И мене ми беше чудно што се 6+ и чоколадни Таа во аптека ми вика многу ги земаат ме убедуваше ама не давам
Ја дадов јогурт и спанаќ. Бебе гладно виде каша мафта со рачината, приба се гади, пишти па пробува гладна, сака да јаде , нагони за повраќање вкус одвратен текстура никаква... се на се катастрофа. Ајде брзо отворив телешко и се најаде. Утре ке ја измешам со к.млеко,да видам дали ќе јаде.
Не ги сака кашичките каде доминира морков и се осеќа само вкус на морков. Рака на срце и ние не јадеме морков и чат пат грашак. Не знам што е работава со морковот?!
Мојава се вцрви во образите од хип со телешко, компир, морков и пченка. Дома и ја немав дадено. Ја земав за на одмор. Таму прв пат ја проба. Среќа не и одеше баш, малку касна.
Колку време ги користите кутиите готови каши? Имам ориз и просо по холе и пченкарна од Хипп? Ги чувам затворени со штипки во кутиите во фрижидер? На тие без млеко пишува 3 недели од отворање а на таа млечна со просо пишува две недели Јас мислам дека тоа е прекраток рок ,нема шанси да се расипат толку бргу а нема шанси ни да ги потрошам кога бебе ги јаде како додаток по 2-3 лажички во оброк. Бебеето ми е пребирливо и ги јаде исклучиво овие бидејки се инстант и со мазна текстура а и мене ми одговараат бидејки не сум љубител на готвење иако за син ми правам обиди.
Траат подолго време. Пример јас оризот го трошам за месец ипол-два и не го чувам во фрижидер туку во фиока и ништо не му е. Дури беше помала сигурно и три месеци сум трошела една кутија.
Тие што се без млеко ги користам додека не потрошам. Ништо не им е. И тоа не чувам во фрижидер туку во плакар, затворени со штипки.
Внимавајте со ноќните кашички на Бебелан. Во составот стои дека имаат јајца. Не траги од јајце, тука јајца. Баш чудно.
Од пакетчиња ми се собраа над 20 каши. Загледав една шпагети болоњезе на хип 4+ пишува, но вика може да содржи траги од јајца. Може да ја давам? Или да почека за покасно? Малиов е 9.5м (7 корегирана), имам воведено глутен и жолчка, а домат исто преку Хип кашичка 2 пати пробал. И да додадам бебе прв пат да отвара муцка на купечка каша така, и прв пат околу 150-160гр. за доручек да изеде, Круша со интегрални житарки на Хип. Шо му дојде да се чудиш.
Јас ги давам тие дм био и babylove. Био се и двете и имаат различни комбинации на состојки за разлика од хип и холе. Во последно време и повеќе нив ги користам бидејќи само они имаат 250 грамски.
Јас вчера земав една зеленчукова една овошна за проба. Најдов некоја стара статија од 2018 годона дека биле повлечени па се замислив затоа.