato. Ajde ke izbaram utre ili ke prasam dali imaat.
Ние сеуште ги користиме и нема ден да помине без Лино оброк...пораснавме со Лино производите,сега ни се омилени Чоколиното и Лино јаболко Фамилијарно ги обожаваме
Значи Лино бисквитите ви се топ, имавме за роденденот торта за бебе од лино бисквити и банана, децата големата торта не ја помирисаа, цела ја излапаа бебешката, а богами и бебе си касна. Сега баш ќе јаде ужинка од лино флипс, две парчиња му се доволни нему, таман да се учи да грицка а немаат ништо некорисно во нив, се е за него и неговата возраст. Браво за овие два производа.
Ајдееееее чекаме награди!!!!!! Поинтересно ќе биде ако давате награди и повторно отварате нова тема за дискусија, вака без нагрди се нема мотивација за коментари И малку повеќе информации давајте за производите пр. Податоци од спроведена анкета,традиција на ЛИНО, најпродаван производ за претходна год. Ај да не ве учам сега! Направете да биде по интересно ! ЛИНО подароци започнале во 1979 год. Кога за првпат е подарен ЛИНО календар Традицијата продолжила и секоја година ЛИНО дели подароци
Na koja vozrast pocna da mu davas smoki i biskviti? Golemovo gi jade ama ne znam koga da pocnam na maloto da mu davam inace uste malku 8+ ke sme.
Јас на моите 20 и кусур години си купувам Лино бисквитки и чоколино ,му купувам и на внучето и заедно си јадеме .Пораснав со овие производи и традицијата ќе премине секако и на моите деца
После годинка дадов смоки, ама не Стоби флипс туку смоки бебешки, Лино флипс, само пченларно брашно и вода, нема ни сол, ни шеќер, ни емулгатори ни боја ни ништо. Ама јаде пример две смокички на ужинка. Бисквити дадов некаде после 11м, исто Лино бисквити, најмалце се благи и најмногу ги прифати. Купуваме 2 пакетчиња бисквити, кесички се, за цел месец, пошто бисквитите му се баш онака оброк кога не знам што да дадам, не му се редовен оброк. Тортава има две шаки бисквити, една банана и малку јогуртче, во блендер да се измеша убаво и на чинија декорирав со кремсир и банана изблендирани, додадокв малце боја за да е вака плаво. 5мин работа.
Значи у Рамстор нема мече Лино, САКАМ МЕЧЕ ЛИНО! Кажете кај да набавам, бетер од децана сум, ич не ми текна да видам во Веро. Само чорапки си купив со каши. Дајте ми мече ќе плачам! АКО СУМ ПОГЛАСНА ЌЕ МИ ДАДЕТЕ ЛИ? По толку напињање на крај бебево мое од мука први зборови ќе му бидат "МАМО МЕЧЕ ЛИНО ДАЈ"
Пред месец ипол сум пишала прв пат ... Секој момент ќе се породам со второво, можи и со него со дохрана ќе почниме а наградиве уште ќе чекаат