Оваа со болоњезе е фаворит меѓу бебињата Се сеќавам и внук ми кој сега е 7год, и ќерка ми ја лапаа во еден здив
Денес успех со дм кашичка - зеленчук со просо Кашичката е 8+, па има мали парченца морков. На дунде не и сметаа
Мојава телешко морков и ориз ја обожава. Утре ќе ја давам таа со јогурт и спанаќ. Таман се разјади страв ме фаќа да не не ја сака. Тие на Хип во кутија не ми ги сака . Мене лично ми се преблаги.
леле какви спомени ми се навраќаат..најомилената на ќерка ми беше оваа. и ноќните со гриз и бисквити..
Дај ја, ете и ќе воведеш. Јас оддамна давам домат, ама по малку и само во манџа, така да 10% ќе е тоа Не, бидејќи не сум вовела маракуја, не знам ни кога се дава ако ти си вовела/воведуваш дај слободно и пиши дали е вкусна
За оваа каша ли пишувавте болоњезе дека е омилена за бебушите? Ја купив прв пат па ќе пробам да ја дадам.
Е како може домат, шпаѓети, месо 4+ Баш ќе ја купам, ќе видам и состав ако е ОК ќе ја нудам, па ако ја бендиса бебе 3пати ќе му ја принесам на одмор
И јас вчера ја меркав ама не ја зедов. Читав состав бебе не стоеше и заминав. @orhideea пушти состав.
Колку што разбирам пишува дека има сол. Сега незнам дали да ја дадам или не? Немам уште сол воведено а не сум ни во план до 18 месеци. Совет?
Се може кај нас. Не се чуди , куп има со месо 4+,5+. Ако тргнеш по нивните декларации може бебе одма се да јаде.
Овде немаат. Оваа е прва каша со сол што ја купувам. Сепак решив да дадам. Изеде 2 лажичина и замина цела во канта.
Можно е да има исти кашички, а различно означени. Тоа е заради тоа колку фино е блендирано. На ДМ имам кашишки исти. Едната е 4+, другата е 8+. Во таа 8+ има парчиња морков. Другата е фино блендирана.
Полни се со шеќери. Не давам и не планирам да давам. Бебе е годинка. Луѓе кога идеа да го гледаат бебе еден куп вакви донесоа, и кога ќе речев дека не му давам вакви леле ама погледи. Ни јас не ги јадам многу се благи.