Нормално е да се двои од стоење. Кај зеленчуковите маслото се двои. Лето/зима не би требало да игра улога - летно време се климатизирани објектите, а зимно загревани.
@didisi кашиве Био на Дм и Бејбилав се супер само нема кај нас мног избор, Алнатура имаат доста избор на зеленчукови. Некако ми се посигурни и од Хип а и составот им е супер. Јас за бебка само од нив земав кога бевме излезени инаку дома си приготвував. Според мене Нестле никако зошто се Гмо и може да се тешиме само дека не се, Бебивита и фрутек со шеќер накрцани. Само Холе доаѓа во предвид и горе споменатите на Дм. @orhideea сите кашички имаат горе слој ко водичка, ако датумот е во ред немаш потреба од грижа, за сигурно прво пробај ти па ќе видиш.
Денеска земав зеленчукова каша на Фрутек 8+ м, ставив во тањирче, стоплив и почнав да и давам на малата. Кога почна да прави грозни фаци, да не сака да јаде... па ај вода викам да не сака, кога почна да пие како да не видела, мислам во еден здив 100мл испи.. Пак давам од кашава, пак мрштење ептен, па ај викам чекај да пробам што толку грозна Кога пробав, се запрепастив, не знаете колку беше солена!! Одма станав, отидов да видам убаво во составот, пишувало дека има сол Ама тоа сол леле мајко... Обично така вонредно земам на Хип, ама се излажав неколку пати на Фрутек зимам... што ке беше ова со сол толку Сте купувале од овие на Фрутек?
Јас се "излажав" зедов две на фрутек кашички. Имаа интересен состав. Грозје, црешички... вика без шеќер се. Ама пустото уште не сум дала Читај декларации обавезно!
Мислев дека во бебешкиве во ниедна дека нема сол Особено 8+ кашиве... Напред битно пишале без додаток шекер, без глутен
Има Мариз и во Хипп има во некои. Затоа читај декларација. Мене Фрутек не ми се уште убаво проучени. Не дошле на ред.
Нас ни донесоа во некој подарок и фрутек круша, ама ни јас не сум ја дала. Се некако ја одбегнувам. Ја прочитав, вака ок е. Ама....
не им верувам многу на српскиве каши ... подобро не ,,, а и по препорака на педијатар намаливме со готово каши бидејки сепак имаат конзерванс ... природно подобро сами дома да си правиме кога можеме
Јас ја земав, ама одма си земав и тиква, тиквица, компир. За секој случај. Уште не сум ја дала, се од "проверените" давам.
Мирисаше кашата? Јас за на одмор сакам да земам некои зеленчукови, па се мислам што се да земам... а мирисот на некои неможам да го поднесам