Па треба да јаде 190-200гр по оброк, препорачливо е. Е сега не се роботи, не јадеме и ние секој ден иста количина.
Моево периодов успевам да и стрпам некако по 120-130 грама за доручек и воведувам ручек полека. Гледам дека со таа количина е најадена, не бара млеко дополнително до следен оброк. Околу 10ипол јаде доручек и после до 14:30 не бара млеко, јас ја седнувам за ручек па штимнува малку без форсирање и остаток дополнувам со млеко. 190 и се многу, нема шанси да изеде толку. Не знам дали моето дете е вакво и се најадува од малку или треба да и форсирам поголема количина. Исто и млеко не пие многу по оброк, макс 120мл.
Тоа е океј. Чим јаде, они препорачуваат толку зашто трошат премногу, активни се. Ама доволно и е и толку. Не може сите исто, еве вчера 100гр за доручек изеде со молење, ама за ручек па 220гр. Секој ден различно, чим почнала да јаде, нека ручка колку сака.
Не ја форсирај мојава има и доручек и ручек, најмногу што има изедено е 180 грама за доручек, ручекот е околу 140грама а доручек обично јаде околу 150. Не сака повеќе а ја држи сита
Доручекот денес цела голема тегличка од 190 ја изеде, ќе видиме за ручек, во глобала секогаш различно јаде. А само на Ад сте? Колку шишиња пие?
И моево денес изеде ручек 130 грама, за доручек 120. Инаку 4 или 5 пати пие ад во текот на денот. 7 сабајле кога ќе стане, па во 14:30 ама сега тоа и го кратам полека со воведувањето ручек, околу 17ч пие ама многу малце 90 најчесто, па во 20ч за заспивање и си бара во текот на ноќта едно околу 2ч.
Бутам на сила, инаку нема интерес да јаде и не отвара уста сама. Откако ќе протнам лажиче некако во тоа запечатеното муце и држам брада со надусница да голтне. Во меѓувреме татко и се треска од земја и она му се смее па така добивам простор да избутам нешто. 80% од будниот прозорец е јадење кај нас. Неќе храна и точка.
Јас во спиење му давам околу 23 и до сабајле спие до кај 6-7 претежно. А пред тоа има вечера околу 19-20 зависи.
На бебе од 5 месеци колку оброци му давате?? На сабајле не ми сака баш да јаде. На доење сме сето ми е измешано немам ред. После кашичка сака чај и по еден час да цица не знам оти така. А од кашата не сака повеќе пробувам ама почнува да плачи. Купечки каши за почеток е океј? Какви давате вие пробав хип и холе
На 5 месеци нема оброк ако сега почнуваш со вкусови. Таму накај 6 ќе те фати оброк, доручек да има. Сега вкусови испробуваш. Океј е со купечки, јас така почнав.
Едуцирај се малку повеќе за дохраната. Нема оброк на 5 месеци, тогаш допрвин пробуваат по неколку лажички па после понудуваш вода, па доење. Нема што да ти е измешано сите што дојат вовеле храна, не гледам како е тоа пречка. Не брзај да даваш количински и не го налевај чај и не давај на сила. До 1 година млекото е примарен извор на нутриенти и калории за бебињата. Кашата не е замена за цицање на 5 месеци. Сосем нормално си бара подој после 1час.
Колку повеќе од кашата? На 5м е толку, пробување вкусови по неколку лажички. И зошто чај? Не му давај, нема потреба. Штом си почнала со вкусови, нуди водичка.
Ве читам дека на 6+ воведувате и ручек. Што давате @baguf4e вие сте малку големи од нас, 6месеци и 11дена е. Како @Lady Maria и мене ми е некако се измешано и не знам колку правам исправно. На некој начин воведов доручек дали е само овошје, или овојше/зеленчук, или житарка/овошје мешам кога јаде кога не зависи, не форсирам. Не знам дали да почнам со млечно да пробува или месо... скроз сум изгубена некако.Зеленчук скоро и да не сака ништо цица и вода давам по малку друго ништо. Ми е страв да не намали на килажа
Јас имам пишано. Додека пробуваше вкусови и воведовме доручек мешав во тој еден оброк и само овошје и овошје плус житарки и овошје и зеленчук. Потоа на веќе воведени додавав само плус вкус. Кога веќе дефиниравме појадок и ручек засебно, овошје ново давав со доручекот, зеленчук/месо со ручекот. Ако пример воведував кајсија, таа во доручекот неколку дена, ручекот со веќе пробано. Ако воведував грашок, доручекот со испробани вкусови, новото во ручекот. Не намалував количина или само вкусот посебно. Почна да јаде на почеток 100+ гр, мала каша, веќе ја сметав за воведен оброк. После и до скоро 200 гр стаса ама по некое време тоа.
Јас давам за ручек телепко, ориз, компир, морков, тиква, путер несолен, тиквица, модар патлиџан, брокула.. си правам комбинации. До сега тоа имам воведено, еве денес ќе и дадам телешко, компир, морков и пиперка ќе воведам.
За старт колку телешко, не верувам дека одма би изел количина ама да измешам пр 50гр со веќе пробан зеленчук(тиквица, компир) и водичка што се варело месото така може? Дали сте пробале некоја купечка кашичка со месо и зеленчук Леле бе оти ми е се комплицирано не сум единствена нели
Земав со пилешко месо на Холе, ја дадов со компир и морков и не ја сакаше воопшто. Ја мешав со банана и слива, јадеше зеленчук не сака детево. Се чудам како ручек ќе воведеме.
Пак јас 50гр свежо, околу 30гр иди варено. На почеток сигурно нема да јаде толку. Купечките каши сите ги проба ќерка и си јадеше од сите. Во главно тие се со ептен мал процент на месо ама за воведување може да ги користиш.