Давав кога беше во фаза на нејадење, па една тегличка отварам и давам по два три дена соодветно колку може да стои отворена. Денес се е загадено и прскано, што нема разлика од домашна до купечка во поглед на квалитет, домашните само во вкус се различни, купечки само неколку комбинации се. Да да, така правев и јас.
ја барав специјално темава само за да напишам колку се разочарав од хип - ај да биде органско зедов кашички не се загледав и не ми се верува дека дури во тие што се за од 4 месеци има додаток шеќер како е можно?? во Германија 100% сум сигурна дека сите се без шеќер.. а колачиња купив исто 6+ си реков се со засладувач максимум (дали грозје или јаболко концентрат итн) - не, и тие со шеќер.. мака ми е што се продава на нашиот пазар, а скапи се и ќе речеш најубавото го купувам.. следен пат само од holle ќе барам мислам таму ќе нема вакви работи?
Сите купуваат хип.Јас само ДМ bio и babylove bio. Во составот пишува дека нема додадени шеќери, а во табелата исто пишува колку шеќер содржи. Кога прашав ми кажаа дека нема додаден шеќер, а тоа што пишува колку шеќер има во табелата е шеќер природен од овошјето.
Ne sakam da bidam pogresno svatena samo sakam da go izrazam moeto mislenje i iakustvo so gotovite kasi Pred izvesno vreme bev vo Makedonija i kupiv nekolku kasicki na hipp, lino i fruktal i se zaprepastiv od kvalitetot na istite.Hipp bea najsolidni od site ato gi kupiva ama sepak ne so isti kvalitet kako sto se tuka.Lino kasi edni so zelencuk i so meso kupiv tolku retki nikakvi od efnata so pilesko i neznam sto drugo imase vo sostavot deteto po saat vreme tolku obilno mi povrati kako nikogas dotogas.Od fruktal isto imav zemeno nekolku ovosni slicno kako sok da bese.I se prasuvam dali nekoj kontrolira sto se se prodava na pazarot osobeno sto e nameneto za bebinja.
кашичите ај, а бисквитите? од 6 месеци..ах и плус сега гледам со палмино масло.. битно органски и јас би купувала подобро од ДМ следниот пат, само што нема во многу градови сеуште.. или од holle
Истите ги имам земено во австрија и гермнија со ист состав. Составот крш! Едит. Тие 8+ што се се без шеќер
Кашите од ДМ ми се пар екселанс. Малиот ги сака ептен. Кога одиме негде му земам и ги крка. Како одат месеците нагоре така се наоѓаат кашички и со парчиња и поголема грамажа. Со деметер квалитет се плус. Имаат супер конзистенција и оргинален вкус. Башка што има премногу избор. Дури и Холе ми ги надминаа.
Здраво мајки, само што купив кашички на Holle и читам на кашичката дека треба да се подготви со две лажици масло, да се загрее. Колку што знам ниедна купена кашичка не се приготвува и затоа ми е чудно. Искуство да има некоја мајка, да ми објасни? Фала
Да не е утната декларацијата, јас колку што знам зеленчуковите само се загреваат. А не се приготвуваат додатно
Како се снаоѓате со 11м бебиња за кашички? Од 8+ на хип има избор 3 вида од кои 2 со риба и 1 моцарела и шпагети... не е дека често ги јаде ама обично за викенд сме излезени и проблем ми е тие за 4+ или 6+ не го држат а да не зборам дека дали 10% има месо кашичката пошто е ипак за помали бебиња...