Количина на почетокот по неколку лажици, после постепено даваш толку колку што ќе сака бебе. Околу 100 мл се смета за оброк
Холе некна ми се расипа кашата, целата беше вода, а во трговски центар бевме стоеше во торбата некои 2 часа. Да бевме надвор на сонце ај, ама вака чудно. Не би зела повеќе
Здраво, ај совет околу воведување месо кај бебе. Синко е 5ипол месеци, веќе имам воведено оброк и бебево ми е обожавател на храна воедно. Но имам впечаток дека јаде само тоа па тоа. Знам дека препораката за месо е после 6 месеци, а гледам од каши на хипп има од 4+ со месо. Дали сте дале, кога почнавте? Идеја за храна зеленчук да е, има пробано брокула, морков, компор, тиквичка, грашок.
Јас се давав Модар домат, домат(без љушпата), кромид(во секоја зеленчукова каша ставам), батат, спанаќ, леќа црвена, целер,пашканат,цвекло, блитва можеш, карфиол. Ориз,пченка,хељда,просо,овес итн. Месо од 6м рано ви е уште на кашите пишува 4+ зошто има компир или ориз кои се од 4 месеци па затоа и пишува така плус и текстурата е различна по течна е да кажам за разлика од другите.
На кашите бројката не е спрема намирници дозволени, него дека текстурата е таква да одговара на месеците на бебето. Пр. 4 месеци е сосема мазна, 6 месеци има ситни парченца како ронки итн.
Zdravo Sakam da mi kazete iskustva kako e podobro za pravenje kasicki so racen blender ili obicen sakam da pocnam so voveduvanje na vkusovi i neznam kakov da kupam
Рачен користам за овошје зеленчук топ е. За каши со месо во нутри, ама вчера еве правев и таква со рачен супер избленда. Имам на филипс обичен 1500ден
Општо на хип кашите сите му прават запек. Индивидуално е кај сите, моето уште од помало имаше проблем со поспори цревца па сфативме дека хипот уште толку му отежнуваат. На одмор сме и чат пат шмукалки ужина си јаде хип и еве на 3 дена е едвај излезен тврдо, а со домашни секогаш по 2 пати дневно. Скоро во сите има некое оризово зрнесто брашно.
Мајки, кашичката на hipp good night е 190г, дали целата треба да се изеде или е многу? По колку јадат бебиња дневно? Бебе е скоро 9 месеци.
На 8 и пол колку што имате, нормално е и цела да ја изеде и пола. Ако сега си почнала да воведуваш. Зависи колку е гладен.
да, па секогаш јаде различно. На пример за доручек цела банана ја јаде, ручекот зеленчук варам и тоа некогаш убаво јаде, зависи што има. Некогаш од доручекот само пробува неколку лажички и толку. И затоа ме интересираше која количина е доволна одприлика за сите три оброка.